Јас поверував на добрите препораки за др. Даскалов и закажав преглед кај него. Кога отидов не ми посвети ни 5 минути, а ми наплати 1000 денари. Како доктор со искуство решив да му верувам и закажав операција. Единствената причина поради која ја правев операцијата беше да можам да ја врзувам косата, но јас и после операцијата не можам да ја врзувам затоа што не изгедаат убаво. Воопшто не сум задоволна, пред се од односот на докторот,а потоа и од самиот изглед на ушите. Да правев операција на државно сигурно повеќе внимание ќе ми посветеја. Совет до сите кои сакате да правите операција, да појдате на консултации со повеќе доктори, па потоа да одлучите каде ќе се операрате. Ако некој има некои прашања може слободно да ми пиши порака.
Јас имам правено корекција на уши во „воена“ болница прилично одамна. Не се жалам за односот, добар однос имаа кон мене ама не ми се допаѓа како ми ги направија ушите. Ме оперираше една докторка за која слушав само пофалби арно ама ете јас немав толку добро искуство. Предлог за сите што имате во план да правите корекција а имате пари, вложете ги на приватно кај некој познат доктор, сигурен сум дека со исходот ќе сте позадоволни.
Јас правев операција на приватно и воопшто не ми се допаѓаат како изгледаат. Подобро да појдат на консултација кај повеќе доктори да видат слики од нивната работа, па потоа да се одлучат каде да прават операција.
Знам, ти го имам прочитано коментарот. Самото тоа што не ти посветил ни 5 минути било доволно за да те одбие од него. Го зборувам ова затоа што и јас бев на консултација кај него многу одамна, и воопшто не ми се допадна. И мене не ми посвети доволно време и се однесуваше со операцијата како да е пржење јајца. Пф, ставаш зејтин, кршиш јајцата и се пржат и готово. Таков стил, немарно некако. Чекај малце, знам дека докторот е стручњак, но покрај техниката ова е и уметност, ипак е естетска корекција, не функционална, барем малце муабет околу изгледот, процесот, како би сакала јас, како ме гледа он... Ај за односот, но викаш не ти се допаѓаат ушите сега. Зошто, не ти се скрос до крај залепени или?
Јас денеска се правев операција... Јас сум од Прилеп и се оперирав кај доктор Бојан Ристески многу добар доктор ви го препорачувам и многу е внимателен со операцијата засега немам јаки болки и ми препиша антибиотици против болки
Како ти се сега ушите, како помина со болки, дали си задоволна? Леле јас колку сакам да ја направам операцијата не сте свесниии. У живот ја нема фатено косата или правено фризури. Али ич не сум храбра, многу ми е страв од болки и сл. Дали некој правел кај Игор Пеев? Сакам кај него да одам на консултација
Како што ќе растите и ќе созревате, се помалку важни ќе ви бидат ушите. Додека да се најде некој што ќе ве прифати и сака такви природни со своја убавина. Косата може да се собира во пониско репче, може во пониска пунџа, може и фризура кај што ушите не се познаваат. Може се
Prvite dva dena imav bolki no piev antibiotik i ako imam poveke bolki analgin.. Operacijata ne ni ja setiv zatoa sto imav anestezii na useto.. Od usite sum prezadovolna..
Здраво на сите јас ке се вклучам во темата и силно ги охрабрувам сите кои сакаат да направаат хируршки захват на уши .Јас правев естетска хирургија на уши во 8 Септември Кај доктор Раде Филиповски пред едно 4 5 години чинеше около 15 000 денари искуството што јас го имав е такво што на десното уво после операција имав одново операција на увото зошто не излезе како што треба и што дополнитлно доплатив околу 5 000 денари после операцијата немој да бидете во шок кога ке се погледнете во огледало ке треба време се да се смири и отоци и ушите и слично Јас ви го препорачувам раде зошто немам лузни дури не се ни познава дека сум правел операција сега мислам дека е во пензија, Ирена Шулевска не ја препорачувам зошто на првата операција таа беше исто со Раде. Јас сум презадоволен од Др раде независно дали за нос или пак уши операција кај него, тоа е моето искуство, ако ме прашате др ирена шулевска не ја препорачувам исто на другар излезе компликација на операција на нос како на мене со увото . болки нема ке треба после операција се на се 2 3 месеци да се дојде на место и ке имате супер не клемпави уши поздрав
Јас правев пред 3 години и 5 месеци на клиника кај Џонов и сум презадоволна. Беше коректен кон мене, секогаш ми беше на располагање после операцијата, за било каква консултација. Операцијата ме чинеше 19 000 ден. и не се каам воопшто, болката се заборава. П.С. Додека ми ја правеја операцијата цела клиника ја оговараа
Правев операција пред 5 години во Воена. Незнам како се викаше докторот( мислам Раде). Како и да е ви препорачувам на сите што сакате да не се мислите. За околу 1 месец се се заборава, а косата можете секојпат да ја носите врзана. Ушите не се вракаат во првобитната положба.
Кој е најдобар кај нас за уши? Др. Пеев? Џонов? Сакам да закажам консултација. Се решив, зимава сакам да ја направам корекцијава
Повеќето што правеле, правеле ради општеството. Не знам женските како поминувале, ама јас во детството имав мал милион досетки и исмејувања заради ушите, додека еден ден не се решив да направам операција. Доколку никој за ништо на нечие тело не би зборел никој немаше да се менува. Во секој случај, не се каам што ја направив ситуацијата, и сам себе повеќе си се допаѓам вака.
Сфаќам дека е проблем. Во некои ситуации тоа можеби и ја намалува самодовербата или станува комплекс. Како и да е, секој знае најдобро за себе.
Дали има некој искуство или правел операција - естетска корекција на уши кај Марија Доковска во државна клиника