Големо ДА за најпрекрасната боја - бордо. Со задоволство ќе го исполнам плакарот со парчиња во таа боја. Убава е, бидејќи дури и на есен носи живост во плакарот - нема да се само кафеави и црни парчиња, очајно потсетувајќи на зима и студ. Што се однесува до војничкото, никогаш не ми се допаѓало, не ми се допаѓа ни сега.
Преубави комбинации Снол Многу ми се допаѓаат овие бои, темно плаво, зелено и црвено и со задоволство би си купила некое парче во овие бои, посебно со бордо- трула вишна боја
Се имам од сликава,само уште бордо џемперчето фали... леопардсково ме излудува. А богами и нокти такви ќе си правам
Заборавив да кажам дека леопардски принт воопшто не сакам. Никогаш не сум носела нешто во таков стил ниту мислам некогаш дека ќе носам.
И јас имам се од сликава,само уште џемперчето и чантата ми фалат Инаку прекрасна комбинацијава,ептен ми се бендиса.
Јас есенва ќе си купам црвено мантилче и ќе им кажам чао на црнилата! Или евентуално кремаво, ќе видиме, битно сакам бои на мене. Одамна избегнувам да носам црни работи, има тооолку убави бои на светот, не би се затварала со таа. Нели, поштувам црни работи што се класика, салонка, сако, панталона, капут (мада што и ова би во боја да имам) дека тоа повеќе ќе се искористи така, ама ич не сакам цела гардероба црнила да ми биде. Овие анимал принт порано не го поднесував, а летово многу почна да ми се допаѓа. Си купив ваква марама од Бугарија, леопардска, како ќе легне со црвено мантилче, крем оксфордка, фармерчиња и кафена ташна, мммх!
Bојнички панталони никогаш не сум носела, нема ни сезонава да биде исклучок, па колку сака модерно нека е. Истото се однесува и на леопард/тигрест принт, тоа не можам ни да го гледам не пак да го носам. Oгромно да за бордото, јас просто зашеметена сум. Jа терам мајка ми едно џемперче за кое имам визуелна слика во главата дека постоело и ни се мотало дома - да ми го пронајде, а она не ни знае дека постои. Mорам да купам блуза, панталони, каиш или чанта во таа боја, морам. Cамо едно од овие ми е доста, за повеќе од кладилницата ќе барам. Kошулите со интересни јаки исто ми се допаѓаат. A кога видов дека модерно било и ова: ме фати една смеа, јас дома имам мал милиони сакоа кои кога ги пробувам по дома, личам на наврната мачка. A тоа во мода да ти било. Mоден тренд: наврната мачка. Oф леле. Aкцентирање на половината со колан, пак се врати ова. Oдносно, никогаш не ни поминала модата на ова. Да за тенките колани во беж нијанси, колани во форма на плетенка; HE за огромните колани со уште поголема тока, мислиш се стиска желба на нив, или ко другарите роми со испишано име на нив ко подвижен билборд. Hе знам како би ми стоело, не сум пробала, но од мене да за едноставен пеплум фустан, нешто налик овoj: Aко е со огромни фалти и набори нешто налик тул, тогаш во никој случај.
Mnogu dobri kombinacii mi se svigaat site, a bordo obozavam preubava boja i uste denes ke odam da baram da si kupam nekoja kosullka ili sako so borda boja
Имам слично како белото само што моето е црно,преубаво стои со фармерчиња јао брате сите се вртат по тебе
Иако не ми се омилени годишни времиња, сепак есеско-зимските трендови отсекогаш ми биле омилени. Што се однесува до есенската гардероба веќе почнав да купувам некои есенски парчиња од кои ќе го издвојам палтото вчера што си го купив, бордо боја.