1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ехо на бубрези

Дискусија во 'Бебе' започната од ..barbie.., 24 ноември 2020.

  1. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Темава ја отворам со цел да споделиме искуства околу индикација некоја за бубрезите на плодот во бременоста споредбено со прегледот на истите откако ќе се роди бебето.
    Мене на ехо ден пред породување, ми констатираа дека е можно да има проширување на едното бубреже и сега треба да одиме на ехо кај проф. Дафинка Кузмановска.
    Какви се вашите искуства околу тоа и доколку навистина се констатира проширување на бубреже, што значи? Дали би можело да се среди со терапија?
    Дали некоја имала вакво искуство да сподели.
    Благодарам. :f:

    П.С Знам дека има ваква тема во бременост, но во оваа би сакала да се задржиме на споделувањето искуства по породувањето, споредбено со наодот во бременоста.
     
  2. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    1.554
    За проширување незнам но мжна моја блиска и беше константирано во бременост дека едното е помало од другото, по пораѓај го носеше на ехо се си беше во ред
     
  3. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    900
    На ехото ќе се види точна дијагноза, може да се работи за хидронефроза. Ако е хидронефроза најчесто се испитува рефлукс за да не доаѓа до оштетување на бубрегот. Кузмановска најчесто ги праќа во Плодност во Битола, истото го имаш и во Систина кај проф. Трајковски. Има различни степени на хидронефроза и рефлукс, иако не одат заедно, па според тоа се одредува дали треба операција или не. Кај синко имаше хидронефроза,не од многу висок степен, со други две дијагнози, без рефлукс, ама сепак мораше операција. Ако те интересира уште нешто слободно пиши ми пп.
     
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Ги праќа во Плодност бидејќи таму испитувањето е без зрачење. Не е истото испитување, самите во Систина ми кажаа кога прашував.

    Кај син ми во бременост се виде хидронефроза, редовно скрининзи правев, се следеше ситуацијата. Отидов и во странство, но тогаш уште немаше корона. Кога се роди, веднаш му направија ехо и сè беше во ред, а прво што направи кога го извадоа од стомак, се измочка со силен млаз. На втората контрола сепак се покажа проширување.
    Го носам на редовни контроли, бевме и во Систина на ДТПА скен, се покажа дека двата функционираат добро и дека засега нема потреба од операција. Потоа отидовме и во Плодност за да се исклучи и рефлукс, нема ни рефлукс.
    Повремено му фаќам урина и носам на проверка, досега немал бактерија.
    На двата има проширување, на десен хидронефроза од 2-3 степен, а на лев 1 степен.
    Засега редовни контроли, досега немало потреба од терапија. Се претпоставува дека само ќе се среди како што расте, но не се исклучува и можноста некогаш да треба повторно да се направи ДТПА или да треба операција.

    @..barbie.. Ти стојам на располагање за прашања што и да те интересира.

    @day.dreamer На која возраст му правеа операција на малиот?
     
    На Љута Чушка му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Се јавив во Ре Медика, Кузмановска немало да доаѓа периодов, а овој преглед требаше уште кога се роди да му го направат, а не, кога прашував да креваат раменици. Те молам кажи ми кај кои доктори го носеше и дали ако е се во ред, ќе има потреба за во Плодност? Многу ти благодарам.
     
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Кузмановска доаѓа ретко поради ситуацијата, но не верувам воопшто да не доаѓа. Јавувај се секоја недела и прашувај.
    Досега за контроли само кај неа сум одела, таа го следи. Инаку и во државна ги фалат, но не знам со ситуацијава колку ќе најдеш термин. Во Систина има една докторка педијатар нефролог, но не сум го носела таму.
    Ако е сè во ред, не би требало да треба да се носи во Плодност, но ако ти препорачаат да направиш проверка, направи бидејќи важно е дали има рефлукс. Ако има и ако фати бактерија, може бактеријата да отиде во бубрези и да направи компликации. Но отом-потом, прво треба да се направи преглед и да се види дали навистина има проширување.
    Ме чуди за ова што од Ремедика не ја викнале да направи преглед кога се родило бебенцето. Јас кога се породив, дојде за да му направи преглед. Но можеби има врска што тогаш не беше олку лоша ситуацијата.
    И јас кога се јавувам за да закажам, ми кажуваат дека нема да дојде, па се јавувам секој понеделник да прашам дали ќе има прегледи. Ако сакаш побрзо, закажи во Систина, барем да се види ситуацијата каква е.
     
  7. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Ако може да ми објасниш каков е тој ДТПА скен. Инаку ќерка ми имаше чести уринарни инфекции, бевме во Плодност, нема рефлукс, но има застој во едниот канал, дали ова исто се толкува како хидронефроза? И сега за сега немаме утврдено од што настануваат уринарните инфекции.
     
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Тоа е снимање за да се види со колкав процент работат бубрезите, се гледа нивната поставеност, големина, како се излева урина и дали има застој, за колку време измокрува и сл. На бебињата многу мала количина технициум (радиоактивен материјал е) им се вбризгува во вена, според килажата. Канила ставаат на рачето. Треба да е мирно кога се прави проверката, моево се искина од плачење (со него и јас) и заспа плачејќи на тој апаратот и така се заврши снимањето. Да се разбереме, ништо не го болеше, прво се смееше, па кога го врзаа и го држевме, тогаш се налути :)
    Сепак минимално зрачење има, но ќе го измочка, треба повеќе цицање ако цица или течности ако е поголемко. Во Систина се многу внимателни, љубезни и трпеливи.
    Девојчињата се поподложни на инфекции поради каналот, затоа можеби често има инфекции.
    Хидронефроза е всушност како циста, се собира течност.
     
    На Љута Чушка и 123baby им се допаѓа ова.
  9. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Фала многу на објаснувањето, мојата е голема, три години е да треба да одиме на ова испитување, стварно не знам како ќе и се стави канила. Кузмановска не води и до сега го нема препорачано, но сепак добро е да се знае. До душа сега кога бевме за испитување дали има рефлукс, виде мало слепување на малите вагинални усни за ѕидот од вагината, па претоставува дека има како џеб во кој се собира урина и добива инфекции, но не гледам како би го објаснило ова застојот во каналот. Фала ти уште еднаш во секој случај за објаснувањето.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  10. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    900
    @0ли на 15 месеци правевме операција. Кај нас од МРИ излезе дека плус е потковичен и функционира како еден. ДТПА скенот беше добар, но ни рекоа дека може од ден на ден да има промени и дека најверојатно ќе треба да се направи пак.
     
  11. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам. :hug:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Застојот во каналот најверојатно нема врска со тоа со усните, но може да има врска со инфекциите. Што кажа како решение? Прима ли нешто превентивно? Обично при чести инфекции даваат антибиотик превентивно.

    Едит. Инаку, ваквите работи најчесто се генетска работа. Не мора истиот проблем да го имал некој, доволно е проблем со бубрези да имал некој од фамилија.
    МРИ ни рекоа дека не треба да правиме, засега немало потреба.
    Инаку да, и нам ни рекоа дека ако има потреба, ќе се повтори ДТПА. Се надевам дека нема да има потреба :|
     
    На 123baby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Пиеше пиелосептил, но сега кога утврди дека нема рефлукс рече нема потрба веќе. Нареден чекор е да проба да ги одлепи усните, ако не успее она , тогаш хирург. Сега после секое уринирање се миеме и мачкаме за да омекне тој дел.
    Ако и после ова продолжат инфекциите, спомна може бил проблем мочниот меур, но не сакаше да објаснува многу околу тоа.И сега ако пак не доаѓа ради коронава, ќе ни се одложи, но тоа е.
    Инаку немаме фамилијарна амнеза со ваков тип на заболувања ни јас, ниту мм.
     
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    Ни јас ни мм немаме проблем со бубрези, но не мора да е наследено од мајката или од таткото, а и не мора баш истиот проблем да е, може што било што е поврзано со бубрези кај некој од фамилија.
     
    На 123baby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    147.117
    Пол:
    Женски
    Једино можам да ти ја препорачам и е најдобра у својата бранша Џикова.
    Што она каже утка нема.
    Од повеќе членови на моја фамилија искуство.
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    За деца е и каде и е ординацијата? Ако имаш и контакт телефон да ми дадеш.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    147.117
    Пол:
    Женски
    https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Соња_Џикова
    Чисто инфо за неа, сеа мајка ми за бр ќе ја прашам, мене трудна ме гледаше и моето бебе го гледаше воедно.
    Стар нефролог е , распрашај се да видиш женава колку е добра.
    Беше на клиника, сега приватно работи кај Соборна. :)
    П.с. сестра ми од дете мало ја следи оти има еден бубрег кај јајникот наопачки завртен...
    Ептен е добра. Што ќе каже утка нема.
     
    На Љута Чушка и ..barbie.. им се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Педијатар нефролог или и возрасни прима? Ми треба добар нефролог за маж ми.
     
  19. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Здраво. Успеавме да го прегледа проф. Кузмановска и се утврди дека на десното бубреже каналчето е проширено 8мм, 1 степен, не посоветува да следиме ситуација, да внимаваме да не фати уринарна инфекција и по два месеци да се видиме и да го прегледа уште еднаш, па тогаш да каже дали ќе има потреба од снимање во Плодност за рефлукс. Јас сум многу исплашена. Ве молам за искуства. Од што зависи дали ќе го прати на снимање во Плодност? Можно е ли да се повлече? Инаку сме месец ипол.
     
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.437
    Допаѓања:
    35.124
    Пол:
    Женски
    На моево на десен бубрег прво му беше трет степен, па стана 2-3 степен, а на лев му е прв степен. Можно е со тек на време како што расте да се среди.
    Внимавај на хигиената, обавезно после какање не со влажни или со туфери да бришеш, туку да му го миеш газето и курето, редовно менување пелена барем на три часа. Јас со крем не го мачкам на курето, страв ми е да не му се собира и да се улепи нечистотија, нагоре му го кревам.
    Ако крене некогаш температура, прво носиш урина да се види дали има покачени леукоцити, па ако има, треба да се провери дали има бактерија. Сигурно Кузмановска сè ви кажала, убаво објаснува, детално.
    Мислам дека ако не се повлече, ќе ве прати да се види да не има рефлукс и да одите, тоа е доста важно испитување. Со катетерче мало му вбризгуваат од материјалот и на ехо гледа како се полни меурот, како оди низ каналите. Не е болно, моето не ни изреагира никако, не плачеше, им гугаше на сестрите и весел беше додека траеше тоа. Колку е помало толку подобро за да не мрда многу. После даваат три дена Панцеф сируп за секој случај.
    Нормално е да си исплашена, но ќе биде добро, само редовно на контроли ќе си одите и ќе си ги направите испитувањата.