Естетска корекција на уши

Дискусија во 'Лице' започната од andrijan4ee, 25 април 2010.

  1. andrijan4ee

    andrijan4ee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали знае некој да ми каже колку чини естетската корекција на уши?
     
  2. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    11
    еееееееее тоа и мене ме интересира :D и ја имам проблем со тоа али појма немам колку кошта
     
  3. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    2.201
    Negde okolu 200evra e znam edna drugaraka ima prasuvano za operacija i tolku bese 200
     
  4. karanli

    karanli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Мислам дека е евтино во споредба со други естетски зафати и е доста едноставно колку што знам зафатот не треа многу и истиот ден те пуштаат дома. Најдобро нека пише некој што правел таква корекција најдобро ке ти објасни тебе и на сите заинтересирани.
     
  5. gurgica

    gurgica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    opracijata na usi e oklu 200 evra najskapo.Inaku kako sto mi imat kazuvano mnogu bolelo na toa devojcite duri i s vrskalo od bolki :( ali sto e toa e ke se istrae bolot dokolku sakame ubavi usu ;)
     
  6. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    11
    хммм боли??? :sweat: :( :( па не ја прават операцијата со целосна анастезија??? :worried:
     
    На Ana.hb му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gurgica

    gurgica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2

    Da ja pravat taa opracija so celosna anastezija no po operacijata dosta bolelo bar taka mi rekoa :)
     
  8. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    и јас сакам корекција ама незнам како дали ќе ме боле па кој има повеќе информации за целиот процес нека пише
     
  9. meganfox

    meganfox Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    и јас имам слушнато дека многу болело опреција на уши :(
     
  10. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Абе ајде не го плашете девојчето,исто викаат и за нос дека ништо повеќе не болело од тоа, и една моја другарка правеше операција на нос,бол ми кажа апсолутно ич, баш никакви болки немаше.Мислам дека се тоа е индивидуално, секој различно поднесува болка.
     
  11. kalinaka

    kalinaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Јас имам правено операција на ушите... Беше многу одамна и бев помала, па затоа незнам да ви кажам колку чини...

    Операцијата ми ја правеа со целосна анестезија, истиот ден ме пуштија од болница, воопшто не ме болеше, беше само зезнато што 2 недели главата ми беше замотана со завои, па намерно бирав да е зимно време за да можам да носам капа... Воопшто не се каам што ја направив операцијата ушите ми беа голем комплекс, единствена мана е што имам лузна, ама позади е и не се познава, а и немора да значи дека ке остане лузна и сестра ми има правено и не и се познава ништо, а инаку на неа и ја правеа со локална анестезија, ама исто така немаше никакви болки (што да правиш цела фамилија клемпави :D )
     
  12. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    на клиника пред извесно време прашав, ми рекоа во зависност од направениот преглед ја одредуваат цената,но не би требало да биде повеќе од 8000 ден. со плав картон и упат.Ми рекоа и тоа дека зафатот најдобро е да се изведе или во пролет или во есен кога темпераѕурата е 15 или помалку степени.
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.609
    Истиот проблем го имам..а страв ми е да се оперирам :sweat: :worried: :worried:
     
  14. medicinarce18

    medicinarce18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    hah =] ne se plasete ... tocno cini 18 000 denari (mislam deka bese tolku) ne sum pravela no sum bila na praksa tamu (moj omilen oddel i idna profesija se nadevam) posle operacija usite se mn mn oteceni i kje bidete sokirani od toa kako vi igledaat :) no potoa kje vi bidat super...za bolka ne se zalat mn ali sepak e operacija i normalno e da se ima bolki =]ali ako ne ti se mn klempavi ne se podlozuvaj na gluposti =]
     
    На love-222k му/ѝ се допаѓа ова.
  15. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    43
    18 000 ???!!! :o :o брејјјјјј па скапо е бе значи ке мора да чекам да се вработам за една година па сама да си платам :(
     
  16. net-tet

    net-tet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Корекцијата на Ушки е една од најлесните и наједноставните во естетската хирургија.
    Не е воопшто болна ни страшна.
     
  17. sunny

    sunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    EEE i jas go imam problemot so klempavi usi,am uste nemam prezemeno nisto :D
    Dali nekoj ima info na koi kliniki pravat operacija,nekoj konatkt mail i tel.broj od doktor,kolku vreme odnapred treba da se zakaze i slicno......i dali znaete da se pravi operacija vo drug grad osven vo skopje
     
  18. viljuska

    viljuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Me interesira dali so operacijata na usi moze da trgne nesto pogresno?
    Edna moja drugarka pravese estetska samo na ednoto uvo i nedela dena po simnuvanjeto na zavoitte uvoto pak i se vrati vo starata polozba, kako da i se otkaci :) Kako e mozno?!
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.718
    Јас имам правено ваква операција ама пред 12 години :) ја правев во зима, точно еден месец пред мојот 18ти роденден и иако ни кажаа дека ќе кошта 400 марки тогаш, бидејќи не бев сеуште полнолетна ми земаа само некоја смешна сума, 400 денари ако не се лажам. Не знам денес дали важи истото.
    Инаку се препорачува ваква операција кога е поладно, мене ми ја правеа со локална анестезија - ме намачкаа со нешто и ми ги покрија очите со газа да не гледам, битно све ги слушав што коментираа :)
    Две недели имав завој, на два пати се преврзува, т.е. еднаш го менуваат. Првиот ден после операција се најголемите болки, ама без гајле се издржува ;) нормално уште многу долго ќе спиете на грб од пусти страв да не ги извиткате ушињата ама тоа е нормална реакција.
    Битно резултатот кога ќе се види после тие две недели, кога прв пат ке си фатите репче....епа си викате - вределе сите болки за ова :) поготово што човек стварно непотребно си набива комплекси а оваа операција е стварно наједноставна, така да нема простор за двоумење.

    Ако имате некоја од вас уште некакви прашања - бујрум ;)
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.718
    Виљушка, не знам како е можно да и се откачи увото?! :) додуше зимоска шетав без капче на минус милион, и ми потече едното уво, и се исплашив дека ми е повторно клемпаво. Се јавив на лекар еден и истото го прашав, дали може да ми се вратат после толку години ушите во првобитна положба ми се изнасмеа, вика логично е дека не можат бидејќи самата операција се состои од тоа што ти сечат парче кожа позади и го сошиваат увцето, така да нема што да се откачи :) Да не и било потечено па да си мислела дека се „откачило„?
    Мислам дека нема толкав простор за компликација. Едино зависи од тоа како се клемпави ушите па да не ги направат ептен исти. На пример мене едното увце ми беше ептен исправено, клемпаво, а второто не...и ова поклемпавово ми е мааалце поинакво од другото, ама разликата не се забележува од прва :)
     
    На love-222k му/ѝ се допаѓа ова.