Ако се инфорираше подобро пред да ми ја напишеш реченицава, немаше ниту да помислиш да ја напишеш. Напишав за фирмата дека има козметика и е ориентирана за производство на козметика за.. постари дами (и во претходниот пост се обидов да ја избегнам оваа фраза но сепак изгледа дека беше неопходно). Секоја козметика е поделена на старосни граници, но не и дека се' поединечно од неа е поделено на старони граници. Да те просветлам дека секоја пудра за лице има старосна граница. Не може пудрата да биде со анти-ејџ ефект и дејство, а да ја користи некоја која е 25 години. А колку што знам, пудрата спаѓа во декоративна козметика. Има и сенка за очи која има anti-wrinkle ефект. И сега девојката која има 20 години може да ја користи? Друга работа, koritsaki праша за мислење и јас и го дадов моето исто колку што и ти твоето. Не мора веднаш да скокаш. koritsaki, ти пишав дека не е најпогодна за секојдневна употреба бидејќи ако другиве пудри ги затвораат порите, можеш да замислиш што му прави на лицето кога го остава во таква совршена состојба повеќе од 10 часа. Сепак, тоа е моето мислење, а твој изборот дали би ја користела секојдневно.
Значи ти кажуваш свое мислење, а не вистински факти. Брендот не е ориентиран само за да ги задоволи потербите на по здрелата кожа. Напротив има и линии за млада кожа. Пудрите не им се поделени по возрасна граница. Сите пудри кои што немаат лифтинг ефект може да ги користи секој, тие со лифтинг се знае за кого се. Иако не постои правило, и личност од 25 години може да има брчки и опаднат тонус. Пак ќе кажам дека е дезинформација тоа дека Есте Лаудер е бренд само за по возрасни жени. Јас како што знам имаат и препаративна козметика за тинејџери. И самата си кажа дека секоја пудра може да биде поделена по возрасна граница, и се согласувам со тоа, но конкретно пудрата на Користаки не е. Сеа сигурно не е препорачливо 12 годишно девојче да ја користи ама 23-24 + не гледам зашто да не. Каде го прочита ти тоа? Кој ти го кажа тоа? Или претпоставуваш поради големата покривност? Не зборам јас на памет или од претпоставки. Ме интересира козметика, посебно брендиранава и доста сум упатена во тоа. П.С. Ако некој каже нешто контра не мора да значи дека скока. Доста се вадите на тоа, дискутирајте со факти.
Да се искоментра на тој начин според мене е скокање. Квалитетот на Estée Lauder е без сомнение на високо ниво. Од целата козметика која ја имам, (но ја имам земено од Америка) и што ми е подарувана (исто така не е од тука), фирмата нагласува дека обрнува најмногу внимание на зрелата кожа, но и не значи дека е исклучително за таква. Ова го повторив и претходно ама гледам дека е неопходо од трет пат. Конкретно за пудрите, никаде немаа инфрмација дека ги покриваат недостатоците за младата кожа и дека се препорачливи за млада кожа бидејќи кај неа и да има недостаток, не би било препорачливо да се покрива. Фактите ги имам во фиока и ми се потврдени. Никогаш не пишувам на памет и за нешто што го немам испробано. Дали беше сосема неопходо да го напишам по трет пат ова и да се докажувам? Си стојам на претходното, Estée Lauder има несомнено добар квалитет. Но не значи дка се' што е квалитетно и дека е препорачливо за секого. На крај и покрај тоа што се обидов да бидам суптилна без потреба на докази, беше неопходно. Ваше е што ќе направите. Кажав од аспект на фирмата и кажав и мое мислење што ЧНМ избра да ги игнорира и ги спои целосно мое мислење. Толку за пудрата.
Те молам прочитај ги состојките на пудрата, истражи ги малку па после кажи која е таа состојка што не се препорачува да се употребува на млада кожа. Или пак изнеси ги доказите и убеди ме во спротивното. Можеби и јас грешам и сум пропуштила нешто, ќе ми биде драго ако ми го докажеш спротивното, затоа што до сега не докажа ама баш ништо. Незнам зашто ме сфаќаш погрешно и негативно, јас не се расправам туку дискутирам, повели и изнеси ги фактите и доказите што ги имаш во фиока. Мене не мораш ништо да ми докажуваш, ама со овие не точни информации можеш да разубедиш некого во купување на пудрата конкретно. На пример ако можеш да бираш за 25 годишна девојка меѓу Есте Лаудер - Double Wear или Менхетн, Буржоа, Лореал од тие матот најпокривните која би ја препорачала? Ако Манхетнот во црната туба има огромна покривност пак ли не е за млада кожа? Затоа што јас така те сфатив од твоите мислења, дека максимално покривните пудри не се за млада кожа, а во тоа воопшто не се согласувам со тебе. Се додека нема наведено кокретно анти ејџ состојка, лифтинг ефект итн... значи дека нема возрасна граница. Јас сум приметила дека и на кремите немаат назначено точко од колку години може да се употребуваат, па ми беше објаснето дека Есте не ги дели производите според возрасната граница туку според проблематиката на кожата. Значи ако некој и на 25 години има брчки може да си користи крема за соодветната проблематика. Друга работа, Есте најпрво почнале со производство на парфеми, дали тоа значи дека е бренд ориентиран повеќе кон парфемите? Не нели. Исто како што ако ти си налетала на креми за здрела кожа не значи дека само кон тоа е ориентиран брендот.
за тоа си во право конкретно пудрата Double Wear онаа во стаклено шишенце можам со сигурност да потврдам дека е преубава....ниту еднаш акни од неа не сум добила...после откако ќе ја извадам лицето ми е почисто него кога немам ставено пудра....значи штити и од надворешни влијанија....и чувтсвувам дека лицето под неа дише.....меѓутоа не се согласувам за Maximum Cover....еднаш само имам ставено и тоа во парфимерија и не ја извадив од мене едно 5 часа лицето го чувствувам испод како варено (ако ме разбирате што сакам да кажам)....значи пудрата навлага во порите и те прави постара стварно покрива и се тоа ама девојка на 25 да става таков цемент на лице е тука не се согласувам подобро со некоја крема или на козматичар да го среди лицето а потоа да користи полесна пудра него да се бетонира (освен наведувам ако мора тоа да го прави и има ожиљци од претходно кои само ласер ги средува)! инаку и на мене во Cosmo ми рекоа дека Estee lauder повеќе се користи за повозрасни а замена за таа козметика ама за помлади девојки е Cliniqe, мене пак тие пудри на Cliniqe ми беа многу потешки на лице и не ми се допаѓаа...се е тоа индивидуално...меѓутоа сигурна сум дека од оваа што ја имаш купено проблеми на лице нема да имаш никакви нити некои нус појави...верујав лицето од неа дури и ми се оправи ,,,ми ги суши и тие малку акни во ПМС што ми излагаат...така да...а инаку од оние наводно лесни пудри што ми ги препорачуваа во парфимерија добивав такви акни да поужасно нешто немам видено од Seventeen која е толку фалена за млада кожа јас добив некои тврди црнки кои едвај со игла ги чистев...од Буржуа (flower perfection) ми се пресуши кожата на носот а на образите ми се појавија куп црнки и лицето кога ќе ја извадев ми беше масно а безживотно....од Max factor ми стана жолто па сиво....od Loreal се ифрлив цела со ситни брунчиња....едино на Vichy Aera Teint Pure ми беше погодена ама пак не можеш нон стоп една те иста да користиш пошто не чини,,,така да кажувам од искуство...што немам пробано никогаш пари не сум жалела за козметика а имам најлоша комбинирана кожа (сува на образи и масна т-зона)...никаде не ми рекоа дека Estee lauder е за постара кожа не викам не можно е стварно да е така јас не сум козметичар но она што мојата кожа го осеќа е дека оваа пудра ми прија....
vikiimacko морам да го искоментирам ова - значи пудрата навлага во порите и те прави постара стварно покрива и се тоа ама девојка на 25 да става таков цемент на лице е тука не се согласувам подобро со некоја крема или на козматичар да го среди лицето а потоа да користи полесна пудра него да се бетонира Да беше така лесно да се исчисти лице со акни немаше да се фрлаат пари на пудра од 50 евра...ама не е така лесно и затоа бараме нешто со кое ќе се покријат акните. koritsaki на попуст да не е комплетов?
За мене пак е солено Инаку мислам дека за маскарата прочитав некои лоши коментари, нешто како дека не вреди за парите и дека поевтините се дури и подобри од неа ама не ме држи за збор- понекогаш не ме служи најдобро меморијата.
Да, искрено мене ми беше највеќе за тушот зашто моментално имам маскара ама ајде нема долго време да земам маскара
Го имам и јас сетов...тушот е преубав, сенките исто ама од маскарата не сум нешто посебно задоволна, некако ми се рони...што знам има и подобри маскари, а можеби и моиве трепки се ептен тапа, па ништо не им помага
Женски да ве прашам нешто денес си го земав прајмерот за очи дали е добар ме интересира , ми го понуди продавачкава ми рече дека е совршен ,сенката стои со саати а јас имам мрсни капаци па се надевам добар ќе е исто и да прашам оваа маскара за што се користи , се нанесува пред маскарата или ? od prodavnicata podarok mi ja dadoa
Маскарата се користи како основа пред да ставиш маскара во боја.Јас понекогаш ја користам само неа кога не сакам да ставам друга маскара.
Koritsaki, подлогата за сенка сигурно е добра. Јас лично ја немам користено, ја имам онаа на Артдеко и задоволна сум, ама мислам дека и оваа е сигурно добра и квалитетна бидејќи имам слушнато добри коментари за оваа козметика, но мене ми е скапа па си наоѓам други варијанти. Со здравје да си ја користиш
Искрено Есте Лаудер ми се преценети општо, а особено па кога станува збор за маскари. Имам користено 2 различни што ги добив на подарок и искено не само што не сум воодушевена туку ако ги тропнев сама парите за нив ќе бев и разочарана. Од Англија ми беа донесени, во случај да варира квалитетот на производите што се продаваат тука, значи не можам ни да се потпрам на тоа дека кај нас носат фушерајска роба. Било која маскара на Мејбилин ми е сто пати подобра од овие на Есте. Ако веќе давам толку пари за козметика пре ќе ги дадам на Диор, Ланком, Клиник него за ова. Кортисаки еве ти линк од коментари за производов, ретко кој е задоволен како што треба. http://www.makeupalley.com/product/show ... er/Mascara
Да ти кажам воопшто не ми требаше ппрајмер маскарава ама кога е подарок не се одбива јас ја имам таа од есте со ребрасто капаче и задоволна сум , дали си зависи и од трепките незнам Инаку од Грција ми се работиве не од МК
Вчера бев да купам крема за раце и продавачката претпоставена за Есте Лаудер фирмата ми презентираше кремава за лице што е со пумпица и овој серумов јас имам мрсно лице и не употребувам никакви креми за лице, ама ајде реков ќе ја ислушам, ми стави на двете раце од двата производа и ми објаснуваше како го заштитуваат лицето од надворешни фактори , ме интересира дали овие навистина се за млада кожа ( јас имам 24 год па викам да не е за 30+ ) таа кремата мирисаше преубаво на краставички ама штознам вака не би зела одма нешто толку скапо дур не се осигурам дека навистина нешто прави ( кремата чинеше 66 евра а другово 80 ). Дур сум млада можам да си земам некоја поевтина и полесна дневна крема ,а за брчки можам да земам нешто од нивните производи подоцна
Користаки серумот не е за брчки туку може да се употребува од 18 години нагоре. Имам читано како многу пати е прогласуван за производ на годината, откритие на годината и незнам таму колку патенти има. Пред се е за хидратација, погоден е за сите типови на кожа, антиоксидант е, освежува тен и се бори против сите знаци на стареење на кожата односно го одложува тој процес на појавување на брчки секако доколку ги немаш, а ако веќе имаш тогаш нема причина да се употребува освен нели за хидратацијата. Плус ја регенерира кожата на лицето и го забрзува тој процес на регенерација и чистење на кожата што се прави додека спиеме. Ако го нанесеш на пример после само 6 часа спиење, а на кожата и се потребни 8 часа за да се регенерира серумот го прави токму тоа, и ги надокнадува тие саати. Јас серумот го добив на поклон ама сеуште не сум почнала да го користам, ова го кажав од она што го прочитав на интернет. Кога ќе почнам да го користам ќе пишам како сум задоволна.
Уф бе женчиња, а вреди ли серумов за парите? Сепак не зборуваме за мала цифра, а добиваш 50мл Ај мимс пробај го кажи дали вреди барем Јас искрено не сум мн задоволна од Есте, маскарата ја имам како онаа на коритсаки што ја има приложенио погоре, ама одма некако ми се размачкува,6/10, имам сенки , од нив сум задоволна ,10/10 и отстранувач за шминка кој е солиден 8/10. Серумиве им ги меркам но не сум сигурна дали вредат за парите ?
Баш и мене ме интересира, мимс пробај па кажи ни дали ќе си задоволна Незнам што да кажам , јас па сум презадоволна од маскарава од сетот што го земав и од пудрата double wear поубава пудра нема и ќе нема а од сенките не сум баш ако се добри производиве да земам и јас да пробам