Леле иста сум и јас ќе почнам абе умирам за храна никако не можам да ја довршам, денес ми се слоши од што ми се јадеше, не знам како да се натерам салам да издржам
Втор ден ми е од диетава.Онака,лабаво си терам,не е лоша,ама многу ми се јаде времето после ручек.Доаѓам дома,после работа седнувам одма јадам,и после 1 саат ми се јаде. Ама ќе издржам,упорна сум,мора да симнам некое килце... А,да сакав да прашам дали може да се менуваат деновите по редослед? Пример ако сакам да ги сменам првиот со четвртиот?
па не е баш лесна, може да е ок ако си нон стоп зафатен па да не мислиш на храна, јас мислев дека полесно ќе ми биде дека претходно нели научена на помалце јадење, ама не, навистина осекав глад, што со ун диетата никогаш ми се немаше десено, а јас и постам, па сирењето јогуртот и јајцето ги отфрлив, дефинитивно ун ми е најдобра ама што дека, месец дена не сум мрднала, размислувам за турбо ун, какво искуство имаш со неа??
И мене ми требаат 7-8 килограми да симнам ама не вервам дека би издрзала толку дена со оваа диета ме фајкаат кризи за благо а и вртоглавици имама
Утнав денеска... неможев да издржам и за ручек изедов едно парче леб морав и маце повеќе шопска салата а за вечере ништо...не ја прекинувам утре продолжувам со 3ден..позз
здраво девојќи,држењето на диети писхички измачува,сум држела едвај и единствено нешто што ми даваше стимул преку цело време беа едни фармерки. ги купив дури бев подебелка,ми влегуваа до бедрата некаде хихихих.секоја недела ги облекувава да видам до каде сум стигнала со диетата.сега значително сум здебелена,на диета сум пак, оваа највеќе ми одговараше бидејќи многу сум пребирлива со продуктите,абеее диета не ми се погодува па комбинирам некако. имам големи кризи, но кога веќе не ми се изджува, земам некои алишта кои ми се меѓу омилените,демек ги пробувам,и искушенито го надминувам.пробајте така па ништо не губите.НЕКА ЖЕЛБАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КИЛОГРАМИТЕ БИДЕ ПОСИЛНА ОД ГЛАДОТ .ПОЗЗЗ
има ли некој кој сака од утре да ја држеме заедно 1та диета која е тука на форумот сакам да ослабам барем 5 кила....ако има неka кажува да си правиме дружење
Јас јас !! Ја почнував УН ама некако тешко ми идеше и се откажав, и се префрлив на броење калории и сега засега 3 килограми имам симнато. Сакам за екскурзија да ослабам 5-6 кила, значи имам цел месец
Јас јас !! Ја почнував УН ама некако тешко ми идеше и се откажав, и се префрлив на броење калории и сега засега 3 килограми имам симнато. Сакам за екскурзија да ослабам 5-6 кила, значи имам цел месец Јас имам 56 кг а сакам да сум 51 најмногу и еве сакам да ја започнам првата диета што е на форумот од утре..за да мозам за недела две да одам да си купам фустан за матурската,сакам да имам малку повитка става одколку оваа што сега ја имам т.с не сум дебела ама голема сум во колковите ...ајде ако си за утре да ја држеме диетата па ке видеме после која какви резлутати ќе има
дечки стварно не е фер. мајка ми направила пржени компири, па оти цел ден не бев јадена од сабајле ( оти сум 2 смена а не можам у школо да носам варени јајца или шпагети ) и кога ги видов компирчињата.... знаете натаму ама не се откажувам, да дека сум голема стрвла, ама ке ја држам уште еднаипол недела. А што е најлошо јас си се осеќам како слаба, а никој не ми дал таков комплимент!
Океј е диетава, барем така ми се чини, НО, појадокот ме загрижува... Нели, најважен е појадокот за да имаме сила да истраеме до ручекот? И што овошје/зеленчук треба? Барем некои комбинации да имаше..
Точно!Се сложувам,и мене ми пречи тоа.Баш сакав да кажам,доручекот треба за имаме енергија за цел ден,а мене овој доручек воопшто не ме држи,напротив,денес ми беше трет ден и мислам дека ќе цркнев ако не прекршев. Прво,пред работа(у 7ипол) изедов јаболко и банана,онака набрзина.После 2-3 саати,почуствував таква омлитавеност,малаксаност,онака ко да немав енергија,како да не сум спиела 2 дена.После требаше да одам пола пат пешки до дома(не е далеку,вообичаено стигам дома за 15-20 мин.),ама сум се клацкала,едвај стигнав.А наместо како вообичаено што стигам,стигнав за 40 мин!Кога дојдов дома бев исто-преморена и целата како неотспиена.Јадев одма тоа шо беше за ручек(макарони со сирење(зошто го сменив овој со првиот ден)) јадев и легнав да спијам.Спиев ко топ,се будам,пак исто се чувствував.Морав да земам салата,да ставам нешто во уста,бев ко да не сум јадела незнам колку време. После се почуствував малку од малку подобро.Си реков до вечер ништо да не јадам,ама ми се сврте пред пола саат и сум земала да јадам чајна,кашкавал и Нутела(одвоено, ).Е сега се чувствувам веќе добро.Незнам што ми беше,ама сум сигурна дека нема веќе држење на диетава.
Од 85кг. на 83 за 3 дена тоа е супер за мене...продожувам понатаму малце тешко ама тоа што мора мора ме чека свадба на 22 април...а за еден месец после тоа и апсолвентска па мора да се ослабии...
i jaс ја почнав, ма да мислам дека нема да имам резултати, барем да не се здебелам ја држев УН околу 3 месеци, ослабнав околу 7 кг, од 60 до 53 ,висока сум 162, но некако ми досади, а сакам уште 2-3 кг да симнам, па ја започнав оваа диета, ама си правам мали прекршоци, така да тешко малку ми е чудно што за разлика од УН, овде се мешаат продукти, јаглехидрати со протеини, скроб со протеини, за вечера има овошје, а нема воопшто благо а и се чувствувам како да не сум на диета, сепак ке направам еден круг, па ќе пишам за резултати, ќе бидам среќна со -1 кг денес ми е 4 ден, доручекот за сите денови ми е 2 портокала, чаша вода со јаболков оцет, кафе без шекер и шолја чај 1 ден јадев печени макарони со сирење и јогурт, вечерата ја скокнав, 2 ден имав зготвено посна сарма со ориз, па го заменив со компирите, изедов 2 топки со јогурт, 3 ден околу пладне изедов едно домашно колаче , за ручек си направив гувеч во плех, компир, морков, пиперка, патлиџан... со марула салата, 4 ден за ручек 1 варено јајце со марула салата, 1 парче сирење, цвекло и 1 лажица арвар, и 1 мало парче леб...ама бев на гости и неможев а да не пробам палачинка, 1 /4 изедов, ама пак е прекршок утре ќе јадам по пропис, шпагети или бејкролс со јогурт, и ветувам благо нема до недела , петок пире, и сабота пиленце со ориз...пред легнување пијам зелен чај, и пешачам по 2 часа дневно. Ќе се мерам во недела, па ќе пишам за резултати, ако нема ефект пак се префрлам на УН
Диетата е пример за здрава исхрана и здраво слабеење. Не е точно дека за две недели ќе се симне 12 кила, максимум да речеме 7 8, што и тоа е невозможно. Но, диетава е доста слична со тоа што мојот нутриционист ми го препишуваше мене 3 месеци. За старт, појадокот е овошје, во неограничени количини, може и да се меша, на пример јаболко, кива, портокал, не мора еден ист вид. Доста е битно додека се појадува, да се пие вода, многу вода. Детоксикацијата на телото, почнува од 4 часот сабајле па до 12 на пладне. Тогаш е најбитно да се јаде многу овошје и да се пие многу вода. Ручекот е препорачливо да се јаде после 15 часот, т.е во 16, а до 16 часот да се испие минимум литро вода и литро овошје за диетава да биде ефикасна, без овошјето и водата, џабе е! Ручекот, доста е сличен со тоа јас што го јадев, и исто да, има многу зелена свежа салата заедно со ручек, што е задолжителна, и плус доколку сте доста гладни, може едно филџанче ајвар или пинџур. Вечерата е доста ригорозна, строга. Ако сте гладни, може да си направите пуканки без сол, една комбинација, или печена тиква, или па чај и супа, или само овошје, или само салата. Се надевам дека мојот одговор ќе ви помогне, јас само сакам да ве мотивирам повеќе со моите совети, и да си апните уште малку, верувајте тоа нема да ви одмогне, напротив!
Еј да си пишам,минус 2,5кг за една недела,ама не се придржував ригорозно,ама воопшто. Од утре ќе бидам умна и ќе биде по пропис,освен ако не се напијам тро повечко...
Досега, за нецели две недели симнав 3.5 кг со оваа диета. Со тоа што минатата недела си дадов слободен ден, тоа беше последниот, неделата, навистина не можам да смислам веќе стек во каква било форма, најмалку пак варен. Инаку се придржувам доста на листата, со тоа што кога има варен компир додавам лажица лајт мајонез и младо кромитче и бибер за вкус. Да личи на нешто, јас не сум од оние што на варениот компир му буткаат сол и така го јадат. Гадно ми е. Појадувам едно до две парчиња овошје, најчесто портокал и киви. Пијам во просек од 1.5-3 л вода дневно. Салатите најчесто ми се марула со младо кромитче, освен денот со вареното јајце, тогаш јадам патлиџан. И тоа е, диетата е супер, не сум гладна и фино оди. Дефинитивно за две недели може да се симнат од 3-6 кг, зависи од организмот и физичката активност, што е и оптимално и задоволувачки. Не знам искрено од каде излегоа тие фамозни 12 кг за две недели. Човек пред операција што се вика, 20 дена ставен на режим со двопек, супа и чај пред зафатот и ништо друго, па нема да симне повеќе од 4-5 кг.