Јас пишував на темава пред повеќе од две години, но се откажав од операцијата затоа што беше 15 000. Ја направив операцијата сега кога собрав пари, на крај кај д-р Даскалов, што испадна да биде 400 евра. Разликата е голема, но најмногу за тоа се одлучив затоа што дознав дека на луѓе кои ја правеле операцијата во државните болници по неколку години ушите им се враќаат во првобитна положба Дури знам девојче на кое едното уво само и се вратило И доктор Даскалов ми потврди дека има такви случаеви, и тоа најмногу се случува заради тоа што операцијата ја прават за помалку од еден час, односно рипале некои чекори или нешто така. Друго, првично сакав да ја правам кај Раде Филиповски во Воена. И отидов кај матичната и таа се изначуди зошто тој доктор бил оториноралинголог, а не пластичен хирург. Можеби и тие можат да оперираат естетска корекција на уши, но не ми се ризикуваше.
Доктор Раде од воена ја има оперирано на една другарка сестра и. Можеби не знаела матичната затоа ти рекла така. Инаку сакам да те прашам дали имаш рани позади на ушите и дали се приметува многу хируршкиот зафат? Има случаеви кај кои ептен се приметува сеченото позади и лошо изгледа а кај некои многу помалку. Ако не ти е проблем пиши и друг кој има правено естетска корекција ако не му е проблем да пише, бидејќи се двоумам многу па добредојдени ми се искуства . Фалааа
На 24ти овој месец, точно 3 години од операцијата, а отпозади ни трага ни глас, немам никаква лузна. Впрочем, денес операциите ги прават многу подобро и посовремено, така да, не би требало ни ти да имаш лузна. Напрај си ја операцијата и уживај си после со убави ушиња.
Мене завојот и конците ми ги вадеа пред три дена, уште ми се ушите потечени и модри и позади имам засирена крв. Ама вака од напред не се приметува. Сестрата ми кажа треба месец дена да се смири се и да изгледа ко што треба.
Здраво,јас имам проблем и сакам да направам операција на ушите..со тоа шо веќе долго време барам и неможам да се одлучам каде и тоа ми одолговлекува..може.ли некој од лично искуство шо има правено да ми препорача каде е најдобро без последици,колку пари,и како се одвива цела операција,колку време трае и дали од после те задржуваат во болница неколку дена? Фала однапред
Дали има некој слушнато некаков искуство со тие нови импланти "EarFold"? Прочитав дека на балканов ги мести само еден доктор кој се наоѓа во Загреб. Др. Синиша Глумишич.
И мене ме интересира, ве молам која од вас има правено операција да одговори колку после операцијата можеше да започне со вежбање. Јас сум спортски доста активна, имам стресна работа и потребно ми е „здраво потење“ преку спорт. Поради тоа највеќе се мислам дали да се нафатам на операцијава овој период и веќе почнав да се опседнувам.
Sakam da prasam za korekcija na usi koja e cenata i koj se najdobri doktori za da se napravi. dali nekoj ima praveno vo 2017, 2016 da mi kazi iskustvo so doktorite.
Јас правев операција во 2015 крајот на јули мислам дека беше имав 15 години тогаш. Правев во воена болница кај доктор Добри Стоименив, операцијата ми траеше 2 часа јас бев будна ама имав локална анастезија и ништо не осеќав. Од страната бев избричена, во болницата ме бричеа. И 1 недела бев во болница, после кога се вратив 1 месец косата не можев да си ја миам. Ми рекоа дека ќе имам болки кога ќе се менува времето, ама немам почувствувано никаква болка, а и немам лузни позади уши. Операцијата ме чинеше 250 евра и еве веќе 2 години поминати јас немам никаква мака. Многу сум задоволна.
Сакам да направам операција,најверојатно кај Др.Даскалов,па ме интересира колку сте задоволни од кај него..фала и позз
Дали некој имал проблем после естетска операција на уши, горниот дел од увото да му е повеќе испакнат и наведнат.. Не знам дали од тоа што сеуште имам оток или зафатот не е добро направен. Некој со вакво искуство?
Размислувам за корекција на ушите.Имам поише проблем само со десното уво малку горниот дел ми е како паднат и ме нервира.Левото не е такво ама сепак сакам скроз залепени уши па ако се одлучам ќе ги оперирам и двете....Него се мислам како ќе идам со тие завои на работа Сите да ме разберат дека ушите сум ги оперирала И плус после ко што читам уште 1 месец стегач.Незнам како се снаоѓавте вие со тоа?
zdravo , jas se operirav vo drzavna bolnica pred 4 meseci(levoto uvo) .kaj doktor artan dika , me operiral so lokalna anestezija. bolka imas samo prviot den ( kontrolirani bolki ) . vaka za problemi posle operacijata nema da imas , ti kazuvam od moeto iskustvo . edinstveniot problem e deka uvoto nee kako sto bese na pocetok mace pustel nee kako sto bese na pocetok . problemot nee kaj doktorot bidejki uvoto mi bese skros deformiran . no voopato sum zadovolen . pozz
Ме интересира дали само во Скопје се прават корекции? Имам деформитет на двете уши и во последно време размислувам за корекција. Каде е најдобро да се прави операцијата и колку пари е?
Дали знае некој колку точно чини оваа операција во приватните клиники? Итно ми треба сакам веднаш да се оперирам.
И јас сакам на есен да правам операција. Мислам прочитав некаде дека кај д-р Даскалов била 400 евра. Јас сакам да правам операција кај д-р Игор Пеев бидејќи читав многу позитивни коментари за него. Ако некој има повеќе информации или неодамна правел операција би било добро да го сподели тоа искуство