Од една недела држење, да. 4 кг помалку и продолжив да слабеам и без неа после. Само јас не сум репер, имам состојба на тироида и варирам самата од себе и онака.
Јас ја држам оваа диета, со тоа што чајче си пиев секој ден ама не можев без шекер туку си ставав и шекер. Паралелно имав движење ( лесно одење ) околу 60-90 минути дневно. ранец земав на грб, цигарчињата и патот под нозе. Диетава е ЕФИКАСНА 100%. ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРОБА. Јас ослабев 4,5 кг до сега а само 8 дена ја држам. Позз
@Bozica1980 дефинитивно во бременоста бев послаба! Очајна сум веќе. И јас сум за да ја пробаме. Ќе стиснеме заби. )
@Nova @Bozica1980 А каде мислите дека е проблемот во сето тоа? Не е дрско прашањево, да не ви звучи така (дури и самата така си звучам), по колку мцгр пиете еутирокс? Сте пробале и други алтернативи? Да не пишувам тука јавно на форумов, освен стандардната терапија што ја пијам применувам и уште три други работи. Ако сакате во ЛП ќе се појасниме. Јас генерално немам големи варијации во тежината, да одам многу нагоре, стигнувам до една максимална точка и самото тело не качува повеќе, е сега нели секогаш сакаме повеќе да симнеме и поинаку се замислуваме...
Кажете ми ваши мислења за диетата.сакам да пробам од утре да ја држам,колку од вас покрај диетата имавте физичка активност?
аааа машалаааа има повек што понеделнички ја почнале Ја почнав и ја понеделнички по 2 пат првиот пат ја држев 2недели и симнав 3,5првата и 1,5 втората недела вкупно 5 кг со тоа што изедив цело пакетче ресанаи 1 парче тортаво тие 2 недели Сега понеделнички ја почнав пак сакам да симнам уште 2-3-4 кг најмногу ке видиме како ке одиме денес варен компир утре пише печен ама јас пакке одам на варен салата сомлад кромид и изцеден лимон
од денес и јас започнав со оваа диета ,,па ајде да видиме како ке иде понатака ,...четврток прв ден и до сега добро е,иако денес имав и многу обврски немав време да мислам на јадење,,ама утре незнам ,досаден ден е,се надевам дека нема да паднам во искушение ,,поздравче до сите вас
Еве ме и мене тука и јас почнав од понеделникот па се надевам за добри резултати за две недели.еве до сега 2кг помалку.
Па еве да кажам некој збор, два за диетава. Ја држев една недела ама да речам 3 дена малце забегував од наведеното мени, на пример кога имаше само еден зеленчук или овошје додавав + едно, 2. Исто така имаше и други отстапки како едно мало колаче(еднаш во неделата), кога требаше пасиран компир без сол, јас јадев печен со сол. Се на се би рекла ете 1 кило во отстапките да сум го пропуштила за намалување. Ослабев негде 2 кила да речам (вагата не ми е баш најточна), ама сметам дека може многу повеќе да се ослаби од тоа со строго придржување. И да напоменам немав многу уште за намалување на килажата, можеби и затоа потешко слабеам, памтам кога имав повеќе вишок тие првите 3 кила веднаш ги симнав. Ме интересира мислењето и резултатите на другите феминки што ја почнаа, гледам имаше повеќе од понеделнечки што ја почнаа
Еве ме мене,веќе втора недела поточно трет ден од втора недела и сум -4кг. и јас правев некој оптстапки ама ај.... се надевам дека до крајот ќе успеам и 2-3кг да намалам,ако не одам на трета недела.
devojki a za prvata diteta zboruvate, onaa za koja e otvorena temata ili za onie drugite dve od linkovite. Mi treba za pred nova god
се мислам и јас да ја почнам, гледам имаат резултати доста од девојчињавс. Јас ја држев south beach две недели и не осетив некоја промена во килажа освен што бев премногу уморна ради недостаток на јаглехидрати. За оние кои прашуваат зошто има јогурт или сирење со компир или тестенини, тоа е ради побавно абсорбирање на јаглехидратите во организмот. Баш тоа е убаво објаснето во книгата за south beach, така да таа комбинација е добра. Се мислам да почнам ...ионака ми треба овошје да внесувам повеќе.
денес ми беше 6 ден, што значи ја завршувам утре... и до сеа едвај може едно килце да сум сминала шо уствари сум празна од шо неам јадено па помалку тежам а сакам 3 килца и ќе сум таман.. дури и не појадувам туку само ручекот и вечерата.. и незнам дали ќе продолжам на ова или толку ќе биде пошто од ова се осеќам безенергично.. кај секого различно дефинитивно
Јас ја почнувам диетава од денессс Планирам да ја држам една неделa, ми треба 3кг да симнам, па се надевам дека со 30 минути вежбање дневно и диетава ке успеам колку толку Да не сака некој да ми прави друштво, да си се бодриме? ) Wish me luck!