Некоја да ми прави друштво од утре? Ќе се ставам и јас на оваа диета, морам да симнам некое килце. Не сум се мерела и не знам колку точно, ама имам вишок. Посебно ми се познава околу бутовите. Станувам накај 11-12 часот, па нема да ми претставува проблем. А и сакам компири и тестенини. Ако има резултат ќе пишам обавезно
ајде јас ке ти правам друштво и онака имам пробано безброј диети и повеке од една недела немам издржано,па пошто оваа е 7 дневна вреди да ја пробам па ке видиме до кога значи од утре ајде ти држам среќа и со лесно да ја издржиме и нормално со резултат
И јас почнувам од утре со оваа диета. Ги читав коментарите и гледам има многу задоволни, а тоа за мене е + повеќе. Вие женски што ја држите диетава да ве прашам: Како ви оди?
Не е добра баш диетава, ја имам држено 2-3 пати. Се слабее да ама едвај издржував, ми се вртеше нон стоп ( плус и природно сум си слабокрвна). И после 7 дена еден залак ако каснеш си враќаш не 7 туку 10 кила . ( мене ми се случи после диетата се напив чаша вино и отиде трудот )
^Не се согласувам. Јас вратив само 2-3 килограми и тоа поради тоа што неконтролирано јадев и не внимавав. Од тогаш јадам нормално, некогаш и над нормала ( ) и ништо повеќе не вратив. Де од едно вино да се враќаат 10кг. за еден ден. Нот
Ајде да видам-ке почнам да ја држам па да видам-ми треба едно 7 килца да симнам и да бидам топ Вака ми изгледа издржливо-јас како што имам забавен метаболизам се надевам дека ке успеам!!!
Планирам да ја почнам од утре, до наредниот четврток. Имам меше, средна големина, ми се познава многу и сакам да ми го нема. Инаку, секое утро правам стомачни од 10 до 50. Туку, сакав да прашам. Јас сум во петок втора смена, ќе појадувам и ручам дома. Имаме голем одмор во 4 часот. Дали може нешто сокче да се напијам или вода треба ?
Па можеш да си дозволиш едно сокче еднаш неделно. Ако е само петок, или еве уште некој друг ден, ама со контрола нели.
Јас денес почнав, и поминав одлично. Испив многу вода + чај. Од среда ќе пијам и чај за слабеење што го најдов тука на форумов и се надевам дека до нова година ќе бидам барем -7-8 Диетава ја држам трет пат, многу ми пријаше. + скокав на јаже и други вежби. wish me luck
Има некоја феминка што ја држела диетава една недела и да ми каже колку кила ослабела за една недела ?
Здраво на сите јас ја почнувам денска диетава со 60кг.целта ми е да стасам до 55кг.за две недели со вежбање 30минути трчање дневно.Има шанси да успеам?
цигарите неможат да влијаат негативно на ниедна диета,значи понекогаш го зголемуваат,понекогаш го намалуваат гладот,значи се зависи од твојата самоконтрола,а да дебелеат дефинитивно не
Ќе почнам од утре. Морам да ослабнам барем 10 килца ако можам и повеќе. Ако ми тргне добро ќе продолжам уште една недела и повеќе ако треба. Вежби нема да правам зш одам на кошарка па мислам дека нема потреба. Може само деновите кога нема да имам тренинг. Па...wish me luck
Денеска 6ти ден лошо..неможев да издржам да не каснам сарма морав...продолжувам утре 7ми ден,иначе супер,се немам качено на вага ама се осеќам дека имам намалено некое килце. позз