Јас ја почнав диетава од вчера и ми беше тешко дека без леб цел ден и башка тие макароните мене никогаш не ме заситуваат, по еден час откако јадев пак огладнев Ама издржав некако. Грешката ми беше тоа што пиев алкохол, ама не е ни толку битно, посекако мене не ми се брза, доволно ми е кило-две да слабеам неделно. Само 3-4 ми се за слабеење.
Јас ја почнав диетава во понеделникот, значи денес 4ти ден. Мене ми е супер диетава зошто скоро секој ден има сиренце, а без него не можам . Претходно ја држев УН 2 месеци, ама вториот несец не мрднав бе со килажата и зато се решив на нешто поригорозно. Се надевам барем на -4 кг за 2 недели па после е лесно со уште тие 2 кг вишок. Е да и не ја препорачувам за тие што не можат да трпат глад во доцните часови.
malku mi стои чудна оваа диета, бидејќи се мешаат јаглехидрати со протеини, скроб со протеини, пр. за ручек се јадат макарони со сирење, или варен компир со сирење, или месо со ориз... благо нема никаде вметнато, а нема ни ден само со овошје... ама ако е ефикасна, може да ја пробам, 7 дена не е ништо, и така ми останаа уште 2 кг за слабеење, другите ги симнав со УН, па ќе пишам за резултати!!!
Може да има резултати зошто вечерата е едно праче зеленчук, супа... доручекот е само овошје, така да само ручекот останува нормален оброк. Па само еднаш ако јадеш во текот на денот, како нема да ослабнеш? Плус никогаш нема леб за ручек, нема пржено. Ај после втората недела, тоа значи не овој што иде туку тој по него понеделник, ќе пишам резултати
Планирам диетава да ја почнам од утре по породувањето ми останаа 6-7 кила вишок инаку сум породена 27 дена и палнирам да се вратам на килажата стара до 40 ден точно кога ќе можам ќерками да ја шетам, па ќе ви пишам кави резултати има.
И јас ја држам УН диетата веќе 2 месеци и јас не мрдам со килажа и се решив и јас да направам пауза со друга диета па после да продолжам. Оваа ми се свиѓа од утре ќе ја почнам.
и јас сакам да прашам, за каква супа од зеленчук станува збор, треба да е домашна, или купена и треба да е посна, или може и друга, и дали може да е со тестенини, фиде или треба исклучиво само водата, и може ли да се користат барем коцки за супа?
Кафе без шеќер, чисто црно или еспресо може да биде дел од секоја диета. Дури и се препорачува по 1 или 2 шољи дневно.
Јас ја држев првата диета и ослабев 3 и пол кила за 7 дена. И еве од денес пак почнувам со истата. И шо е најбитно ниту еднаш не почувствував глад....Ем си најаден, ем слабееш.
ne mozam da go razberam na so jazik e pisano,ako mozi nekoj da mi ja prevedi dietata ve molam zenski.pozz i jas planiram da ja pocnam
Која е количината на овошје и зеленчук за појадок? Едно парче, две, три? Во какви било комбинации или се јаде исклучиво истото овошје - две јаболки, два портокали итн. За другото горе-долу ми е јасно, само се надевам дека диетата ќе си го оправда првиот епитет од насловот. Веројатно чај не мора задолжително да се пие, јас намерно го одбегнувам.
зошто намерно го одбегнуваш чајот? Чај е препорачливо да се пие, особено зелен, го забрзува метаболизмот и ги топи масните наслаги, така да слободно си пиј, ако можеш незасладен, или само со лимон, или со мед и лимон
јас ќе ја започнам за неколку дена, после УН диетата ми останаа уште 2-3 кила за симнување, па ќе пишам за резултати, ма да ми изгледа дури и полесна од УН, оти се мешаат протеини со јаглехидрати, и нема цел ден само на овошје
Затоа што има(в)(м) недостаток на железо во организмот, и резултираше во оштетување и опаѓање на косата. Подоцна прочитав дека чајот содржи теин, кој спречува врзување на железо, а јас тој период го пиев ненормално многу, по 5-6 шолји на ден. Така да секаков чај ми е на стенд бај моментално. А мојот метаболизам, да не го урочам, е доволно брз.