јас почнувам од понедалник и се мислам да си направам една ексел табличка со јадењата и секако плус да имам опција за мерење и за обем за да видам начисто резултатите ... а ако таа не ми успее продолжувам со УН диетата ама овој пат ке пробам строго да ја држам .. таман скоро нема да патувам за МК
Денес ми е втор ден, еве уште малку па ќе биде време за ручек. Едвај чекам. Инаку, диетава ми е втор пат како ја држам, но првиот пат не издржав до крај ја држев само 3-4 дена што е многу малку. Сега сум решена и мислам дека ќе успеам. Прашањето ми беше дали некој од вас издржал и дали строго се придржувал до правилата? Малку ме збунува и количински колкави треба да бидат оброците, но океј отприлика се снаоѓам за тоа. А и кои течности ги пиевте? Кафе смее? Кој е поискусен со диетава нека ме информира.
vo prvite 4-5 dena se pridrzuvav strogo i sekoj den piev po 2L voda moze i poise i oslabev duri 4 kila no potoa zemav milka 2 kocki, mesto zelencukova jadev obicna supa,piev mnogu malku voda i 2 dena nemozev da mrdnam od kilazata ali sega eve 2 nedela mi e i strogo se prdidrzuvam, vo vtornik zavrsuvam so 2te nedeli pa ke vi pisam kakvi se rezultatite
Втор ден - цитрон, банана, пола кутлача пире (без зејтин, само компир, сол и вагета), јогурт, салата зелка помешана со патлиџани и краставица. Само јас незнам дали смее да се меша овошјето во диетава или треба да е од една врста.
По втор пат ја почнувам диетава и тоа ќе го направам од утре. .Жими се ... Точно две недели имам до мојот роденден и сакам да намалам колку толку. Само да си прашам кафето може со млеко да го пијам или ... И уште нешто цеден портокал може да пијам цел ден или само за доручек? Со среќа на сите
Диетава е супер, за 5 дена симнав 2 кг. Почнав да трчам, а од денес почнувам и на фитнес и пијам топачи на масти, па ќе видиме
Денес трет ден од диетава се издржува не е тешко, нека помине неделава па ке пишам резултати. Инаку кога ке ми се пријаде каснувам краставица или ке се напијам кафе па заборавам на гладот
сите до сега кажавте дека ја почнавте.. ама никој не се пофали дали ја издржа цела диета и колку килограми изгуби. Па ајде женски кажете резултатиии
Ми требаат минус 4 килца.Да ја почнам...Вегетаријанска е пред се...Иии можам кафенце да си пијам со млекце,без шекер???
Ги зедов од теретана. Има два вида, за оние кои внесуваат кофеин ( пијаат кафе ) и за оние кои не внесуваат многу. Дозирањето е два пати во ден, сабајле на гладно и пред вежбање или меѓу оброци, но доколку ги земаш мора да бидиш многу физички активна
девојки помеѓу оброциве не конузмирате ништо плус , да речам помеѓу појадокот и ручекот, плус нешто овошје ?
Jabol4e дали во твојата диета шпагетите и макароните беа обични или од тие интегралните? I Наместо супа со зеленчук може обична супа и плус нешто зеленчук да јадам?
И јас сум на диета, денеска ми е 2 ден ...за празниците накачив многу и пошто и јас сум тешка за издржување до крај се зареков дека сум на пост и од зејтин. Така нема да имам храброст да се излажам да пробам нешто. јадам овошје, зеленчук, компир салата, моркови, ориз варен...од утре ке мислам што да јадам. и се надевам дека ке имам ефект, сега за лето мора малку да се стегнеме