Еххх Еуроазија. Времиња беа тоа. Сум киснел секој викенд таму за да си купам нова облека. Носеа облека од Бугарија, т.е. стари модели од Мохито, Хаус, Кроп и тн. и кога не одев во Бугарија на шопинг, си купував од Еуроазија. Што се деси и зошто затворија, не знам. Беа на лошо место, во замрен трговски центар. Дојдоа нови брендови, кои мислам дека исто така имаа утицај на нивното затворање, или па можеби е нешро трето, што ние не го знаеме. Ама како и да е, изгубивме добар бренд на продавница која ја знаеја сите скопјани. Сега ќе мора да се задоволиме со продавниците што ги има во Сити мол, Ист Гејт, Дајмонд и тн.