Јас сум меѓу ретките кои не ја љубат нутелата. Си сакам поштено агроплод! Еурокрем, не е еурокрем ако нема и бел крем.
Епа да ви кажам право јас не сум многу по еурокрем.Сакам,но во ретки комбинации во стилот крем и банана,крем и бисквита... А многу сакам да го јадам и топен! Инаку не ги разликувам кремовите сите ми се исти ама ете би го издвоила Еурокремот Еурокрем
Ма каква нутела брее?? Еурокрем си е еурокрем..Поготово коа има одозгора како коричка, колку е само благаа,и на жешко коа е стопен.Нема нешто подобро. Спојлер На добар пат сум да станам шеќерашка
во Центар на едно место има една палачинкарница, Пинк Пантер мислам се викаше.. од Рекорд кога идеш накај МекДоналдс кај што беше, и пред тоа градилиштето свртуваш на лево, меѓу тие зградите.. Е таму го имаат најубавиот еурокрем!!! многу често одам таму, цело време си мислам да ги прашам каков еурокрем купуваат и плус палачинките им се ептен ефтини! ми се пријаде сега...
сум пробала уште каков не крем и пред 4,5 месеца од кит го купив еден Барон мислам дека се викаше и омилен ми е , каква нутела..
До скоро јадев само од агроплод и несакав да чујам за другособено го јадев белиот дел....ама кога пробав Нутела е и од чоколадниот се разјадов....една тегла Нутела за 2 дена ја јадам
Еурокрем си е Еурокрем. Како дете го јадев многу. И после излегоа нови врсти од Витаминка, па во Кам има едни теглички што наликуваат на Милки веј, па оргиналниот Милки веј .... Кога пред извесно време го открив Еурокрем кремот повторно, се израдував ко дете на играчка. Се чудам кај сум гледала сите овие години. Мајка ти што ќе ти донесе дома тоа ќе јадеш де. Кој тинејџер сакал да оди да пазари.
Го сакам кремот на Свислион-Таково, посебно кога фаќа коричка. Баш е класичен Еурокрем и многу ми се допаѓа. Не сум обожавател на Нутела и не разбрав зошто народот попаѓа по неа. Мене отсекогаш повеќе ми се допаѓал Меренда, а кога залихите Меренда ќе стивнат, тука е Алпико од КАМ. Во последно време, би рекла дека Алпико ми е најомилен. Фантазија од крем!