Operacijata na usi e vsusnost otstranuvanje na visokot rskavica.Tie sto imaat klempavi usi vsusnost imaat pogolemi rskavici.Vo globala celata procedura e stavanje lokalna anestezija,premackuvanje so betadine,rasekuvanje na usite,secenje na visokot rskavica i zasivanje.A doktorkava sto me operirase neznam kako uspeala i so koj pamet na levoto uvo da go zasie pozadi kako dodatok delot od rskavicata koisto go secela,i plus da mi go precvika gorniot del od uvoto,i da mi go zategne poveke od desnoto,nemozev luge niti kosa da stavam pozadi uvo,niti naocari,niti nisto,plus grozno izgledase,plus bolki nenormalni,i otidov povtorno kaj istata da si koregira i samo go otstranila toj del rskavica sto mi go sosila plus,i nisto drugo ne iskoregirala povtorno i do den denes mene levoto uvo mi e precvikano i pozategnato od desnoto,a desnoto ostaveno malce taka klempavko da recam,plus seuste cuvstvuvam bolki vo usite od vreme na vreme,i nemozam ubavo da si nalegnam na strana koga spijam,plus kako loso mi gi imaa staveno zavoite od niv na celoto mi ostanaa 2 luzni dupki,i plus so zavoite mi go imaa precvikano dolniot del od desnoto uvo,pa sreka primetiv i butnav prst nekako go ispraviv.A za bolkite sto gi pretrpuvav minimum mesec dena posle operacijata nemam zborovi da opisam horor A i da ne zaboravam koga mi gi vadea koncite edni 2 sestri glupaci kako na najgolem neprijatel mi se sipaa tegnat pustat,neznae sto pravat,mene me boli od fatile me tegnat se cudat use komentiraat kakvi se ovie konci kaj se vadat? pa sega videte kolku strucni bile i tie,mozebi na mene se ucele [mod-kirilica:179pwjfm][/mod-kirilica:179pwjfm]
Здраво на сите И јас сум заинтересирана да правам операција на ушињава иако доста се плашам, али морам некако да се охрабрам и да го сторам тоа годинава. Па да ве прашам за препораки за доктор/ка? Гледам низ интернетов се вртат неколку имиња, др. Добре, др. Даскалов, др. Туџарова (мислам), и ординацијата на Анчевски - др. Јане работел таму, али некои луѓе пишуваат позитивни коментари, други негативни... па ако знае некој нешто за нив, нека пише
Прашање за тие што веќе ја имаат направено корекцијата, после колку време можевте да ставате обетки и да носите очила и колку време спиевте со стегачот навечер?? Благодарам однапред
Ke носиш стегач додека си дома, кога излегуваш надвор или било каде ако ти смета можеш да го тргнеш. Очила можеш да носиш нема никаков проблем. После операцијата после 10 дена ќе ти дадат крема со која ке мачкаш позади ушињата секако кога имаш време тоа е за твоја заштита. Јас ја направив операцијата пред недела дена сега сум супер кој има прашање слободно нека ми пише. Инаку платив 3800 денари, смешна цена според мене. Поздрав
Ја направив во Штип на ОРЛ (уво, нос и грло) презадоволна сум си ја носам врзана не болеше воопшто вреди да се направи. позз
Моиве ушиња се онака, средно големки. Не се клемпави и залепени се. Само имам еден проблем. Оној дел каде што се закача обетката, мислам дека знаете за што ви зборувам, најдолниот дел ми е одлепен од кожата. И сега ми штрчи. Треба само да се пришие некако, да се залепи ли и супер ќе ми бидат ушињава. Можен е ваков зафат? И колку би коштало? :geek:
Кај доктор Темелко ја направив операцијата. Може и таков зафат би коштало многу малку 2000 највеке мислам
Леле девојки ме изнасмеавте Без навреда,но кој ви ја кажал таа информација дека може да се залепи уво со операција??? и на кој начин се изведува тоа и со што?? Колку што јас сум информирана од доктори хирурзи лично,и читано воедно и правено операција 2 пати,значи не се залепува нешто,туку се сече позади увото се вади дел од вишокот на рскавица и се шие со медицински конци.Има конци коишто ги вадат после одреден период и конци коишто сами пагаат после друг период.Единсветно залепување на уши што го имам слушнато и не верувам дека е вистина е дека на некои манекенки коишто имале клемпави уши за на ревии им ги лепеле со секундарен лепак ова од некои трачарски муабети го иам слушнато Кој може да си дозволи да си се оперира за било што не само за уши да оди кај Доктор Огнен Даскалов нема подобар од него дефинитивно
би сакала да направам ама страв ми е од анестезија и тие такви глупости и болка мене ми е смешно кога го кажувам ама незнам после овие ваши коментари некако ме охравривте освен тоа јас да појдам и да речам ќе правам ќе ја направам као демек од инат си викам : ‘‘што не претрпе а ова па?‘‘ или пак ‘‘ајде уште малку и готово е‘‘ ете тоа . е сега сакам да прашам дали на возрасните како што разбраф нз кој пишуваше музика незнам таму што и муабет потоа прочитав подолу дека на помалите тоа го правеле со локална анестезија дали може тоа да ми го кажете. Осеќате болка за време на операцијата? и такви слични прашања бидејќи пробувам да го кријам ушето а имам скоро така наречено ‘‘совршена‘‘ коса долга виткана и многу ја чувам многу ми е жал затоа што неможам да ја фатам во репче и замислете полошо ми е уште толку заради тие маатури полуматури многу сакам да имам убава фризура а не сакам ушето да се гледа..тренирам исто така ракомет и морам косата да ја чувам врзана па ставам стегач јас сум единствена и ми се плаче веќе од тоа ... ајде ве молам објаснете и тоа што побрзо да го завршам :/
Може ли да ми кажеш нешто подетално за операцијата? Како ја закажа, отиде ли на преглед, колку пари, како и со што ја плати, после операцијата дали смееш да излегуваш по надвор или не...? Ве молам напишете бидејки морам да го решам овој проблем...Благодарам.
Јас сум во план да ја направам летово, се надевам нема да има проблем бидејќи некој на темава рече дека е најдобро да се прават зимно време операцииве. Неможам да се одлучам за доктор, ама мислам дека ќе биде Даскалов. Колку време трае целосното опоравување?
На колку прегледи отиди пред да биде извршена операцијата? Јас не сум од таму, па сакам да знам колку одприлика би ме чинело.
Само на еден преглед отидов не чини многу за двете ушиња 3800 денари не боли воопшто кој сака да ја направи да не се двоуми. По операцијата можеш да излегуваш од дома ако сакаш. Јас читајки на форумот добив храброст дома почнав да им зборувам и што ќе прават попуштија сега сум пресреќна некој може да ме исконтактира со порака може дури и на фб да се најдеме. позз
Здраво. Имам закажано преглед за естетска операција на уши во воена болнца кај Ванче Стефановски. Ќе може ли некој да ми каже искуство за оваа операција или дали имате пофалби за овој доктор. И дали знаете колку е цената. Фала
Ве молам кажете ми дали има некој правено операција кај Ванче Стефановски или препорачајте ми некој од добар доктор од воена болница.
Немам слушнато за тој доктор, јас имам правено кај д-р Никица, многу сум задоволна, а знам и многу други што се задоволни од неа , но сепак мислам дека нема да згрешиш кај било кој и да отидеш,сите се стручни и добро си ја знаат работата Инаку операцијата ме чинеше 1700, не треба ништо друго да доплаќаш освен за прегледот околу 60 денари беше и анализа на крв, тоа околу 30 денари со картончиња, така да нема многу трошоци. Отпосле ќе си купиш само капсули, алкохол и спрејче ама ни тоа не е скапо до кај 500 денари се би требало да те фати