1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ефикасна седумдневна диета

Дискусија во 'Диети' започната од jabol4e, 22 мај 2011.

  1. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Некој утре со мене да почне ? Треба 1кг да намалам
     
  2. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.844
    Пол:
    Женски
    Јас од утре ќе почнам , ми треба околу 5-6 кила да ослабам .
     
    На didisi и (:strawberry:) им се допаѓа ова.
  3. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.844
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам може ли кафе да пијам во текот на диетата ?
     
  4. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Нормално , ако истото е без шеќер.
     
  5. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Девојки ме интересира , дали за доручек можам да јадам витанова чоколадите што се? Немам услови да јадам во школо зашто не даваат храна внатре. Дали ќе прави голема разлика во диетата?
     
  6. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    @(:strawberry:)

    Диетава не е здрава, но твоја работа ако сакаш да ја држиш.
    Витанова баровите имаат околу 100 калории во просек. И околу 15 грама јаглехидрати од кои 10-15 грама шеќери.
    Тоа е многу малку за да те држи до ручек што претпостаувам би бил право после школо. Ќе бидеш многу гладна и ќе гледаш да изедеш што повеќе.
     
    На (:strawberry:) му/ѝ се допаѓа ова.
  7. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    811
    Ти благодарам на одговорот , знам , но очајна сум
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум денес четврти ден и се измерив не дочекав седум дена. Имав 85кг (84.900) и денес гледам 83.800. Значи за 3 дена 1 кг, ама морам да кажам дека не се придржавав баш баш.
    Првиот ден изедов сладолед, а вториот ден си земав две домашни кифлички. Мене ми е премногу ограничувачка диетава, а и не обожавам компир. Плус е што кога ќе го поминете вториот ден веќе апетитот ви се намалува, не ви бара организмот мн храна. Ама затоа првите два дена ми беа ужасни. Нон стоп ме болеше глава и бев гладна цело време
     
  9. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.265
    Искомбинорајси храна по твој вкус пошто секој неможи да јади то што е пишано во диетата.
    Исхраната делува ок горе долу.
    Тој 1кг е само интрамускуларна вода, сол, гликоген. Телото прво ја исфрла подкожната вода и глукоза па тек после се топи сало али иако е вода, натриум и глукоза ти пак ќе паѓаш волуменски. Дајси малку повеќе време, мериси на неделно ниво.
     
    На Dejan-Dejan му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)

    Луѓе вака кога ќе прочитам нешто многу се нервирам (извинете ако некој навредам, не ми е намера).

    12 кг за 2 недели е премногу, не е здраво, шок е за организмот, и ќе ви се вратат бидејќи ќе продолжите со стариот начин на исхрана. Не може да сте се здебелиле, сте јаделе што сакате, и за две недели чуда да се случуваат.

    Секое тело е различно, т.е. метаболизмот ни е различен (зависи од начин на исхрана, физичка активност, генетика, болести, пушење, пиење и тн и тн).

    Ако сакате да ослабнете:
    - Лоши шеќери тргнете од исхрана
    - Бел леб (јадете црн, тостиран или двопек)
    - Наутро прво една чаша вода или цеден сок од лимон, па овошје (како салата, смути, каша - сеедно)
    - Салата, салата и многу салата за ручек и вечера
    - Имајте здрави ужинки
    - Пијте вода повеќе
    - Пешачете, возете велсоипед, дома вежбајте - имајте континуирана физичка активност
    - Одбегнувајте пржена храна, месото динстајте го/варете. Првата вода фрлете ја (ова за ваше здравје).

    И ова да ви биде диета = начин на исхрана и трае подолго време, не само седум или х дена.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Се напишано знам. Ослабев 10 кг и стагнирав, затоа и почнав со оваа на една недела да го шокирам организмот и успеав мрднав три кила. Али беше баш напорно. Е сеа кога заврши апетитот ми е каде каде намален, тоа што некогаш ми било доволно за еден оброк, сеа се задоволувам со половина од таа количина
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    А мислиш толку би се ослабнало за толку време?
    Овие се маркетинг диети, и да се гладува 3 дена нормално е да се ослабне 1 до 2 кг и тоа е само вода не е сало .Па уште така гладни 4 ден коа ќе навалат на јадење и што пак ништо .
    Постот ти е добар , само лимонот би го тргнала ,бидејќи на гладно го оштетува желудникот ,бар мене ми го оштети , и лебот и бел и црн скроз исфрлање .
    Јас бев на ваков режим како што го напиша скоро месец и пол и немав резултат ,нз зошто е тоа така , но се префрлив на ун
    Сакав само да се надоврзам на постот и да кажам (n) за вакви кратки маркетинг диети како што е темава
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.648
    Јас имам осетлив желудник и гастрит. Лимон со мед, ѓумбир и една лажица масло од лен ми е топ наутро. Немам проблеми. Но сепак секој човек различно. Може и портокал место лимон.

    Инаку ако е 150 кг+ некој ќе ослабни 12 кг за 2 недели, ма да и за таа личност не е здраво. Не пак за „понормална тежина“.

    Инаку со режимов кој го пишав, и чат-пат правење детокс ден (цел ден на цеден сок и вода), ослабнав 10 кг за 2 месеци, и физичка активност секако. Сега веќе не правам детокс ден, јадам чат-пат леб интегрален кој сама си го месам, и се’ друго исто како што напишав, и си ја одржувам тежината веќе 3 месеци и повеќе.

    Друг совет кој би го дала е да не се прејадувате, и вода да не пиете барем пола саат пред и после јадење.
     
    На simoncelicius и Justicija им се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Еве јас па да си кажам ја почнувам по втор пат диетава, само овој пат ќе се потрудам да не правам толку грешки како првиот пат.
    Тогаш за пет дена колку што се придржавав стигнав некаде до 82.800 ама после тоа јадев се и сешто, не внимавав и сега ја почнувам со 83.500.

    Мислев дека откако ќе ја прекинам ќе си ги вратам тие 3 кила што ги изгубив ама не. Секако презадоволна сум со оглед на тоа дека грешев а после тоа пак јадев се што сакав.

    Сега тактиката ми е место да имам грешки да јадам тоа што е предвидено, само ручекот да ми е количински малку повеќе за да може да бидам сита.
     
  15. Dejan-Dejan

    Dejan-Dejan Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    1000 разни диети,мислења и дискусии. Некаде не е дозволено шеќери,во друга диета е дозволено. Од искуство има и таму и таму задоволни лица кои постигнале позитивен резултат.Како е можно тоа? Има една едноставна математика, внес и согорување на калории! Најважно е да се знае и ограничи колку калории дневно ќе внесеме и на кој начин и колку од нив ќе потрошиме. Секој резултат би бил постигнат само и напоменувам САМО ако се троши повеќе од тоа што ќе се внесе. Значи прво најважно е што и колку јадеме а истовремено и физичката активност. Секој организам е индивидуален и кај некој побрзо ќе почнат да се топат килограмите а кај некој ќе биде тоа малку побавно но сепак ќе биде. Проверено, испробано и докажано! Позз
     
  16. Dejan-Dejan

    Dejan-Dejan Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Баш така.Мерење неделно само за реален приказ. инаку за 24 часа може да има и повеќе од 2кг разлика на вага но тоа е само разлика во количество на вода во организмот!
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.