Ја почнав од вчера, планирам да ја држам најмалку 3 недели зошто треба да намалам многу килограми. Пешачам секој ден по 3-4 км, па се надевам на добри резултати.
Јас ја држам диетава..ама не користам чај..го прескокнувам..бидејќи месец ипол го имам пиено зелениот чај..и воопшто ни кило не смалив..така да не верувам дека помага при намалување на тежината и затоа се откажав...
девојки ги прочитав сите коментари и диетава стварно ме бендиса, имам едно прашање до оние кои што ја држеле и ја држат во однос на резултатите кои ги постигнале, колку имале вишок бидејќи нели општо е познато дека што повеќе вишок има полесно се слабее, па ме интересира дали диетава има резултати кај оние кои што сакаат треба да симнат 2,3 килца, додуша јас секако ќе ја почнам, ама мала инспирација не е на одмет нели
Јас ја држам моментално диетава...Денес ми е 4ден и имам некаде смалено кило,кило ипол..А денес во меѓувреме ќе ја држам и месечевата диета..Но исто така пијам и капсули за слабеење..
продолжија, бидејки ако почнеш утре од почетокот многу ќе ти се видат 7 дена и поголема е веројатноста дека пак ке ја прекршиш иначе јас вчера ја почнав ама денес ќе ја прекршам бидејќи ќе одам на гости,и утре ќе ја продолжам со тоа што четвртиот ден ќе бидам само на салати јајце нема да јадам бидејќи постам па така ќе искомпензирам за денеска тебе кој ден ти е уствари? резултати има?
Мене ми е денес втор ден,исто сме почнале вчера убаво си почнав и цел ден си помина како што треба, ама денес дојдоа гости и глупости јадење цел ден стварно немав услови да варам компири да готвам а и утре ми е таков денот, затоа најверојатно ќе си ја почнам салам од сабота и ќе држам како што треба. Мислев утре да продолжам ама цел ден ќе бидам зафатена немам време да си печам компири, а уште помалку да ги јадам . Ама од сабота еве тука ветувам ќе почнам и до другата сабота нема мрдање, а ако ми помага (имам специфичен метаболизам) ќе ја држам и цел месец ако треба. Кај тебе како е??
па вчера добро поминав, денес дека рано станав во 1ипол ми се фати ручекот и веќе во 5 бев многу гладна, изгледа лесна ама не е, плус јас 2 месеци на диета бев и лесно ги поминував деновите со овошје, се зачудив зашто денес неможев да издржам, ќе пишам кога ќе ја завршам првата недела, ако е ок може уште една да продужам ако не ќе барам друго чаре, више незнам што не пробав
ја почнувам денес, мислам дека воопшто нема да ми биде тешко зошто ова е 3 дупло повеќе од тоа што јадам јас последниве 2 месеца ќе ги пишам резултатите и плус сега супер временце за трчање и ролерки што е плус и диетава дозволува физичка активност,не се надевам на 5 кила првата недела ама 2 до 3 се повеќе од доволно, ако е ефикасна ќе ја продолжам само мислам дека било која диета има јо-јо ефект доколку не се затегне мускулната маса така да мајката му е спортот ама сепак виш ми лак
и јас ја почнувам од денес, со тоа што вртам и на орбитрек а од денес трчам и на кеј, така да резултати мора да има епа ај со срека нека ни е
Јас многу пати правев прекршоци..бидејќи неможам да издржам без благо..и никогаш неможам да одам по правилниот ред на диетата...
Ај на исповед и јас . Во вторникот ме пукна крза за благо и морав, што да праам, ама затоа во средата држев овошен ден, без банани . И вчера оној дечко ми смотаниот ме однесе на ручек и јадев полешко во кари соси тоа со помфрит , а вечерта на младенци и таму се усреќив кифлички, руски салати и слични ствари, ќе се самоуништам. А што убаво ми помина првата недела ниеднаш не прекршив. Иначе се измерив вчера сабајлето и вагата покажа -3, арно ама по она вчера сигурно има барем едно назад . Не ја почнувам од ново ќе си ја држам до недела, па после уште еден циклус од понеделник. Давам чесен диететски збор дека веќе нема благо да јадам до крајот на диетава
Се убаво, ама ги вративте ли килограмите тие што ја имате држено? а, и имавте ли енергија? (бидејќи трчам/вежбам скоро секој ден)
i jas ја започнувам денес... ми останаа уште 2 кг за симнување, другите ги намалив со УН диетата, па ќе видеме што ќе биде
Јас ослабев 3 кг за недела и пол, арно ама вторава половина од неделата отиде у к**а* и диета и се. Денес од ново ја почнувам
И јас ја почнав денеска,добро поминат ден..почуствував глад некое време ама издржав се надевам ќе ги издржам сите денови...само едно прашање...дали можи кога ке почувствувам глад да јадам овошје јаболка на пр.?? И се надевам ке имам добри резултати зошто мене ми требаат најмалку 10кг.за слабеење :/