Имам предходно пишано во темава ама ова морав за Нутелава да го пишам. Можеби некои немаат дома ни за мармалад,а фрчат статуси лелелел Нутелааа Епа мене најмногу ме нервираат. Ама ако ништо повеќе па убава реклама им прават на Нутела.Ем бесплатна,ем ефикасна
Само кремот од ВИнчини ми е најдобар посебно оној што е скрос црн и како се вика незнам само еден крем е германски во Кам што се продава.
Оргиналниот црно-бел крем под име „EUROCREM„ е од италијанската фабрика A. Gandola & C. S.p.A. и почна да се произведува 1967 год. а југословенското Таково со лиценца истиот почна да го произведува 1972 год. Пред неколку години Таково е превземено од SwissLion и многумина велат дека од тогаш вкусот на Еурокремот повеќе не е оној истиот, иако е сеуште мошне вкусен. Баш ме интересира дали италијанскиот го задржал и денес изворниот вкус.
Секако Нутелата ми е на прво место, можам да мачкам само Нутела по цели денови само тоа да јадам... ама пак многу се фрлам на лицето од неа, изгледа од маслата што го содржи. Инаку си го обожавам еурокремот од Таково, многу вкусен ама пак некогаш знае да се направи камен и да не се мачка.
офф... обожавам еурокрем можам цела тегла да изедам. Јадам секаков вид на еурокрем. А то шо ја преценват нутелата е нешто друго. Мене не ми е ништо посебно таа нутелата. И сега ми се пријаде од темава ко ја прочитав