И јас како помала јадев многу еурокрем, се сеќавам мајка и од работа ќе донесеше цела кофичка црно бел еурокрем, врска немам која марка беше толку се сеќавам и за 3 дена го однемуваше, го јадевме многу и јас и брат ми, со лажичка црпевме . Е како минуваше времето и растевме, некако се послабо го јадам и ете сега ептен ретко, дома имам обавезно Нутела, тој ми е најубав за сега, кога одам Мк си купувам на Таково тој ми е еден од најомилените, ама тука бидејќи нема таков морам Нутела да си купувам и така, чат пат ако ми текне ќе си намачкам на лепче за доручек ама послабо, некако не ме влече сега толлу многу да јадам еурокрем отколку кога бев мала, се си е до време
Порано јадев повеќе, море нон-стоп Спојлер (затоа си имаше и последици ). Најубаво ми беше/е да јадам со прсти, или да макам со соленки. И сега купуваме редовно, да има за во кризни ситуации, ама не го јадам толку често, чат-пат. Најубав ми е од Агроплод, незаменлив е. Исто, убави ми се и Луна, Алми, оној шарениот од Кам, Финети, Памелина (порано го имаше, сега не знам), Ципирипи и др. Кога станува збор за благо, не пребирам, особено ако е чоколадно . Плус, гледам да ми одговара и на џебот, да не е некој прескап. Оној од Таково ич не ми е убав, некако многу се лепи и како грутка стои, не можам ни да го намачкам ни ништо. Нутела имам јадено ама искрено не ми е ништо различна од другите, добро, поскапа е и преблага за мој вкус.
"Ајрукрем" по нашки Најубав ми е Мистер Чок, дефинитивно. Потоа Луна и оној на Свислион, со верверичка.
Со палачинки, банана, шлаг= совршена комбинација Најомилен ми е Луна, па Алпико, па oд Агроплод А иначе се знај кој е најубав- Нутелата, ама и цената му е многу интересна. За наш стандард, скап е.
Си сакам кремче,ама знам дека не треба многу. Овој од погоре ми е најомилен,особено со палачинки...мммм....потоа и Нутелата ја сакам, таа повеќе со леб. Не сум пробала и многу други,доволни ми се овие.
Јас не знам зошто се крева толкава фама околу Нутелата - крем како крем, без тоа белото не чини! Кај е скапа, па малку е - тегличето тежи многу и е оптичка варка. Не е лош крем, ама повеќе ми е комерцијалка отколку вистински вкусен крем. Мене омилени ми се кремчињата на Таково и овој Вундер - откритие на годината ми е! Ефтин, вкусен, не станува камен како што знае да се случи со некои кремчиња и совршен е!
Каква Нутела, какви западњарски, капиталистички бакрачи? ЕУРОКРЕМ! И тоа лично за мене оној од Агроплод Ресен! Ептен звучам ко тежок екс ЈУ носталгичар ем комуњар а? Сериозно. Еурокрем ми е симбол на детството. Се сеќавам кога не се прибиравме дома со саати, се качувавме до дома колку да ги залажеме родителите дека као демек ќе ручаме - шије ми га Џура работава, и се враќавме сите со по една дебела кришка бел леб и еурокрем! Се разбира колку повеќе имаш од белото, толку повеќе си цар. Е сега не си цар ако ти се соберат катанга другарчиња и почнат сите со - „дај еден гриз“ а не дај боже да дојдат машките, отиде кришката и во мојот случај беше „леле аман кој ќе се качува пак до трети да земе уште една кришка“ А некои поединци не ти даваа гриз. Го држеа прстот на лепчето за да не им гризнеш премногу. Лоши! Ако ова не е доказ дека еурокремот е закон, не знам што е! Еурокрем со лаЈче ми е втор по омиленост. Еурокрем на прст, такоЃе омилено. Ама еурокрем и палачинка, е тоа ми е веќе оргазам на сетилото за вкус. Јас не сум баш по благото, особено не сега, некако со тек на време се одвикнав, и можам да издржам без благо јадење подолго време. Ама го прогласувам еурокремот за најубавото благо нешто што постои на планетава. Освен кога го ставаат во неограничена количина на вафлите во Палма...мислам дека тогаш ми се одмили и еурокрем, и вафли и се. А инаку, круна му ставам. Е така. За секогаш. Оп стоп, не примам баксуз!
Овој е грчки еурокрем и е преубав! Каква Нутела, вода може да му носи, а и цената е одлична околу 4-5 евра е цела голема кантичка во Лидл, додека најмалото 200-300 грама е 1,20. Кога ќе одите кај јужниве соседи земете си и пробајте, го има и на Фри шоп ама поскап е, во Лидл е најефтин.
Џабе објвавуваат слики и статуси за Нутела, кога дома мачкаат мармалад. Инаку Агроплод од Ресен, и Таково повеќе ми се допаѓат него Нутела. Пробав и Нутела ама не е којзнае каков вкусот.
Нутелата ни е омилен дома, ама не само заради вкусот, за мене најмногу затоа што нема транс масти, нема хидрогенизирана растителна маст, што во другите кремови од тој тип има. Ако веќе сакаат децава да јадат нешто такво, тогаш барем нека е најквалитетното што јас можам да го најдам. А и квалитетот... неколку пати кога сум земала од Таково Еурокрем имало различен квалитет. Еднаш беше толку лош вкусот што цело кантиче (а земав кантичка, од 1 кг мислам) го фрливме. Затоа (за)сега Нутелата ни е фаворит, таму немало отстапувања.
Темава ми го отвори апетитот Си намачкав 4 кришки Oвој ми е најдобар многу е мек, а обично кога ке купам друг тоа одозгора како чоколада е тврдо,и пола саат ми замина во фрлање на тоа тврдото. Така да овај ми е најдобар