I mene mi e vtor den i sega za sega mi e super...utre odam na shopping ima da kupam se od ovosje...super mi e kako dva dena ne jadam leb i blago...i vreme bese
Незнам каква е таа диета кога се на се цела недела што сум јадела е колку еден ден од оваа диета А се дебелеам ко свиња. Шала настрана, оваа диета ја држев еднаш пред многу време, ама некако бев цел ден презаситена. Всушност, како што јадам еднаш дневно, диетава ми доаѓаше како празник. Јас не слабеам по вага, туку онака уз тело, затоа незнам да ви кажам колку кила сум избришала. Го намалувам тоа што е вишок, и го зацвртувам останатото, барем знам кога ми е доста. Може да пробам пак со диетава, да си ги продолжам празниците..
Девојченцаааа мои, гледам дека малку заостанала темава, а јас сирота си имам уште 5 килограми за слабеење и барајќи си некоја нова диета која би ми одговарала си ја најдов оваа бидејќи некако најмногу ми одговара со мојата исхрана и ја почнав од денес, па ме интересира дали некој ја држи моментално, или ја завршил скоро, или пак сака да ми се придружи во држењето би била многу благодарна и среќна.
Ух... Последниве две недели сум склона на прејадување, апетитот ми е левел Снорлекс и не знам што да правам. Ја ѕирнав диетава, ми се бендиса и се решив да ја пробам. Тамам ми е за 1 недела, не ми треба да изгубам некој килограм туку да си се вратам во нормала, апетитот да го контролирам и да ја намалам подуеноста во стомакот. Од физичка активност, што правам дневно вежби дома, стомачни и неколку минутно кардио, нооо изглеа ќе треба да се потрудам повеќе. Јадам се што е на менито, чај си пијам секој ден, па да видиме за 1 недела што како ќе биде и ќе пишам пак.
Лани ја држев и ослабев 3ипол кг за 1недела,ама многу брзо ги вратив.Резултатите се на третиот или четвртиот ден.Ефикасна е ама ако се опуштете после диетата килограмите ќе ви се вратат
Пред некои 3 години ја држев диетава и ослабнав 4 килограми за 1 недела, секое сабајле вежбав и не чуствував глад. Јас после тоа не ги вратив брзо килограмите бидејки внимавав што и како јадам.
Диетава ми изгледа привлечно, можеби ќе ја почнам задутре со редовно вежбање . висока сум 163, и имам 49kg, сакам барем 4kg да ослабнам
Твојата тежина е доволна, и јас сум 163 висока а сум 53kg па сакам да ја држам диетава да ослабнам малце бидејки имам проблеми со колковите сакам да ослабнам во нозете и во појасот околу половина или како е.. Па сакав да ја почнам од понеделник но се плашам дека потоа нема да можам да останам со истата тежина, се плашам повторно дане си ги вратам килограмите Па феминки сакав да ве прашам вие во кои делови најмногу ослабнавте, во кои делови најмноку се познаваше ? Со среќа на сите што ќе ја почнувате па ајде и на мене со среќа
Од понеделник ја почнувам диетава па ќе видиме што ќе биде. Да не се зарекувам хахаха, ако издржам ќе ви пишам резултати.
Леле незнам како издржав.. прва ден и одлично ми помина. Направив прекршок бид. се напив нескафе со шеќер ама мислам дека нема да има никаков проблем Пишувајте феминки што ја држете диетава па на крајот ќе пишуваме резултати.
Јас ја почнав диетава денес. Господи на помош работава. Само голтнав две голтки пиво (не можам, слабоС ми е!!!), не ми се јаде супа вечерва.
Женски, нешто што најмалце сакам е да делам памет....НО ти јагодтке имаш премалку килограми за твојата висина олреди, а ти цукарковал си таман, колковите нема да ти се намалат ако ослабеш, само коските ќе останат и тоа верувај ми мн полошо ќе изгледа. Ова ви го кажувам зашто и ја сум била како вас, исто стигнав до 49 кг на висина 163 см, лошо изгледав. Имам и јас таква градба со широки колкови и пак си беа тука коскичињата, само што и на рацете и рамената побајаги ми се познаваа коскичињата и делував ко некој само да ми ја приклештил главата на телово пошо ми делуваше огромно. Среќа што на време сфатив како изгледам, па се подоправив. Добив проблеми со желдникот и стомакот, ама и тоа се санираше фала богу. Значи, муабетот ми е(како и на мн други на форумов) дека стварно нема потреба девојки ко вас со нормална тежина да се изгладнуваат со било какви истоштувачки диети. Хранете се здраво, умерено и физички бидете активни и сте завршиле работа. Толку од мене, понатаму оставам на вашиот разум