Нутелла.. Не доручкувам секојден преферирам 5 мин. Повеке спиење ама кога сум вора смена или кога е викенд обавезно тоа ми е доручекот...
Не мачкам на леб. Никогаш не сум сакала многу леб и еурокрем, ама затоа во палачинки, секогаш! Јадам исклучиво црн еурокрем, никако не можам да поднесам бел. Купуваме Нутела, а одамна се токмам да си го купам еурокремчето што го јадев како мала и тие малечките пакувања. Радост жива! Иако не јадам леб и еурокрем, многу сакам кифлички намачкани со еурокрем и баба ми нон стоп ми мачкаше ко мала. По една на ден, нема повеќе. Памела ли се викаше, не знам, ама беше во сино пакување и многу го сакав.
Белото или црното, белото или црното? Вечната дилема. Туку, некој пробал Еурокрем со смоки? Тоа е, мед.
Мистер Чок и тој од Алпико,од Кам Маркет. Бикоз Нутела ис ту мејнстрим.И ја напнаа,а не е ништо посебно,не вреди за парите.
Го обожавам поготово крем , лепче и чоколадно млеко или пак во палачинки џабе сите се напнуваат со нутела кога мене еурокремот ми е поубав
Па не го јадам многу, онака уз палачинка иначе на лебче не ми текнуе да намачкам. Најмногу го сакам на Агроплод. Порано баба ми секој ден кога одеше по леб ми купуваше во малечко кутивче и си го лижев целото... мераци! Сега ептен ретко го јадам, се си мислам дека го нема оној вкус од порано.