Имам користено повеќе производи, генерално имаат квалитет, но не баш секој производ, споредено со висината на цената.
Во космо е 6000 денари од 50 ми. Најверојатно од бугарија ќе купам, пошто немам кој да ми земе од грција. Туку, овој серум се става само ноќе? А преку ден кој крем е препорачливо да се користи?
За дневен крем, зависи од типот на кожата. Овој е anti-aging. Aко го купиш од Бугарија, сподели која е цената.
На крај овој сет го земав од Анабела (овие се уствари застапниците на есте) а цената е утврдена и иста секаде низ мк. Сетот е регуларна цена 4830, и плус земав хидратантн крема на клиник за сите типови кожа од 1295 денари. На сето тоа имаш 10% попуст, го даваат ваљда на сите. Во сетот е : 30мл од серумот за лице, 5мл од мрежата за очи (демек серумот за очи делува подлабински овој само површинаки, ама тоа го имаше во сетот), 10 оил капсула за ревитализација кога имаш потррба, и тоа белото е гелче за миење лице. Сепак купив од кај нас, не ми се чекаше и требаше да малтретирам некој од бг. Инаку и тие во софија имаат Сефора, а можеш да следиш и на douglas.bg . Само што се во Софија, нема поблиску во Благоевград.
Супер, добар шопинг си направила. Сподели како ќе бидеш задоволна од серумот, зашто ептен го фалат. Баш да видиме.
Во средата. Why? Уште е рано за резултати...барем неколку недели да ги покористам па ќе споделам впечаток
серумот е феноменален, во космо е 5500 сега, па прашувам дали сега ценава е оваа во анабела да одам да го земам сетот, голема разлика е у цена.
Го имаш користено? Претпоставувам дека да... Дали има ефекти и за колку време да се очекуваат истите?
Значи не знам како да ти кажам, ама навистина кожата е посјајна и поздрава.Јас го ставам навечер и врз него си ставам ноќна крема.Дека брчки брише тоа не, амаи дава еластичност на кожата.Вреди
Серумот е за зрела кожа или може да се користи во 20ти? И ако некој ја користел double wear да ми каже искуство
Мене ми препорачаа во Sephora дека може да се користи и во 20тите, поточно од 25тата година па нагоре. Со редовна употреба имам забележано дека кожата е посјајна, тенот се изедначува, е сега кога сме кај составот е доста хемиски, дури и мирисот некако не можев да го трпам додека го користев. За ефекти подоцна, може помага во врска со хидратација па ја прави кожата да биде по еластична, ама во врска за брчките мислам се си е до генетиката За double wear, имаме пишувано доста пати на форумот, јас ја имам користено 6 пати пудрава и ми е меѓу омилените high еnd пудри.
Цената во космо и во Анабела треба да е иста. Само во космо можеби им е почната некоја акција со два купени производи добиваш некое несесерче со производи..Ама не знам конкретно кои. А инаку ваљда го има сетов уште во Анабела. Инаку за 5500 е тој серум од 50мл , а вп сетов е од 30мл. Да помине некоја недела па ќе ви пишам
5500 е од 30милилтри, убаво прашав.Јас го земав во космо во катната гаража Тодор Александров кога се затвараше во јуни за 3600.Пола ми падна и ми се истури, отидов во космо е девојката ми кажа 5500 за малото шише.И викам фала ке си одам у сефора, и сега видов дека ги сетот си го земала за 4800. мада глеам и у сефора 30милилитри не е мн.на попуст