Јас строго се придружувам кон диетава еве веќе 6ти ден ми е, а само 1 кг сум ослабната. И + чувствувам голем замор,истоштена сум, немам енергија , концентрација,притисокот многу низок.... Уште денеска и утре ќе дотраам колку да ги видам крајните резултати, ама не верувам дека повторно ќе ја држам,деновите со компири и јајце ми се ужасни ...
Mене стварно не сте ми јасни тие што ја држете диетава.Девојчето се хранело вака и ослабнало,па ајде и вие сите мора да јадете по истиот редослед.Со ваквата исхрана обично внесуваш помалку од тоа што го јадеш вообичаено,и ке ослабнеш,ама не значи дека мора баш вакви да ти бидат оброците.Можеш да си направеш сам режим и сто пати попаметен избор да направеш во оброците,тука секој ден има или компири или тестенини за ручек.
Утре завршувам со УХ и од понеделник здравје ја почнувам оваа. Ух ја држам втор пат и немаше резултати, веројатно зошто метаболизмот ми е сменет, па си стангирам во килажата, се надевам дека со оваа ќе има резултати.
Јас се мислам да ја држам пак оваа диета. За последниве 2 килца мислам дека оваа ќе ми помогне. Недела дена би требало да е доволно за 2 кила.
јас од утре, понеделнички, по трет пат ама овојпат ваљда нема на 2,3 ден да се откажам, среќно на сите
Планот ми го расипа мајка ми, денес направила стекови и џигери па наместо оваа ја почнав УН. Ама овај пат без леб и со зелен чај.
според мене подобра ти е Ун,бидејќи си имас поголемред и поголем избор на храната, сега подолго време че ја држиш, ама ќе се навикнеш. Искрено не ми е јасно кој ја составувал оваа диета, оти секој ден има или тестенини, или компири, подобро е на пример вториот ден наместо компири да е ориз,или грасок, важно да е скроб, и не ми е јасно зошто е важно да се меша со јогурт или сирење? Додека во Ун може да јадеш се што е во скоп на тој ден.. протеини месо јајца сирење јогурт соја риба... + салати, скробен копири ориз леќа зелка боранија грашок, јаглеидрати тестомакарони кифли благо... и секаков вид овошје во вошен ден
Значи нема што да е јасно,девојчето си се хранело вака една недела и после си ги напишало оброците на форумот,нема никаква ни логика ни правила.
Знам дека е подобра и полесна за држење, ја имам држено претходно. Ама последниве 2 килца најтешко ми е да ги ослабам па мислев дека со поригорозна диета како оваа седумдневната побрзо ќе бидне. Ама ајде сега, ја почнав УН па таа нека биде. Еве за разлика од претходниот пат кога ја држев со леб, сега нема да јадам леб, се навикнав веќе 2 недели немам леб каснато.
и јас ја почнав денес пак по 4-5 пат ни сама веќе не знам кој, а само еднаш ја издржав до крај и уште пола. Ама сега мора да се ослободам уште од 2-3 кг па после со 1-2 вишок полесно е. Држете ми луѓе среќа да издржам до крај
Ти ја пуштам среќата СмајлиХ верувам ќе ни треба на сите што сакаме да симнеме килца. Од утре ја почнувам, ама во третиот ден за ручек место компир ќе вметнам кришка црн леб со 3 парченца салама(за да не биде само компир да промешам)
Фала ти многу Lux ќе ми треба среќичка. И јас сакам малце да сменам ама 2риов ден место варени компири ќе јадам може варен ориз. Се до 3-4 ден стигам и се подув од компири последниве недели и така
јас ја држам уни диетата....ама кај мене нема некој ефект..еве вејке повејке од месец и само две кила....па ке дрзам оваа диета усте малце до велгден и ако нема ефект..идам она оваа седум дневната позз
јас ја прекинав УНто, па се префрлив на оваа диета, оти ми останаа уште 2-3 кг за симнување, издржав 1 циклус 7 дена и имав само - 0, 5 кг, резултат што ќе го имав и ако ја проделжев УН, а незнам зошто, бев погледна, иако во оваа диета нема овошен ден, па се решив да ја продолжам УН до велигден, па после да се трудам да ја одржувам оваа тежина сепак пишете за резултати, и мислам дека слободно може еден ден наместо компир ориз да се јаде
Можам да речам дека ја издржав..ама не е то то денеска ми беше последен ден па си седнав си се најадов онака баш убаво а за една недела што ја држев намалив само 3кг.што сум далеку од посакуваното утре продолжувам со нови сили..среќно и на тие што почнуваат утре...
Бреј, ама и се нафрливте на диетава! Едно 10 феминки веќе се пријавија - се надевам дека ќе успеете :up: Јас ја следам темава одамна, читам коментари и критики, составувам некоја си диета сама, базирано врз оваа (појадокот мене ме мачи што е толку слаб). Како и да е, да ги дојадам коматчињата од мама уште 3 дена и почнувам Или ајде да не ветувам, ќе ве известам, па ќе се бодриме заедно