Есте Лаудер е бренд од козметички произвоиди.Од шминка,па до масла и креми за бубулици и нега на лице. Всушност,сакав со вас да се советувам за нешто.Сестра ми има проблем со бубулици на лицето.Поточно на образите.Беше на козметичар,и ги истискаа,ама само влоши и престана.Црвенки и се,лошо изгледа.Проба со невеново масло,креми секакви,ништо не помага.Сега сака да проба со Есте Лаудер,многу го фалат,ама премногу е скапо.Едно масленце е 6000 и нешто.Многу е тоа,да не ги даде и тие пари џабе,подобро да бара друго решение.Но таа е упорна решена,ќе купувала.Ај плис за помош,незнам дали има нешто ефект од тоа,да не е само до цената?Ај помош кој има искуство.
Имам користено парфеми и пудри а мајка ми креми за зрела кожа и двете сме задоволни но за бубулици немам пробано уште таа марка не ја пробав.. имав многу проблеми со лицето сега исто ко што ти опишуваш црвенило и лузни од акни ми има останато но со тек на време се чисти, тек на време значи после 6 7 месеци или година ... со пудра се покрива. Мислам дека треба да биде трпелива ако реши да ја купи пиши колку е задоволна баш ме интересира. Поздрав
Имам некои креми од мајка ми ама не сум ги ни користела, и сега пак ми пратија гел за туширање и сенка. Многу убаво мириса гелот тоа да,само уште не сум го пробала на пракса , сенката е убава исто. Па не знам кај нас може да им лупаат цени, мислам дека во странство не би требало да се толку скапи.... Јас искрено никогаш не би давала многу пари за вакви работи, па не вреди ова толку многу. Мислам дека за многу поефтини пари ќе си најдеш нешто убаво
Фала ви на двете многу. Иначе се одлучи да не купува,во меѓувреме од една пријателка најде жена што произведува крема од невен ама природно,сама се праи.Многу е ефтина а да не ти се верува колку е ефектна.Едно паковче е 50 денари,става секој ден,неможам да ви опишам колку и е подобрено.Мислам дека со ова ќе истурка до крај,нема потреба од Есте Лаудер.
laryla имам пишувано во темата како до чисто лице ама еве и овде ќе пишам. Читајќи заклучив дека се наоѓам во слична ситуација како сестра ти,акни и црвенило имам само на образите. Ќе и препорачам да не купува скапи а непроверени производи , оти лекот е 5 пари ама кој да ти го кажи. Јас со акни се мачам скоро 5-6 години и имам доста скапи производи користено од C'N'C и од Avene (а да не зборувам за други како што се Нивеа,Гарниер,Леа, итн итн ,многу се ) ,одев по козметичари,дерматолози,ласери , за на крај да ми го уништат и тоа здраво што ми беше. Најдобри резултати добив од кремот Triacneal od Avene искористив 2 паковања ама сепак не беше тоа тоа. После го зедов кремот Здравје од маркет за 70 тина денари, да го пробам оти сите го фалеа и навистина само за една недела имаше резултат.Еве ова ми е веќе второ пакување што го зедов и сум многу благодарна за кремчево. Уште некои флеки што ми останаа ама и тие се чистат со тек на време. Препорачај и го ова кремче Здравје со цинк оксид и сигурно ќе има резултати.Вреди да се проба за 70 денари.
Девојче ќе може ли да ми кажеш од маркет ја купи кремата..? Ја спомнаа и во други теми ( како лек против акни ) и прочитав дека ја имало во Кам и проверив во два нивни маркети и плус во Веро, но нигде не ја најдов.. Ти благодарам однапред
една од најскапите козметички линии кај нас е Есте Лаундер ретко кој може да си дозволи 5000 и нешто е крем за лице, 1700 и нешто е маскара да имаш приходи од 100 000 денари, може да зошто да не
Карменка ,кремот јас го купувам од парфимерија во пп но го имам видено и во Жито маркет,а во Кам и Тинекс досега немам сретнато.Побарај и во аптека можеби ќе го најдеш,но во Жито секако го има.И не заборавај , да го бараш тоа на кое пишува Цинк оксид, затоа што има повеќе Здравје кремови а не се со ист ефект.
Најубавата пудра што постои на светот, еднаш ја користев, ми ја донесоа од Лондон ама сепак мислам дека е прескапо за наш стандард. 50 евра за една пудра и не баш може секој да си дозволи
Mене баш и не ми е посебен ги имам користено и не се нешто посебни, ама многу долго траат, не се слушат лесно, и неколку месеци ти траат Mалечки се ептен. Cега го имам тој со коректор, е*ате коректорот
Мене четката посебно ми се сфиѓа, многу убаво ги чешла трепките, различно од сите други. Незнам, јас го потрошив и не планирам да дадам толку пари за нов, ама четката засекогаш ќе ја чувам Може не вреди за 1100 ден. (малиот мислам дека е толку во Космо ) ама за убав, убав е! Исто и сенките. Ретко ставам ама кога ќе ставам... цел ден стои бре!
Имам пробано сенки од Есте Лаудер и не се ништо посебно за тие пари , на Буржуа се 100000 пати поубави Исто така имав порано и две сјајчиња за усни црвен и розев тие ми се допаднаа многу
Добив на подарок сенки, серум за околу очи, маскара, руменило и коретор сето тоа во несесерче. Преубав подарок, благодарам многу Сенките и серумот сеуште не сум ги користела, неможам да кажам за нив, ама затоа коректорот е предобар, покрива се и бемки и подочњаци ко гипс е Маскарата е исто феноменална, моиве сироти трепки ги прави како вештачки. Руменилото е ок, нежна праскаста боичка, за неговата долготрајност неможам да се пожалам ниту да се импресионирам затоа што сите руменила кои сум ги имала до сега покажале иста трајност, Лореал и Буржоа и Севнтин. Сенките се во овие бои, ми се допаѓаат и убаво ќе ми одговараат на очите зелено-кафеави, само уште да знаев да се нашминкам Серумот за околу очи е овој, но ќе го ставам на пауза некое време
За некои има, за некои послабо. Барем кај нас е така, може низ Скопје се поснабдени со тестери од фирмава, баш ме интересира и ќе проверам во скоро време.