Ако сте правени, задоволни сте од него? Јас сакам да се правам, но само летоска имам слободно време, а не знам дали тогаш се прават операции, да не се инфицира нешто од температурата.
Здраво И јас правев кај Роберт, докторот е одличен. Јас ја правев почеток на февруари и платив 400 евра. Засега се е ок и сум задоволна, немав болки ниту за време на процедурата а ни постоперативно на мое изненадување, бидејќи очекував нели кога ќе попушти анестезијата, но ништо посебно не болеше. Ме интересира да ги прашам оние што имаат правено поодамна, колку време б е потребно за да се врати целосниот осет на ушите ? Здрвени се скроз по операција, мене ми се врати осетот долу кај мекото, но на школката се уште не. Ме чеша пример осеќам, а да се почешам ништо не осеќам . Кога ја прашав сестрата ми рече као ааа па ќе треба време за да се врати скоз…еве веќе скоро 2 месеца поминаа, па чисто ме интересира искуство од оние што правеле поодамна.
И јас кај Роберт правев во февруари ама минатата година. За опуштање треба доста време, мене некаде летото ми се опуштија скроз. Знам многу е чудно ама ќе се навикнеш. Btw под опуштање не мислам на ништо визуелно туку само осетот на увото.
Да да те разбрав, фала ти. Се навикнав но сепак е некако чудно, ем не ги осеќаш, ем се преосетливи незнам како да опишам
Rano ti e, jas ja pravev avgust mesec operacijata, i seuste mi se zdrveni Me interesita , dali po izvesen period od operacija, ste bile za vadenje na nekoj ostanat konec sto se pojavil podocna
Devojki od nosenje mnogu golemi usnici skoro mi se otkinal celo dupce za usnicite dali znaete dali nekoj moze da mi e zalepit nekako?
Зависи колку е оштетено.Мислам дека може естетски да се корегира со две три кончиња со шиење па да се остави време да зарасне. Ако е онака скинато како што мислам, башка меко мевце/ткиво е, не би било ништо страшно, но сепак прашај си по естетскиве ординации, како и да е мораш да се консултираш
Zdravo na site! Sakam da prasham dali seushte ima vo nekoja od bolnicive shto pravat drzhavno korekcija na ushi ii dali za toa treba upat od matichen ? I dali imate beleg .. sepak operacija e ama ne e bash vidlivo mesto pa da si prasham
здраво женски, сакам да направам операција кај Д-р Роберт Стојовски па некоја да сподели искуство, како сте задоволни, колку чини?
Здраво девојки, вчера ја направив операцијата и ушите изгледаат одлично, меѓутоа со левото уво скоро па воопшто не слушам, денес бев на преврска и му кажав на докторот дека со едното уво слушам а со другото не, тој ми одговори дека нема шанси да е така. Дали се има случено некому од вас вака, многу сум успаничена.
Zdravo na site,sakam da prasam dalk nekoj ima iskustvo so pravenje na operacia na usi kaj dete od 8 godini?iI kade e najdobro vo drzavava da se prasa?Dosega nie mu kazuvavme nisro ne e ke porasnes ke se smenat usencata no toj e vidno razocaran i znam deka e bolno i postooerativno no mozebi e podobro sega dodeka e pomal.
Zdravo dali nekoj ima iskustvo so namaluvanje na Usi...Znaci usite ne mi se klpesti,Zalepeni mi se so glavata,no formana ne mi se dopaga toes Golemi mi se.Pa razmisluvam za operacija...
Еве да споделам мое искуство за сите оние што сакаат да прават корекција на уши. Јас вчера правев корекција на уши кај Др. Роберт Стојковски и како човек што е многу плашлив од вакви работи поминав ептен супер, за време на операцијата сте будни (локална анестезија) но нема да почувствувате ни малку болка, тотално безболно е, операцијата трае околу 40тина минути (по 20тина минути од уво), единствено нешто што можеби ќе ви биде езиво е тоа што се слуша се затоа што фала богу на уво е операцијата но болка тотално НЕМА. После операцијата ви го покажуваат резултатот (јас сум презадоволен и ушите изгледаат фантастично), после тоа ви ставаат преврска и ви препишуваат терапија која мора да ја примате обавезно за да се опоравите што побрзо и да нема компликации. Вчера неколку часа после операцијата осетив минимална болка но со седативи и таа исчезна, малце е зезнато што мора на грб да се спие па кој не е навикнат ќе си се помачи малку. Еве втор ден после операцијата скоро никаква болка не чувствувам (само мало чешкање што е добар знак) Операцијата чини 450 евра + терапијата околу 1500 денари. Докторот е многу добар, пријателски настроен и разбирлив и секако што е најважно искусен. Се надевам дека ви доловив барем малку околу процедурата што е и како е и ве охрабрувам дека навистина не е страшно доколку се плашите на овој чекор а е чекор кој ќе ви го смени животот. Поздрав и убав ден на сите !