Сакам да ве прашам оние кои ја држеле диетата каква салата јадете за време на диетата дали може салата со зелка или пак само зелена салата(марула) и дали може кафе или и тоа е ограничено позз
Скоро сите си правиме отстапки, иначе марулата и зелката скоро исто имаат калории и слични својства. За кафето ако не можеш без него пиј си само одбегнувај шеќер.
Јас ја почнав вчера,ама морам да признаам дека малку повеќе ми се јадеше,и многу нормално ти да јадеш секој ден пообилно и сега наеднаш јаболче и чајче наутро ооххх ќе биде тешко ама ќе се воздржувам и обавезно ви пишувам резултати за 6 дена.
ќе ја пробам и јас диетата од утре планирам да ја почнам па ќе пишам за една недела какви се резултатите
Малку сум скептична, ама се надевам ќе се изненадам позитивно. Прочитав многу коментари дека ослабеле 2-3 кг со оваа диета и ако биде така стварно би се разочарала, не очекувам 20 кг, но 5-7 кг да симнам за две недели би била и повеќе од задоволна. Ќе видиме за две недели.
Е сеа многу ме утеши. Како бе немаше резултати? Ни -1 кг? Тоа ме чуди. Али како и да е, не се откажувам, секој организам е различен, па можеби ќе симнам некое кило, исто така прочитав еден коментар како некоја членка има ослабнато 10 кг. Секој со својата приказна..
Ја држам УН диетата а ваму како читам коментари нешто ми вика прекрати ја УН почни ја ваа Денеска од УН ми е 8ми ден ке ја држам 15 дена,ако немам симнато ниту -1 кг ке ја прекинам па ке почнаам да ја држам ваа некако многу ме привлекува за 1 недела -3 или -4 кг па не е малку ја толку и сакам да ослабам
@seasopraime УН диетата е за тие што имаат повеке килограми. Можеш само да намалиш на благо, леб и кеимаш резултати
Јас од утре ја почнувам диетава дефинитивно, се убедувам веќе подолго време но од утре почнувам. Имам 55 кила, сакам до 51 да стасам, имам голем стомак и прилично дебелки нозе, вака кога ќе слушне некој 55 кила малку изгледаат да и јас кога слабеев мислев дека ако дојдам од 62 на 55 ке бидам задоволна ама не сум ...ке успеам за една недела да симнам барем 3 килца ?!
Кога ја држев првата недела симнав -3,5 кг втората уште -1,5 значи 5кг за две недели После некој период и се наканив пак да ја држам и симнав само 1 кг Еве сеа пак ја држам 3ден денес да помине оваа недела ке с емерам и ек ви пишам Некој да не ја држи моментално?