Драмската серија "Еуфорија" ни покажува група средношколци, нивните љубови и пријателства во светот кој е полн со секс, дрога, алкохол и социјални мрежи. Актерката и пејачка Зендаја ја игра главната улога во серијата, која ќе се емитува секој понеделник во 21 часот на Ејч-би-о, а сите епизоди ќе бидат достапни и на Ејч-би-о гоу. – Драмската серија „Еуфорија“ дава нов поглед на наративот за созревањето, истражувајќи го тинејџерскиот свет полн со забава. Серијата ни ја прикажува 17-годишната Ру Бенет (Зендаја), наркоманка излезена од лекување, која се обидува да открие што да прави со својата иднина. Покрај Зендаја, во серијата настапуваат и Мод Апатоу, Ангус Клауд, Ерик Дејн, Алекса Деми, Џејкоб Елорди, Барби Ферера, Ника Кинг, Сторм Рид, Хантер Шејфер, Алџи Смит и Сидни Свини. Автор на серијата и сценарист на сите епизоди е Сем Левинсон, која е и извршна продуцентка. Меѓу извршните продуценти се и раперот Дрејк, Фјучер да Принс, Рави Нандан, Кевин Турен, Хадас Мозес Лихтенштајн, Рон Лешем, Дафна Левин, Тмира Јардени, Мирит Туви, Јорам Мокади, Гери Ленон и Џим Клевервајс, како и консултантите Скот Тарнер Шофилд и Џереми О. Харис.
Ја изгледав првата сезона. Многу реална серија за средношколскиот живот, солидно одглумено. Искрено највеќе ја гледав заради Зендаја, Jackob Elordi ми е омилен а и во серијава беше ептен маче . Посебен впечаток ми остави Alexa Demie, девојкава ми е прееубава. Се на се добра серија 8/10. Дали знаете дали ке има 2ра сезона??
Ќе има и втора сезона, HBO нешо најавиле демек во исто време ќе почнела како и првата мај-јуни беше не памтам точно
И јас ја изгледав во еден ден иако очекував помалку,сепак ми се допадна ептен првата сезона,едвај чекам втора сезона.