1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Етика на религиите, задолжителен предмет во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од Bitter-Sweet, 7 ноември 2017.

?

Дали Етика на религиите, да биде задолжителен предмет во училиштата?

  1. Да

    5 глас(а)
    55,6%
  2. Не

    4 глас(а)
    44,4%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.427
    Пол:
    Женски
    Неодамна, актуелена беше иницијативата на професорите по предметот Етика на религиите за воведување на овој предмет во образованието, како задолжителен. Сега е изборен, се изучува во 6 одделение.
    Од здружението изјавиле: Целта на постоењето на ова здружение е предметот Етика во религиите, кој сега, всушност, е изборен предмет во VI одделение, да стане задолжителен наставен предмет во образованието. Исто така, здружението ќе се стреми и кон создавање на услови за поорганизирано работење и соработување меѓу професорите по предметот Етика во религиите, ќе работи кон организирање на семинари, симпозиуми и конференции, потоа изготвување и реализација на проекти кои ќе придонесат да се збогати наставата по предметот Етика во религиите, ќе се труди во промоцијата на етичките, едукативните, хуманитарните и граѓанските вредности во Република Македонија и надвор од неа.

    Ваше мислење за оваа иницијатива? Дали треба да биде задолжителен предмет или не, зошто?
     
    На cresa-jagoda и Petra777 им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да си остане изборен, само да се помести во некое повисоко одделение, барем осмо, за децата да можат суштински да го разберат тоа што се учи.
    Ја немам погледнато програмата, баш ме интересира што се изучува и на кој начин.
     
    На theowndemon, Someonespecial и Rose96 им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Истото мислење над мене, изборен во 7мо,8мо кога се веќе делумно зерли да си одлучат сами.
    Инаку баш би сакала да се реализира ова.
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Изборен дефинитивно, и тоа барем во 7-8 одделение.
    И многу е важна програмата и концептот на учебниците – на кој начин се претставуваат религиите, да има информации за сите религии и да се извлече на правилен начин од тие учења контекстот на она етичкото во нив.
     
    На blonde_supergirl и theowndemon им се допаѓа ова.