Не е страшно чешањето. А за слухот да не се секираш, не чепкаат таму Инаку на поветок ептен се слебени, и потоа по малку се одлепуваат, ама не се враќаат во првобитна положба никако ептен малку опуштаат само, треба месец време да си дојдат на местот, додека зарасне раната. Инаку првиот пат коа ќе си ги видиш ќе бидат ужас ама не се секирај, такви отечени и големи. Ама за неколку дена ќе спласне отокот и ќе си бидат ко шо треба. Само по еден на секое, не по два Незнам дали може да дремнеш, ваљда не, зашто си приклучена на апарати за срцето....мислам дека треба да бидеш свесна, а и јас не би можела да дремнам на такво нешто Ти ја покриваат фацата, главата ти е свртена на страна, и да сакаш неможеш да видиш. Ваљда ради тоа, да не се потресуваш, а и да не те измачкаат со крв ваљда, има само отвор кај увото, и целата покриена. За Систина незнам, коа се распрашував се сеќавам само дека во ремедика сигурно правам, ама за систина незнам. Инаку да, ептен ми е супер сеа со врзана коса, за прв пат во живот п.с ќе ти пратам слики во лп да видиш како ми беа првиот ден после завоите, и како ми се сега
Вака, на операцијата легнуваш на кревет настрана и прво ти го прават едното уво, а после другото...те покриваат преку глава, само имаш дупка за да ти се гледа увото, ама затоа што се работи позади уво не е логично да гледаш и да не си покриена...инаку атмосферата е опуштена, музика во позадина и си правиш муабет јас бев многу исплашена, имам фобии од игли, ама верувај ми дека мислев дека ме лажат кога ми кажуваа дека веќе два пати сум боцната..значи мене ме боцна 3-4 пати позади увото и еднаш на предната горна страна од увото (затоа што со тоа треба да се сошие)...тоа трае кратко, ти сечи кожа позади увото, ама не се шувствува апсолутно ништо, мене не ми се веруваше...после тоа доаѓа шиењето, и зависи од тоа колку треба да се корегира толку шавови се ставаат, али и тоа не се чувствува...и толку ти го шисти, го премачкува и му става гази, па легнуваш ибратно на другото уво истата постапка...кога се е готово стануваш и те преврзуваат на главата и си одиш дома за неколку саати пушта анестезијата и можни се болки, ама кај мене воопшто немаше, али и да имаш болки со таблета против болки се смирува...Мене денес почна да ме чеша и тоа е малку нервозно, ама се издржува тоа е се..знчи не се двоуми воопшто..јас сега се си функционирам нормално и едвај чекам да помине уште една недела да си ги видам ушите и да излезам со фатена коса... инаку нема шанси да се врати увото во првобитната положба затоа што ти сечат кожа и ти ја прешиваат рскавицата, тоа зараснува за една недела и после нема никакви шанси, не е логично да се врати...слушањето е исто, јас откако излегов од операција веднаш на моб да пробам дали ќе можам да слушам, ама се е исто, нема никаков проблем
Џабе ќе вртиш коа тој телефон им е централен, ќе те префрлат на одделот нза уво нос и грло, ама нема да зборуваш со докторот туку сестрата ќе ти рече само дојди лично. Нема да ти го дадат докторот на тел, а таму нема закажување, така да мора лично да отидеш. Само ќе ти каже на тел сестрата да дојдеш со упут. Али ако сакаш сама да провериш еве ти број http://zk.com.mk/Страници/Градска%20општа%20болница%208ми%20Септември/78666
Name, ќе земам да мавам! Исплашенко си ми ти така малку, а? Или ми се чини? Ама потполно те разбирам дека се распрашуваш за најголеми детали и сега дури сфаќам колку обратниот пристап ми помогнал побрзо да се одлучам на операција. Уствари толку ми беше изненадна целата ситуација што немав време да се распрашувам што и како ќе биде. Нејм, во секој случај имај во глава, дека што и да чуеш или прочиташ тука, не мора да важи за тебе, сепак секоја од нас имаме за нијанса поинакви доживувања во однос на болката, самата операција или пак еве и деформитетот на увото. Моите увциња си седат на место, не ми попуштиле до ден денешен. Еднаш кога беше ѕивра ладно, а јас немав капче, ми се врцви едното увце и ептен ми отече, се исплашив дека пак ми е клемпаво, ама немаше врска. Си спласна отокот и пак си е истото. На чешање еве јас конкретно не се сеќавам. Се сеќавам на болката кога престана да дејствува анестезијата и тоа траеше еден ден да речам. Но со аналгин се трпи и тоа. Се сеќавам дека не можеш да спиеш нормално, но сето тоа е сосема очекувано. Се сеќавам првиот пат кога ми го тргнаа завојот, слично како што пиша Алиса, дека ми идеше да си заплачам колку беа грди ушиве, потечени, крвави, никакви. Се разбира дека тоа е само првичен шок, момент. Потоа ми беа сосема најнормални и убави бре. Мисли на тоа како ќе си ја фатиш косата во репче - тоа нека ти е главен мотиватор, и повторно совет од мене - не се распрашувај веќе толку. Знам дека ќе издржиш, сите сме издржале и потоа ќе бидеш навистина задоволна
zna4i deka jas treba da izvadam samo upat od mati4en lekar i da odam voena bolnica na uvo nos i grlo taka ???
Леле луѓе и јас имам желба да направам,дека имам клемпави уши но страв ми е а и мајка ми не ми дозволува
Да така. И си чекаш ред. Нема таму закажување. Инаку тоа е на 3ти спрат, ќе си прашаш таму ќе те упатат
a za cena rekofte 1700 denari a drugi ispituvanja kje gi ima i ako gi ima kolku kje me cinat ???? [mod-kirilica:1il1iw56][/mod-kirilica:1il1iw56]
Па имаш само испитување на крв 250ден, и на трансфузиологија платив уште 200-300ден, не се сеќавам точно Инаку оваа цена 1700 ден е со сини картони. Сигурно имаш, ама да напоменам
јас прашав во воена пред една недела и ми рекоа дека веќе нема така со сини картони, туку како естетска си плаќаш 300 евра..па после тоа отидов на државна кај д-р Тренчев и презадоволна сум....денес бев на преврска и неможев да се познаам кога се видов со залепени уши
какво испитување на крв??? Пирамид, секако дека ми е страв Па се распрашувам вака за се за да си бидам упознаена.. значи првиот пат биле гадни кога ке ги видете? а после се доага у нормала? а тебе не ти се онака презалепени, туку нормално така? и при секој студ во зима ти се вцрвуваат и отекуваат? а глава боли, или само ушите? би требало ова да се последните прашања порано или подоцна ке морам да се решам и да ја направам операцијава..
Па незнам какви изпитувања има ми зедоа крв од прст, вена и уво, и после 4-5 саата отидов по резултати и со тие резултати кај доктор. Ич не се разбирам јас во медицина и појма неам, се сеќавам само дека им требаа податоци за коагулација, за колку време можам да искрварам, крвна група, такви ствари....и тие резултати беа со мене во операционата сала првиот пат беа грди, потечени и со засушена крв што не ме исчистиле убаво, жолти од тоа бетадинот....такви ко немиени со години ама на наредна преврска ми беа супер, после 5-6 дена
А кај тој Др.Тантаров колку те чинеше операцијата 300 евра или? Ај побрзо пиши да знам зошто дома реков 1700 денари.
Значи,отидов, закажав датум,сега ве молам да ми кажете колку време се носат завои и колку време ви се потечени ушите?
Завојот се носи 10 дена, а мене лично ушите не ми беа потечени воопшто...така да индивидуално е дали ќе имаш оток