Спојлер Колку што разгледав, не видов ваков вид на тема, доколку сум грешка слободно бришете . Дали ви се допаѓа овој стил на уредување без разлика дали се работи за ентериер или екстериер? Дали можеби имате нешто и во својот дом? Да споделиме некои интересни идеи од она што сте виделе, а го посакувате да го направите и вие во својот дом . Нешто за почеток .
Имаме дома по некои етно украси и тие се само по желба на татко ми. Мене не ми е по вкус цела куќа да е така уредена. Повеќе ми се допаѓа вакво уредување на некоја викендица на планина или во село. Еве неколку идеи..
Мене ми се допаѓа стилов, оти ме потсеќа на Македонски Народни Приказни, некаква топлина ми има. Многу ми се интересни некои етно чинивчиња, чоканчиња за ракија, барденца, некои такви детали, кои верувале или не иако кај нас младинава повеќето ги сметаме за старски и грди работи, во странство достигнуваат навистина големи цени. Мене ми се допаѓа на око, но не е за мене, зошто стилот содржи многу волнени прекривчиња, јамболички, на кои сум алергична, како и други членови од семејството, така да и тоа што сме имале сега нема. Се сеќавам како малечка на едни тобри ткаени од баба ми, црвени, и на едно чинивче старско црно со жолти шарки, и внатре секогаш имаше бомбончиња, значи го обожавав! Другата баба на село имаше куќа уредена во овој стил, ама скоро никогаш не одевме ради алергиите, и во куќава се влегуваше преку дрвена врата хорзонтално поставена над скалите. Како капак се креваше за на таван, многу необичен влез, и тука одма почнуваше термот, со клупи дрвени со јамболички покриени, и перничиња ткаени, постелено погодено ) И како тарасичка беше тоа. Знам дека имаше и вршник, ако се вика така за јаденње подготвување, и многу убав печен леб правеше. На друг детал на кој се сеќавам е еден ковчег за алишта старски што го имаше, абе ја премолувавме со братучедите да го отвори, никако не сакаше ) Рувото во него и го пратиле. Се сеќавам и на триножни столчиња, распоредени неколку имаше. Интересен стил, кој си бара многу многу детали.
Си има свој драж, етно стил. За по дома да уредувам не би го практикувала сепак сум по модернистичкиот стил повеќе, а за на викендица ДА. Куќата од баба ми и дедо ми (не се повеќе живи), татко ми го преуреди во тој стил. Целата куќа е направена од камен (летоска кога е +40 степени таму е 20 степени и без кебе не се спие). Бидејќи беше малтерисувана со некоја мешавина од кал, слама, песок и ѕидовите пукаа, ги обложи со ламперија. На нив закачи македонски носии (на баба ми што порано се носеле ), појаси и некои други украси. Во дневната има направено полици со тешка стручна литература од ,,Тито је наш ми смо титови,, до ,,Одгајање куњиќа,, . Целиот стар мебел го преправи (тишлерај му е хоби) и претапацира а во шифоњерите се уште се наоѓа по некој килим и јамболија. Во ходникот на почасно место е отоман. Kујната е класична од иверка ама во неа се наоѓаат чаши од пред 30 год. и оние мали филџанчиња за турско кафе. Се уште се вртка таму татко ми и одржува колку може. Ние ја користиме за викенди и свеж воздух. Малиот обожава да оди таму затоа што секое негово одење открива нешто ново (таму за прв пат виде котле, срп, петролеум ламба, подвршник,...и некои др. работи)
Не би го уредила мојот дом во етно стил. Не сум некој голем обожавател на овој стил но имам почит спрема него бидејки тој отсликува дел од нашето македонско културно богатство. Со задоволство би уживала во ваков амбиент доколку во нашата земја би имало направено посебни населби во некое село или планина специјално направени за домашни и странски туристи кои би можеле да го видат и почуствуваат тој стар традиционален етно стил на уредување.
во последно време, стилот стана актуелен по ресторани и кафеани дома не би уредувала вака, може во дворот да ставам неколку елементи, а многу би сакала да имам викендица вака уредена, со оригинални стари предмети можеби некогаш и тоа ке се случи
Ми се допаѓаат етно елементи како дел од некој објект или ентериер и често ги користам во моите проекти. Особено ѕидови со камен и сл. Некако ми делуваат природно. http://architectureanddesignenna.blogspot.com/2013/08/002.html Но комплетно Етно уредување мислам дека е исфорсирано и несоодветно за времето во кое живееме. Мислам полици со масивно дрво некако не ми одат со плазма телевизор.
Jас сум минималист. Не би можела да живеам во вака уреден дом, но би се сложила со останатите, не ми пречи да има повеќе такви угостителски објекти, напротив. Сепак и стан и викендичка и двор би уредила онака "стерилно", монохроматски, геометриски.
Етно уредувањето е презачестено, посебно во уредување на ресторани, станува монотонија. Времето во кое живееме и не одговара многу за едно вакво уредување, во угостителски објекти, онака на секој чекор. Пријатно е, треба да има и ваков стил, но да не биде секој угостителски објект етно и да не биде пренатрупано со антиквитети, кои многу често се оставаат со еден куп прашина.