Есен-Зима 2013/14

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Snow-Queen, 8 септември 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.960
    Пол:
    Женски
    Дојде време и за оваа тема :)
    Есен - зима 2013/2014

    Кои се најпопуларните трендови за есен 2013
    Погледнете кои трендови ќе бидат најпопуларни во месеците што следуваат по летната сезона.
    [​IMG]
    Од волшебна зимска бела боја па до смарагдни нијанси на зелена боја, од едноставни широки панталони, па до екстравагантни палта – според она што може да се види на модните писти оваа есен ќе биде и повеќе од интересно. Oсобено доколку сте девојка која што ги следи трендовите.
    [​IMG]
    Во кратки црти, главната работа која треба да ја имате во предвид што се однесува до најпопуларните трендови за следната сезoна е следнава – инвестирајте во облека која ќе биде впечатлива (на пр. некое екстравагантно палтенце како на сликата горе), но не забораајте ги и вашите симпатични плетени капички. И секако, оваа есен треба да посветиме поголемо внимание на класичните принтови...
    [​IMG][​IMG]
    Што се однесува до боите, како што веќе рековме - оваа есен треба да експериментираме со сите нијанси на зелената боја. Но, не треба да заборавиме и на следново:

    БЕЛО!
    [​IMG]
    Ако оваа пролет во прв план беа веселите бои, шарените дезени и цвеќињата, според она што беше претставено на модните недели, во наредната сезона белата боја ќе биде една од најприсутните.

    Таа многу лесно се вклопува во секоја сезона, па токму затоа нема да биде изненадување доколку се најде и на самиот врв во есенската идила.

    ПЛЕТЕНИ KАПИ
    [​IMG]
    Па ова е тренд, кој едноставно не може (а и НЕ треба ) да се прексокне. Ве советуваме да ги носите во сопствен, оригинален стил – без разлика дали одите кон вашата канцеларија или на некоја коктел забава, симпатичните плетени капи можат совршено да се вклопат во различни комбинации.

    Кога е овој тренд во прашање не треба да заборавите дека контрастите можат многу да допринесат за вашиот шик изглед.

    КЛАСИЧНИ ПРИНТОВИ
    [​IMG]
    По неколку години владеење на дигиталните принтови, дизајнерите решија да се вратат на основните класични принтови.

    ЧИЗМИ ДО НАД KОЛЕНА
    [​IMG]
    Следејќи го пролетниот тренд кога во мода беа сандалите до над колена, оваа есен и зима на нивно место ќе дојдат чизмите. Иако на многу девојките чизмите до колена можеби им изгледаат „премногу“, ве охрабруваме да го испробате овој тренд, бидејќи станува збор за урбан стил кој едноставно мора да се проба.

    ВИСОKИ ЈАKИ
    [​IMG]
    Тренд кој е многу практичен, особено кога температурите ќе паднат!

    ЗЕЛЕНА БОЈА!
    [​IMG]
    Зелената боја е „официјална“ боја за есен 2013. Од смарагдната до војничката зелена боја, постојат совршени нијанси за секоја есенска комбинација.

    Но, ова веќе го знаеме, нели? :)

    ШИРОKИ ПАНТАЛОНИ
    [​IMG]
    Панталоните со истакнати шари конечно можат малку да одморат. Панталоните кои ќе бидат модерни оваа есен се пошироки и далеку поскромни. Модерниот крој е тесен кај глуждовите и висок на половината. Комбинирајте ги со високи потпетици, чантичка со средна големина и едноставен топ...

    ЕKСТРАВАГАНТНИ ПАЛТА
    [​IMG]
    Екстравагантни палта и мантили во сите бои и димензии што можат да се замислат, го преземаат местото на модниот елемент кој досега најмногу привлекуваше внимание – високите потпетици! Причините поради кои овие палта се хит се истите како и за високите потпетици – тие можат да го променат вашиот изглед и да ве однесат на следното ниво во секунда!

    ЕТНО ЕЛЕМЕНТИ
    Екстравагантни палта и мантили во сите бои и димензии што можат да се замислат, го преземаат местото на модниот елемент кој досега најмногу привлекуваше внимание – високите потпетици! Причините поради кои овие палта се хит се истите како и за високите потпетици – тие можат да го променат вашиот изглед и да ве однесат на следното ниво во секунда!

    [​IMG]
    Етно елементите повторно се модерни. Мотивите кои се рачно направени изгледаат урбано во есенските колекции, особено кога се наоѓаат на црна позадина. Искористете ги овие неколку слики како водич за овој тренд.

    ЗАОБЛЕНИ РАМЕНИЦИ
    [​IMG]
    Женствени и модерни, заоблените раменици се тренд кој одлично функционира на различни нивоа. Почетниците можат да изберат спортска маица со спуштени ракави, на средно ниво може да изберете „cocoon“ капут, односно поширок, неструкиран капут кој се стеснува кон долниот раб, а на напредно ниво трендсетерите можат да пробаат коктел фустани со истакнати ракави.

    Без разлика за што ќе се одлучите, ова е шик тренд со кој можете многу да експериментирате.
     
    На feminium, hermosa и mKdevojce им се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    не ми се допаѓа ништо од она што го гледам деновиве како есен 2013 и тоа воопшто не ми се допаѓа
    се ми е некако пролетно,белата и другите така нежни бои кои исто така ќе бидат ин , ме потсеќаат на пролет, а темните оние тмурни зелени и бабински розе/лилјакови бои-за зима 2013 пак се прича за себе, поодвратни нијанси здравје


    аа да и широките панталони
    [​IMG] :puke: :puke:

    и така јас годинава ќе си одам со ланската гардароба :tmi:
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Феминиум, стилот е вечен, модата е привремена, не се секирај ретко кој мења целосно гардероба од лани до годинава, помалку или повеќе се носи тоа што си имаш со нешто ново.

    Зимава гледам многу пастелни бои провладуваат кај дизајнериве, не само на хај-фешн туку и по продавнициве доста бела, крем, нежна сива и бургунди од лани влече тренд па и годинава гледам е актуална.
    [​IMG]
    Освен бугунди доста зелена и темно сина, пикокс, и виолетова, мислам дека нема голема промена од лани.
    [​IMG]

    Мене најмногу ми се допаѓа оваа нејви блу, стандард боја ми е за во зима и есен не само оваа година барем ќе има поголем избор во продавнициве
    [​IMG]
    Егзотични крзна за љубителите на крзна
    Твит(Tweed)
    [​IMG]
    Kaрирано
    [​IMG]
    1940
    [​IMG]
    Машки крој
    [​IMG]
    Потоа многу различни принтови(барокни, детски, војнички), оуверсајд облека(ракави и на рамењата), кожа итн..