Jaс купувам од тој кремот Алпико во Кам што го има. За таа цена и повеќе е од супер, навистина вкусно кремче. Порано многу го сакав тој од Таково ама не знам, нешто го изменија рецептот. Малку да постои одма корупка фаќа. Затоа Алпико си земам. А тоа Нутелата, глупост невидена. Ај ќе ги дадеш парите, ама бар да вредеше. Сите се залетале зошто го напнуваа на 9GAG и на Weheartit а до пред две години ретко кој имаше пробано. Навистина не вреди за цената, преблаг и искрено, за мене премрсен некако, такво чувство добивам.
Еурокрем не јадам многу често, така што не пребирам многу многу. Најмногу го јадам со палачинки, а вака на лепче намачкан не сум јадела којзнае од кога. Нутелата е вкусен еурокрем, за оние со низок шеќер како мене - чиста десетка. Кога ќе ми се слоши дома, земам една лажичка и одма ме враќа во живот. Баш сакав да си купам големо пакување од Фри Шоп, ми се чини 5 кила беше теглата. Ама од тој цела фамилија ќе јадеме и пак нема да го изедеме Премногу заситува. Мама многу често го купува Таково, вкусен ми е и тој. И Финети го имам пробано и тој ми е убав. Уствари мене секој еурокрем ми е убав. Не пребирам многу
Јас сум голем љубител на еурокрем. У осталом на све што е благо. А сестра ми е луда за кремче . Ние едно канче, од оние нормалните јадеме на едно јадење , па така гледаме да е нешто поефтинко оти Нутелата ќе не осиромаши. Луната е добра, а и оној на Агроплод. Исто и Финети, па на Таково. Нема лош еурокрем. Не велам дека Нутелата не ја бива, ама па скапа е, а не е нешто непроценливо вкусно. Сега у мода е да јадеш Нутела. Летат статуси на фб дека јадат Нутела. И како да ги сфатеш, дека имаат пари па си купиле Нутела? Премногу шмизловски. Го напнаа со тоа Нутелата, демек сите ја јадат. Да бре секако, ви верувам .
Порано многу купував Нутела крем и убав ми е, така кремаст, мек некако и таман ми е благичок, јас пола тегличка можам да изедам, ама за тежок, тежок си е. Имам јадено палачинка со крем во Амати и Твиги и одвај цела ја изедов. А гледам сите го фалите Таково кремот, мене па ич не ми се свиѓа тој, а и за брзо време фаќа корупка и после не сакам да го јадам. Од други кремови што имам пробано најубави ми се Финети и Лино Лада.
Мене Нутелата ми има стварно преубав вкус и ја обожавам, само проблемот е што е така малце поскапичка. Ама од време на време знам да купам и да си се засладам со Нутела. На моите дома Еурокремот од Таково ептен им се допаѓа, викаат незаменлив бил, ама што знам, јас неможам да го поднесам. Ми има некој чуден, ама неубав вкус. Незнам што е работата, изгледа проблемот е до мене. Сите го сакаат само јас не! о.О А исто така убави ми се и: и еден Спорт крем.
Дефинитивно е најдобар :up: Ептен,ептен,ептен е убав..Сличен е на нутелата ,а поевтин е..Многу е вкусен..ммм
Нутелааа многу е убав ..имам пробано но проблемот што скапо е ...добро де имат и по мали а јас си јадам ваква..
Тој е тој - Кралот од Ресен! Често знам да си купам од тие малите кремчиња и да си го изедам со сласт со прсти! Со него израснав и за ништо живо не го менувам. Спојлер Освен можеби за Финети, од финансиски причини.
амм јас обожавааааам АРКОРЕМ4Е така го викаме со де4ко ми ии мене така ме вика тој дека многуу го јадааам било какво само да е арокрем4е..
Моите дома купуваат еден еурокрем од тинекс нивно производство.(сигурна сум дека во сите тинекс маркети го има) Прекрасен вкус на лешник и не е многу скап. Сепак на Нутелата и на Финети не му можи но е сепак многу многу вкусен
Ни јас немам јадено Нутела и ме интересира дали да го јадам или не дали го препорачувате? Сакав баш пред некој ден да купам ама реков прво да прашам. Иначе го јадам Еурокрем од Таково.
Епа ја ако почнам да јадам еурокрем нема да сопрам Често јадам со млеко Али еурокрем си е еурокрем сите ми се исти ни нутела,ни мутела
Уф мојата болна страна. Еурокрем обожавам, не су го јадела многу како мала, сум знаела некогаш да намачкам на лепче, ама сега го обожавам, ама поради пусто пазење на линијата, во една година дали три пати јадам еурокрем. Годинава само еднаш имам јадено, а многу го сакам. Ептен ми е вкусно. Не пребирам, еурокрем да е, сите можам да ги јадам, само благо да е.