Иако ретко јадам, кога јадам уживам. Иако во последно време јадам Nutella, сепак многу го сакам и на Takovo еурокремот
Никогаш не бев му дала шанса на Луна, видов од тука дека го фалите па сега омилен ми е. Нутела е исто прекрасен, ама да наше си е наше.. башка и цената е неспоредлива. Јас го сакам белиот крем, што е редок случај па се погодувавме од мали со сестра ми, мене белиот дел, нејзе црниот. Сега знам да купам и цел бел, па немам гајле. Со чаша млеко, незаменлив доручек е, иако го избегнувам поради тоа што е многу калоричен.
Видел некој од Агрокрем, ама тие малите кремчиња со лажичка зелена што се продаваа? Не ми е ни битна лажичката, ама се отепав од барање по сите маркети и како чукната ме гледаат кога ќе видат дека се разочарувам
ми текнува само на тоа дека беше во црвена кутија тешко се мачкаше и на него пишуваше са укусом љубави ммм прсти да излижеш
Еурокремот Агроплод ич не ми се допаѓа. Го упропастија. Не е тоа што беше. Освен еуркоремовите Спорт и Луна, ми се допаѓа и еурокремот Финети.