Вардариште колку што знам е затворено. Се спремаат нов стационар да отворат веќе 2 години, ама мучкаат нешто и со него. Наводно ќе се отвори после изборите. https://www.slobodenpecat.mk/staczionarot-za-bezdomni-zhivotni-lajka-se-otvora-posle-izborite-foto/ Имаш неколку здружение за заштита на животните што свашта даваат да спасат понекое бездомно животно... Воглавно, потребни се акции од власта и спроведување на законите.
Моја претпоставка е дека доколку во МК се затворат зоолошките градини во Скопје и Битола, тоа би влиајело на посетеноста доколку истите се сметаат како атракција и за државјаните и за туристите. Дали мислете дека тоа претставува една од главните причини поради која истите не се затвораат, со оглед на бедните услови, или постои друг фактор кој има влијание?
Последно знам дека го затворија, ќе отварале ново со похумани услови. Нема да се похумани ама ај. Во Охрид на одмор еднаш забележав дека две кучиња му ржеа на човек кој ги средуваше парковите облечен во униформа од Јавно Претпријатие Комуналец. Државно претпријатие задолжено за хигиена низ градот. И после низ разговор со другарка со која шетав ми вика не им ржат само овие две, и ти да облечеш униформа од Комуналец и тебе ќе ти ржат. Наводно тие ги труеле, ги тепале и кучињата лаат на униформата која ја носат. После државна институција ќе ми каже дека многу се секирале за животните. Активистите на здруженија секоја година посочуваат како случајно од улица исчезнале голем број бездомни наеднаш пред сезона на туристи
Туристи не одат во нашите зоолошки. Туристите се далеку понормални луѓе и не даваат пари за таква работа овде. Се крепат на пари од нашите простаци. Екскурзии им прават на децата од школо ги носат во зоолошки.
Не знам. Се сомневам дека носат толку профит. Мислам дека е само поради тоа што буквално не им е гајле за животните. Секако ако доволно луѓе се побунат, би ги затвориле. Ама ние прво со овој менталитет треба да дојдеме до тој степен. Кај нас, кога ќе се побунат за правата на животните, одма контра реплики: " Ех, вака да се буневте за правата на луѓето." Како едното да го исклучува другото. Така се создава генерална апатија.
Кои можевме дирек да ги искористиме али уште толку почва се уништва за фарми пошто и животните то јадат и се прат плантажи за тие да се нахранат, башка за луѓето, башка простор за животните за фарми. Дупли трошок. Али се согласувам дека кај нас нема такви фарми и злото е помало само зошто е локално. А за одржив вегански живот - е. Само мора пазење, и мора да е балансиран. Опција не балансирано веганско или вегетаријанско јадење иди со свои ризици. Поќето истражувања против овие два начини на исхрана вклучуваат вегани кои не пазат шо јадат и се хранат со "брза" храна или премногу рестриктивна ( една од нив е high carb low fat и некои гранки на raw). Впрочем и кај омнивори тие кои се хранат нездраво е ризик фактор за идна појава на болести. АМА исто така е факт дека и месојади и тревопасни ( ) за да се целосно здрави и диетата да им е одржлива мора да се хранат балансирано ( то вклучва два суплементи во веганството и помали порции месо во омниворството). Сепак, поодржливо е да јадиш месо ако не можиш да се храниш балансирано plant based и скроз го разбирам то. Секој треба да јади онака како шо се осеќа. Само јас оти одбивам месо и наеднаш сум нездрава, оти јас сум поќе нездрава од нездрав омнивор? Оти јадење месо е норма и нездраво јадење со месо се смета за поздраво од здраво јадење без месо. Има многу вегани кои се откажале од веганство оти не се осеќале добро. Кога разбарав да видам шо јадеа, сфатив оти не се осеќале добро. Накратко, ништо нутритивно не јадеа. Мора едукација за да се има балансирана чинија шо носи до здравје, а не другото. Гледавме со другар ( истомисленици сте аххаха не го користам ко џокер аххахаха) мета анализа за сите видови на храна вклучително кето, класичен омнивор, вегетаријанството и веганство. Болестите кај веганство шо беа застапени беа типични на несуплементирана, небалансирана веганска диета. Исто и кај омниворите. Болести типични при неконтролирано јадење месо. Омилен збор ми е, али се е во балансот. Зошто месото претходно било неопходно е зошто е полесно да внесиш се шо треба пред век- два и поќе преку месо. Немале суплементи. Немале секакви зрна и зеленчук сегде. Сега се то е сменато и зато и ова е изводлив начин на исхрана.
@Mantub јас кога за краток период престојував кај роднини во градот Тетово, забележав дека низ градот имаше премногу кучиња скитници по улиците и додека одредени граѓани се плашеа од нив, имаше и други кои ги малтретираа со клоци и се фрлаа по нив со камења. Кога разговарав со една жена за да ја прашам дали од секогаш имало толку кучиња скитници низ градот, таа ми одговори дека рано наутро со превозно средство ги пренесуваат кучињата од друго место во градот. Доколку ова е навистина точно, мене оваа постапка ми изгледа како избегнување на проблемот со бездомните животни каде буквално се префрлувани од еден во друг град, наместо истите да бидат сместени и згрижени во соодветно засолниште.
Точно е. Си ја префрлаат топката едни на други. Наместо да застанат и да го решат проблемот. Ама за тоа треба да се работи. А ние сме навикнати на пиење кафиња по 4 пати во смена, и 16 паузи. Тоа е
Да, посетители. Генерално земено многу сме како држава затапени по прашање на животни. Убиени, мачени, труени, тепани, запалени живи, одрани живи ама се се бутка "под тепих" под изговор "луѓе ни умираат, сеа за животни ќе се секираме". Колку пати ме направиле будала што се расправам со теујачиве што фрлаат отрови по паркови, училишта и градинки. Као јас не сум се грижела за децата. Не сфаќаат дека од тој отров во најтешки маки умира куче од 30 кг, а што би се случило мало дете да го пипне отровот, па да ги бутне прстите во уста. Имаше случај каде што девојче (мислам во градинка) се отруло од таков отров, ама не знам што се случило потоа, но медиумите тоа го заташкаа. Го имаше само на социјални мрежи случајот. Кога гледам што се се случува ми се гади од народов во оваа држава. Не ми е јасно колку зло постои во толку мала земја.
Како прво и основно, сметам дека ако веќе има зоолошки градини треба да се доста подалеку од градските урбани средини за да имаат огромни површини и така посоодветни живеалишта. иако тоа би било трошок... се е околу парите.
@Briar Rose https://twitter.com/Reuters/status/1286715266538196992?s=19 ова во Скопската било. Де нека ги префрлат Битолските животни таму. :')
Го гледав истото видео на YouTube и би рекла дека овој гест навистина може да се опише како animal-friendly и покажува дека вработените во Скопската Зоолошка сепак се грижат за животните, генерално зборувано. Меѓутоа, претпоставувам дека животните кои припаѓаат во зоолошките на другите МК градови не ги добиваат истите олеснувачки околности, туку продолжуваат да живеат во мизерни услови, особено сега за време на летниот период. Свесна сум дека МК закони прават многу малку за да се погрижат соодветно за правата и добросостојбата на животните сместени во зоолошките градини во поглед на нивниот третман од страна на вработените и посетителите низ текот на годините, како и самото етичко прашање за постоењето на зоолошките. Така, би рекла дека овие гестови се најмалку што вработените можат да го направат за животните за да им го олеснат животот одвоен од нивните природни живеалишта, и покрај тоа што истите не се еднакво применувани за сите животни кои се чувани во МК зоолошки градини.