Правев естетска операција кај др.Огњен Даскалов во ремедика. Сеуште сум во завој и не можам да кажам дали сум задоволна од изгледот. Ама операцијата помина многу лесно со локална анестезија и немав никакви болки за време на истата, ама после дејството на анестезијата почнаа благи болки што ми рекоа дека се нормални. Инаку операцијата чинеше 30.500 а со целосна анестезија 36.000
Па има многу напишано во врска со цените,причитај ги мислењата на другите форумџики/форумџии и има различни цени,не е секаде исто за да ти кажеме конкретно.
Зошто мислиш дека ги немав прочитано другите мислења во темава? Прашав зошто знам дека цената сега се покачи, во споредба што беше пред 5-6 месеци, така да веќе не се валидни овие стариве, сакав да знам колку се движат сега во моментов цените. Пред да ме нападнеш, размисли зошто така сум напишала, на пример.
Kако што имам видено прават и на помали од 8 години, не верувам дека годините се нешто проблем за тоа.
и јас така мислев, но општиот рече дека најдобро би било после 9 год,ако е пр ептен дојдено до тоа, но најдобро после 14. За тоа и прашав.
Извини ако помисли дека те ,,напаѓав'' Не знам ни каде ни со што,но не е битно. Само кажав дека има различни цени,сега се е приватизирано. За да ти кажеме,ти треба да ни кажеш во кој град,приватни,државни...па на крај краева,прогуглај и на сајтовите на различни болници,исконтактирај.
Вреди да се погледне ( Prominent ears correction with earFold ) https://www.youtube.com/watch?v=x2x3GF1xgF8 Привремено решение ( Otostick New Cosmetic Ear Correctors ) https://www.youtube.com/watch?v=nIKe2TpuOr4
Исто и јас би сакала приватно, не ради стручноста на докторите туку повеќе од хигенски причини, а и друго е државно друго е приватно. Решена сум да ја правам али не знам кај кој доктор...вака како што гледам скоро сите се задоволни од операциите...али стварно не знам каде. Препорака? (Скопје)
Да мора прво кај матичен и тој мислам дека дава нешто како упут, но најчесто закажувањето на операција е со договор помеѓу докторот и пациентот ( слободни термини итн) И секако после операција пак се иде кај матичен.
Здраво и јас сум заинтересирана, сакам ова зима да си направам корекција на ушите, бидејки ги имам клемпави.Како што гледам има многу задоволни од Др. Раде Филиповски, дали некој може да ми каже сега колку чини, дали треба да закажам, упат, плави картони, се што е потребно? Фала многу однапред, поздрав
Женске ај и јас едно прашање да ви поставам, гледам дека сте доста упеатени. Дали е точно дека после операцијата несмееш да спортуваш неколку месеци .. до пола година, или така нешто ?
Се зачленив од други причини ама пролистав и да ти кажам јас правев операција на уши во Државна кај Др. Џонов и сум задоволна од неговиот пристап и посветеноста. Сеуште сум во завои и не ме боли само што неможам да спијам . Платив 19 000 ден, одам на секој трет ден на преврска и така
Здраво девојки,знае некоја од вас да ми каже каде работи сега Др. Јане Нетковски?има некоја од вас скоро правено корекција на уши кај него?ако има некоја правено корекција и кај Др.Туџарова споделете искуство ве молам.Однапред ви благодарам