Како мала ова ми беше ужина ама и сега ме фаќаат кризи за стариот добар Еурокрем Нутела не сакам од што е блага ми се лоши.
Како мала се отепував од јадење Еурокрем. Ама после ја запознав Нутелата и иако е (пре)многу блага сепак се заљубив во неа Сепак, не го заборавив целосно Еурокремот. Си останува прв придружник.
Од сите можни кремови кои што сум ги пробала Lino Ladata ми е најубав. Повеќе уживам во белото чоколадо и затоа секогаш земаме бел Lino Lada. Баш вчера се почастив со нова тегличка и пред да го отворам внимавав на мечето да не го сецнам со ножичката. Ептен ми е душиче.
мислам дека го има во кам маркет финети ми е најубав..а нутелата препрепрепрепрпееблага само името и е големо
Едноставно обожавам еуро крем и ден денес со сласт си го јадам еден од најубавите ми е еурокремот на Агроплод.
Јадам, јадам секој ден Сите кремови ги сакам, ама прво место ми е Агроплод! НЕЗАМЕНЛИВ! Второ место Еурокрем Таково
Од кремов ЦИПИРИПИ едно дете од улица си доби прекар и стана Ципирипи Иначе од кремовите најмногу го сакам овој
Мене оној од Таково ми е навистина невкусен, кафеавиот дел ми нема вкус на чоколадо, воопшто, туку ми е некако киселкаст, безвезен. Белиот не знам, не ни го пробувам. Најубави кремови, со нормална цена, ми се оној со кравичката Луна, и еден од Кам маркет, не му го знам името. А Нутела што е најубав, е. Мене лично не ми е преблаг, таман ми е, а вкусот е богат, се чувствува лешник,чоколадо, ммм. Не го јадам често, не ми се дава толку пари за крем, затоа што и не сум којзнае колкав љубител, можеби да бев ќе купував од време- навреме, а вака.. не памтам кога последен пат сум го пробала, но и покрај тоа, дефинитивно е највкусен.
Ептен сум пребирлива за еурокреми , убави ми се само Нутела, Луна и еден од кам , аман не ми текнува како се викаше .Моиве сеа купиле некој од тинекс, убав е -Екстра , така некако пишува на него само чоколаден.
моите другарки не ми веруваат...ама ние дома (4ца) уште имаме nutella што татко ми ја купи за нова година, како што тргнало, изгледа и ке ja фрлиме. кај мене дома ретко се јадат вакви работи
Ммм еурокремче обожавам,а и керка ми исто така многу ми јаде еурокрем,и тоа нај многу сака дирекно од тегла со лајца да срка.пред 5,6 месеци од една турска продавница купив турски еуро крем Армела се вика,нај убавиот до сега што сум го пробала како мала го викав Аерокрем, сите ми се смееа