Ефикасен режим на исхрана за брзо слабеење

Дискусија во 'Диети' започната од NovusOrdoSeclorum, 25 август 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Знам колку е важна витката фигура за секоја жена и покрај ненормалните кампањи сакајте го своето тело со промоција на BBW. Не, ужасно е тоа. Затоа сакам да споделам со сите вас еден интересен режим на исхрана, кој го навикнува желудникот на функционирање баш така како што сакате вие.
    Не сум имала никогаш проблеми со некоја енормна дебелина, но отсекогаш сум била склона кон дебелеење нешто кое може да ми направи проблем во подоцнежните години и цел живот да пливам во диети, безуспешно. Во последните неколку месеци се навикнав да вечерам (иако тоа никогаш не го правев) и накачив едно 12-13 килограми. Не само што си бев одвратна на себе, туку и почнав да имам проблеми со дигестивниот систем (подуеност, запек па пролив). За месец дена симнав 14 кила и моментално ја одржувам тежината.

    Напомена: Ако не вежбате, нема да ви никнат мускули :)

    Прво, заборавете на вечера. Ако имате потреба пред легнување да каснете нешто тоа нека биде некое овошје или каква било салата, за постепено да ја исфрлите навиката за вечерање. По некоја недела вакво вечерање, на лесен начин можете да го исфрлите и ова од употреба. По 6 поручек избегнувајте да внесувате било што, освен големи количини на вода (или алкохол, ако сте излезени) :D

    Кога сме кај доручекот, пожелно би било да биде поделен на три до четири етапи (во зависност од вашиот апетит, незагрозувајќи ја вашата тежина). Започнете го денот со било какво овошје (јаболко, банана, праска, кајсии, сливи). После половина час од овошјето, можете да јадете што било но не во преголеми количини (од претходно внесеното овошје нема да имате некоја потреба), препорачувам чаша јогурт (баланс плус е најдобар, затоа што ќе ви прави симултана регулација на дигестивниот), двопек, можете да јадете сувомеснати производи, кашкавал, сирење, варено јајце, но во тој случај ја зголемувате количината на јогурт.
    Битно е да не се прејадувате. Не смеете да осетите ситост. Направете пауза и пред ручекот можете да јадете било каква салата.

    За ручек можете да јадете апсолутно сѐ освен леб. (Не знам дали споменав, но лебот го исфрлате тотално од употреба и го заменувате со двопек). Повторно без прејадување.

    Секогаш кога ќе осетите потреба од храна, тоа нека биде некое овошје, мини салата, а потребата за благо ќе ја задоволувате само со обичен корнфлекс (оној на децата што им го купуваме) со млеко и без шеќер.

    Во целиот режим најважно е што не постои лебот, можете да јадете повеќе пати дневно, поздрави работи и помалку количински. Избегнувајте до максимум вештачки сокови, чипсови и грицки, а и по извесно време од режимов нема да имате потреба од нив.

    Со среќа и чекам резултати :)
     
    На jovanovska94, Lily92, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.633
    Допаѓања:
    172.204
    Пол:
    Женски
    Јас па не можам да разберам, го заменувате лебот со двопекот..
    Демек двопекот е направен од овошје и не содржи брашно...
     
  3. Groblerka

    Groblerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    лебот се заменува со двопек затоа што на организмот му е полесно да го свари двопекот
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.633
    Допаѓања:
    172.204
    Пол:
    Женски
    Да, но тоа не го прави помалку калоричен...
    Гледам во некои нискокалорични диети се споменува како замена за леб, затоа ми е апсурдно тоа..


    А режимов на исхрана од погоре според мене е многу нездрав, со оглед на тоа што се дозволени и сувомеснати...
    Подобро е 100 грама чисто месо на грил тава него сувомеснати..

    Патем, секој организам е различен и тоа дека се јаде само до 6 часот може да биде хорор за нечиј желудник..

    Тајната е во добро избалансирана исхрана и внесување на онолку калории колку шти трошиш (или помалку за слабеење)
    Џабе ќе лапнеш 100 грама сирење, ако со тоа изедеш и 100 грама шунка или печеница..
     
    Последна измена: 3 септември 2015