и овде ќе пишам имам 55 кг ама имам стомак не ми е бино да ја намалам килажата тку стомакот. дали помага ова диета
Леле луѓе како издржувавте првите денови со тие овошја за дору4ек компири и сл..И јас сакам да намалам 2-3кг ама тешко ќе биде дај кажете како се отргнувавте од јадењето кога ви се јадеше или кога дома мајкави направила ру4ек па цела куќа мирисаааа
ЕЕ да ти кажам јас излегував надвор или во комшии кај другарка кафе да пијам да не ги гледам кај што јадат морав така зошто мн сум стрвна а кога направи сарма каснав малце што да правам неможев да издржам Иначе имам симнато 4кг за 11 дена најмногу ми се забелешува во стомакот и кај спојлерите..
Џабе ти е и стомачни ако не ставиш појас околу половината, облечи се во тренерки горе и правац на кеј да трчаш... после трчањето направи неколку стомачни. Мора првин да се стопи салото на стомакот па после да дојдат до израз мускулите, џабе ако се под салото. А да... и храни се здраво немој да гладуваш штом не сакаш да ослабеш на други места, јади повише протеини и тоа е тоа
Јас од утре ја почнувам диетава заедно со сестра ми па ке ви пишам за 1 недела колку ке ослабам. Немам време за вежбање ама затоа на работа сум 7саати на нозе во трчање па тоа ке ми биде активноста имам 68кг до 60-62кг да дојдам планирам ама ке видиме....си посакувам многу срекаааа
Јас ја почнав од денес, сита сум, не осеќам воопшто глад па да ги симнам и јас овие 5-6 килца што ме нервираат Резултати веднаш штом ќе се појават.
Сега ја видов оваа диета,и ми се гледа како лесна.Од утре ке ја почнам па ке видам како ке биде. И ми се гледа како поефтина за разлика од некои други, ајде од утре ја почнувам па ке пишам како ке го поминам првиот ден и да прашам нешто супа од зеленчук,каква е таа,ако може слика да ставите да видам? и дали купувате домати и краставици или јадете нешто друго од зеленчук,бидејки се над 100 ден.овој период од годината?
Денеска ја почнав оваа диета.Но малку насабајле ми е тешко бидејќи сум на училиште прва смена до 2ипол часот и не ме најадува овошјето.Денеска изедов две јаболки и една банана.Како се справувате вие со диетава ?
Ја прочитав диетава и ја почнувам уште од одма.Денес во 13 h. и ми беше доручек и ручек.На менито имав макарони со биено сирење и вегета па јадењето ми се поклопи со првиот ден од диетава.Во меѓувреме пиев 2 чаши сок од портокал,кафе и многу вода. За вечера ќе јадам салата од свежа зелка и уште едно кафенце. Па со среќа нека им е на сите,дај Боже сите да симнеме до 5-7 kg .
Zdravo na site mene mi e vtor den,super mi odi..imam 60 kg ,165 sum visoka,spored visinata treba da sum 55 kg .sakam tolku i da oslabnam.vcera trcav,denes mi se nogu jadese pa samo pesacev.. ajde vase mislenje dali e mozno da simnam 5kg vo tie 2 nedeli ili vasi iskustva
ја започнав повторно диетава,ме интересира како да ги испечам компириве само да ги ставам во таванка без масло,без ништо? чекам одговор затоа што на 2ден сум.
i jas ja pocnav ovoj ponedelnik i sum prva smena,pred da otidam na skolo pijam zelen caj a na golemiot odmor edna jabolka pa potoa na nekoj drug odmor uste edna i mi e super
Јас во тефлонска тава си ставам компири,кромид на кругчиња и морков.Сето тоа под пареа добро ми се вари и ставам само една до две капки зејтин со малку сол и вегета.Мене ми е мн.вкусно ....
Сите диети имаат јо-јо ефект, особено ако после завршувањето си се вратиш на стариот режим или уште полошо - од се што си се лишел, да почнеш да го јадеш во огромни количини, тогаш нема спас - кг-те се враќаат како луди и дури и дупло-тродупло. Затоа, внимавајте која диета ќе ја одберете и како се храните после неа, тоа е многу битен дел.
Јас ја држам диетава од саботата имам ослабено околку 1кг и200гр а и некако многу се безврска оброциве, или компир или тестенини и тоа во комбинација со јогурт и сирење не гледам ништо од здрава храна ама тоа е ке је држам до сабота и после си воведувам мој режим на исхрана со повеке здрави работи
Ја започнав денеска! Доручкував една банана и едно јаболко! после работа дома шпагети интегрални имам со сирење... wish me luck
Вчера супер си издржав. воопшто не бев гладна. Денеска ми е вторе ден. место варен компир јас изедов два печени,без ништо,со лушпа па ги олупив само и зелка салата. сега дома кога ќе идам уште една марула салата ќе направам и толку... втор ден