Ами ако огладнеш ептен многу поткасни си пола тањир од ручекот, што знам Барем првите неколку дена мислам дека нема да е страшно, додека да го навикнеш организмот на помалку храна.
И јас само шо ручав варени макарони со сирење. сабајле едно јаболко изедов и си наполнав шише од 2 литри и има цело да го испијам до вечер....ајде девојки чим сме запнале, мора да биде. ќе си даваме поддршка тука.
Како не ја отворив темава вчера, барем ќе почнев заедно со останатите Јас со УН симнав 6кг и за месец време и ми здосади веќе, а имам уште 5-6 најмалце за кинење. Диетава ми се гледа интересна и лесна, плус ко што кажувате брзо иде топењето ме натеравте да ја пробам и јас. Има некој заинтересиран за дружба од утре?
добра е оваа диета,не е лоша. ама тешка е реално да си правиме муабет Cпоред мене се јаде 5 пати на ден појадок-пообилно ручек-таман вечера-пола од ручекот и 2 ужинки, дали овошје, дали салата, дали чаша јогурт... Oва му доаѓа само ручек, зашто реално се друго ти е само овошје, супа, салата. Jас лично не би ја издржала диетава повеќе од 7 дена, ќе ми се пријаде барем појадокот да е пообилен.
Денес ми е 7 ден, мајка ми само оризот со малце зејтин го напраила..ама ништо страшно, не дека сум ослабнала кој знае колку, али ако вагата е точна, цртичката малце од малце се помести надоле
Си е потешка од УН ама јас баш затоа ја држам, мислам дека оваа повеќе ќе ми помогне за последниве 2-3 кила. Недела дена ќе ја држам, најмногу две.
Оф леле со овие диети аман више ............ сега читав за оваа диета ми изгледа дека има ефект како што читам .........вие што ја држите пишувајте ни резултати да се охрабриме и ние..........
Луѓе јас си ја терам диетава, втор ден ми е, ама приметив и претходниот пат а и сега многу на живци ме мава Не ми е баш лесна
јас супер сум девојки денес јадев варен компир убав мајками напраила и јадев патлиџан со сиренце, и се напрааив тупан :/ и супер ми иде сеа ми се јаде ама ке изедам една лазичка џем зашто патам по благо! и така диетава не е тешка за тие што не јадат повеке од 3 пати на ден а јас јадам само 2 па така да добро ми е како сте вие?? поззз
Читајќи ги вашите мислења, одлучив од денес да ја започнам и јас оваа диета. Одсекогаш мојата тежина била околу 52-53 кг. но зимово нагло качив многу на тежина сега сум 59 кг. Денес ќе се измерам колку цм. сум во бутовите и да видиме дали ќе намалам некој цм. Ќе ви пишам за неколку дена, какви се резултатите
Гледам замре темава, па ај малце да ја обновам Помина нешто повеќе од една недела откако ја почнав и не се придржував баш според пропишаното, но сепак задоволна сум од резултатите за 7 дена. Со УН ослабнав 6кг, ама си вратив 2 и сега успеав да ги симнам тие плус уште едно. Ако некој го интересира што и како јадев/пиев во спојлер има листа. Мене лично ми е полесно кога си ги забележувам ваквите работи за да знам на што се должат (не)промените. Инаку немав никаква физичка активност, ама тоа ќе се промени овој циклус. Спојлер 1 ден 24 Април 2012 - 72кг Доручек: 1 јаболко, 1 портокал, нес кафе со млеко Ручек/Вечера: Домашни јуфки со сирење и 1 чаша јогурт 2 ден 25 Април 2012 - 71кг Доручек: 1 јаболко, 1 портокал, нес кафе со млеко Ручек/Вечера: Македонска салата, 200гр. помфрит и мала Александрија 3 ден 26 Април 2012 - 69кг Доручек: 1 јаболко, 1 портокал, нес кафе со млеко Ручек/Вечера: Печени компири, салата марула и чаша јогурт. 4 ден 27 Април 2012 - 69кг Доручек: 1 јаболко, 1 портокал, нес кафе со млеко Ручек: 3 варени јајца, парче сирење Вечера: Мезе пилешка салама, кашкавал и 2 чаши бело вино 5 ден 28 Април 2012 - / Доручек: 2 портокали, турско кафе Ручек: 4 мали лиснати со сирење, чаша јогурт Вечера: Шопска салата, пилешки прсти, малку помфрит и 3-4 чаши бело вино 6 ден 29 Април 2012 - / Доручек: Чаша бело вино Ручек: Пире од компири, салата марула, 2 колбавчиња Вечера: Поп кејк, пржена пченка, павлака, парче кашкавал 7 ден 30 Април 2012 - 69кг Доручек: 1 јаболко, 1 портокал, нес кафе со млеко Ручек: Ориз со пилешко месо Вечера: Салата со краставички и ротквици За 1ви мај не се прејадував, за цел ден изедов само порција пилешки прсти и шопска салата + бело вино, а од денес си почнувам од 1 ден пак со диетава и со помалце вино овој пат. Оваа недела немам намера да се мерам зошто во ПМС сум, надувана како меур и не ми треба разочарување.
Јас некако сум се послабо задоволна.....Или пак мене ми е увртено у глава дека не слабеам....Неколку сантими намалив и толку, за килажа, секоја вага различно покажува...ова ми е 3та недела а само 1 кг имам намалено.
Јас еве свечено ветувам од понеделник! И мајка ми на глава ми се качи си се здебелила си се здебелила . Морам да почнам по којзнае кој пат со среќа нека ми е и мене и сите вас
Ми се допаѓа диетава, и вака што читам по коментариве и ефикасна е. Сега неможам да ја почнам, но ветувам од 4 Јуни стартувам. Кој девојка сака, можеме да почнеме заедно. Wish me luck...
Јас ја држев месец дена, сега ќе направам пауза..ми се смачи од компири и шпагети...А за месец дена само 3 кг сум ослабнала и по 4 цм во обем....ми треба 5 месеци за да ослабнам како што сакам..