Немаш потреба од месо. Милион доктори и студии го кажуваат тоа. Може треба да отвориш да прочиташ што е ново од кога си била 5то одделение.
Еве јас не јадам ништо од тоа, па имам протеини.. И ми е јасно...со таков став сум и тоа е. Секој со свое размислување..
Не сакам соја. Сакам месо. Иако јадам еднаш во неделата... најмногу. Ќе почекам да направат синтетичко месо. Не ми е проблем.
Имаш потреба од протеин и од специфични протеини. Најлесно е да ги најдиш во месо. Ама не мора. Комплетно можиш plant based да јадиш без ризик по здравје. Месото е луксуз. Ама отворете тема за то да не ојме оф топик. Така са ова шо кажа е: "excuses, excuses, excuses". Океј е да неќиш да откажиш месо. Вистина. Не е океј изговори да бараш. Речи не можам. Речи неќам. А дека е скроз возможно и здраво без месо - е.
Не ти треба соја. И мене ми е yucky. 100 пати тофу пробав ама не оди. @WildMk цела огромна гранка е plant based исхраната. И треба мозгање, ко шо пишав во моето оригинално мислење за ова. Зато и ти реков, кажи си дека неќиш, само не вели дека не можи поинаку. И те како можи.
До сега сум била само во зоолошка во Скопје. Не сум била во друга земја, во некои можеби подобри услови, па да зборувам дали сум за ама во добри услови. Животните тука ми се гревови. Бев последен пат пред неколку години и се сеќавам лавот и скоро сите животни или беа слабо или имаа некакви израстоци. Друга работа е нашиот менталитет. Не сме бе ние луѓе за нешто убаво. Им фрлаат се што ќе фатат. Знам дека на нилскиот коњ му имаат фрлано стакло во уста. Ние сме само за уништување, не не бива за друго.
Од кога установивме дека можиме без да јадиме животни, заклучокот е дека и фармите, особено тие за масовна продукција, не се етички и дека дал е животното на фарма, во зоолошка или циркус - страда. Леле. Посетителите вака фрлиле или...?
Ова значи дека ниту Скопската зоолошка градина, ниту пак нејзините посетители се грижат и обрнуваат внимание на добросостојбата на животните. Доколку животните имале одредени израстоци, сметам дека е должност на Скопската зоолошка градина соодветно да се погрижи за тоа и да им обезбеди помош истите да се отстранат. Што се однесува до тоа дека се знаело дека посетителите му фрлале стакло на нилскиот коњ во уста, требало истите да бидат пријавени и кривично да одговараат за тоа, како и да бидат трајно протерани од зоолошката градина. Ова е навистина страшно и не смее да помине неказнето. Зарем никој не се сносува со никакви последици од вакви нехумани дејствија кон животните? Доколку ова се случило дури пред неколку години, сметам дека Скопската зоолошка градина би требало веќе одамна да биде трајно затворена...
Не знам дали читаш редовно што се дешава со животните овде Верверичка му украла ореви, ја фатил и ја обесил на дрво Куче расцепено во глава со секира Труења Еден, еден барем да одговараше за нешто, да речам има надеж
Не, буквално ништо од ова не сум слушнала досега.. Како може верверичка да обесиш на дрво? Како? Или да расцепиш кучешка глава со секира? Со какви психопати го делиме воздухот? Зошто овие монструми поминале неказнето? Зарем не постои некаков член во МК кривичен закон за санкционирање на овие грозоморни злодела или национална организација за заштита на животните?
Ау какви закони постојат, мерак да ти е да ги читаш. Ама колку се спроведуваат е прашањето. Се борат невладините организации ама колку можат, пошо функционираат на донации. Туку колкав психопат треба да си за да ја бркаш верверичката, мислам одма бега, зошто би ја бркал дури ја фатиш. Јас лично имам видено таксист кај што брка куче со колата за да го удри намерно. Значи какви работи има овде над животинчиња...психички ќе попуштиш да го гледаш тоа секој ден Какви пари, од овде луѓето бегаат за да не ги гледаат циркузиве секој ден. Пошо кога ќе го видиш еднаш и те мачи после 2 недели.
Апсолутно. Мислам дека овој случај беше баш одамна, пред може 10-15 години. И тие што треба да се грижат за животните кај нас се исти. Психопати. Генерално, сите зоолошки се измачување за животните. Ама нашиве овде па немаат никакви стандарди. Одма би ги затворила.
Да се надополнам, па Вардариште нели државна институција кај што треба да се спроведува закон за заштита на животни. Епа колку што се има протестирано против Вардариште, не знам дали се протестирало за нешто повеќе. Хорор.
Со други зборови, МК закони претставуваат "мртво слово на хартија". Не треба вакви психопати да поминуваат неказнето бидејќи од каде ќе има општеството гаранција дека истите нема да направат вакво нешто на некој невин човек во иднина? Или сметаат дека се посилни ако се изживуваат врз животни кои не можат соодветно да се одбранат и да им се спротистават? Навистина срамно што буквално никој ништо не презема толку години. Барем тие невладини организации кои @Mantub ги спомена, можеле да се обидат да преземат нешто доколку некој го пријавил ова. Јас, како странец, сум дознала за Скопската зоолошка градина можеби пред една или две години и никогаш не сум ја посетила. Не сум знаела дека истата постои толку долго време, мислев дека е неодамна отворена... Не разбирам зошто би се протестирало против државна институција за заштита на животните? Поради кои "валидни" причини би се правело тоа?
Против Вардариште се протестираше затоа што наместо да ги згрижуваат бездомните животни, тие што се повредени и болни да ги лечат, да ги стерилизираат и се што прават да прават на хуман начин, они се изживуваа ко најголеми психопати и против Вардариште протестираа сите невладини здруженија на животни и сите граѓани кои со свои очи виделе каква мизерија владее таму. После реакциите, град Скопје спроведе истрага и донеле заклучок дека стварно било нехумано прифатилиште. Не дека не знаеја пред тоа. Туку луѓето реагираа, притиснаа и немаа избор. Што се однесува до нив сигурна сум и да се испоотрујат масивно кучиња, мачиња, баш ќе им е гајле Ретко да се најде некој нормален
Плент бејсд исхрана не е ни одржлива, ни здрава, ни нормална за човековиот организам. На кратки стази нема да приметиш, ама на долги... Отвори тема жити се Кај нас немаш ни фарми од стилот на Америка, повеќето од месото до кое можеш да дојдеш, посебно од помали месари не е индустриски одгледано како во фармите во Америка. И да не зборувам за диви животни кои исчезнале како резултат на уништување на нивните живеалишта за да се претворат во плантажи за жито, соја, пченка... Не постои начин на исхрана со кој не убиваш ни едно животно. Ти можеш да не ги јадеш директно, на крај единствено не ги гледаш животните кои се убиени за твојата исхрана. Ти бираш како ќе живееш, ама... You are not that gullible...
@Mantub јас сега од тебе за прв пат слушнав за Вардариште и кога го спомена, искрено мислев дека истото претставува добро засолниште за животните и не ми беше јасно зошто некој би протестирал. Жално е што народот мора да прави толкав јавен притисок за да се преземат било какви мерки... Дали знаеш што се случило со Вардариште сега? Дали има воведено подобри и похумани услови за животните или пак е затворено?
Кај нас секогаш се превземаат површни мерки само колку за мачкање очи. Ќе казнат некој рандом, колку да се каже, наместо да се решава проблемот во корен. За жал, уште кај нас многумина ги гледаат животните само како предмети за наша забава.