Ако Нутела е најпознат, мене лично не ми е нешто посебно вкусен. Повеќе ми е како добра реклама, демек ако не е Нутела, не е еурокрем. Мене лично најубав ми е од Агроплод (сега Свислион), Супер Агрокрем, оној стариот наш познат.
Прееска баш јадев. Деновиве мајка ми почна да ни купува од оној Луна,ама само црн што е. И е доста вкусен,ама преблад ми е. Еурокремот од таково е поубав,а Виталиа диет кремчето ми е нај! Спојлер ии да,оној мистер чоко,у карфур што го има,аах,сон е.
Ме воодушеви хрватската Lino-lada, не е толку блага како останатите а околу 230 ден. е низ супермаркетите, ја има во Рамстор.
Обожавам! Иако мешево ми знае.. Сеа најново што пробав и ме изненади е од тинекс од нивните производи,само црниот дел пишува екстра тинекс на кантичката... 140 ден.е а количински канта од 900 грама и е превкусен! Нутела секако да не споменувам!
Маж ми пред две недели купи крем од Стокомак. Кремот се вика Киндерино и е 104 денари, а количински е 900гр. Многу е вкусен.
Јадев Нутела омилен ми е!Сега сменав малце јадам Финети 600 грама е и поевтин е од Нутелата...е заборавив колку пари е...Убав е,ама не како нутелата,добро сличен вкус имаат
Уште во градинка ми беше омиленото нешто-еурокрем.И сеуште денеска ми е омилено нешто,инаку најубав ми е на Луна.
Нутелата-само името се плаќа,ништо повеќе. Мистер Чоко,уште од век веков најбољи е! Сеа плус,немора да си го увезувам ,во Карфурот го има. Двата се убави,ама оној само кафеав у тегла шо е ,е нај нај нај! Дома најчесто Луна се купува во последно време,не е лоша,ама изменета е.Мене ми е некако преблага и течна. На Таково еурокремот исто е на второ место на пиедесталот,после Мистеров. Не е за џабе Мистер,еее!
Омилен . Многу го сакам и алпико, ама ретко купувам. Нуутелата ми е преубав, ама можам само со палачинки или бисквити да го јадам. Само крем ми е преблаго
Најубав ми е Нутела - но не го купувам него И многу нејќам луѓе што не би јале палачинки или било што со крем ако не е со нутела