Јас и намерно пијам многу вода се налевам буквално бидејќи колку повеќе одам во вц ми е полесно околу печењето. Ама и јас така се осеќам мочам и станувам од шоља и осеќам пак притисок. Сега може и бебе ме притиска да ми е така, ама одвратна бактерија е. Многу тешко се лечи, барем кај мене ептен е упорна. Сега може ќе ти даде антибиотик, сепак две бактерии се. Подобро може за бргу да ја решиш.
Na poragaj ne ti rekoa nisto za bakterijata vo urina vo smisla da mu dadat na bebeto antibiotik ili toa vazi samo za vaginalna Infekcija?
И јас имав ешерихија и ентерококус пред месец дена отприлика, без притоа да имам никакви симптоми и конечно денес се израдував на чиста уринокултура. Со првата доза антибиотик и чаеви не ми се исчисти, па морав уште една тура. Додатно си набавив и умебоши сливи, појачав дупло со пиење чаеви и вода и ептен почнав да внимавам, да не кажам опседнувам, со хигиена. Нешто од се ова упали, или може комбинација незнам, али како и да е си отиде досадата!
Па јас дека бев со царски и ништо не ми рекоа. Ти која недела беше сега ? Претпоставувам дека сега ќе ти дадат антибиотик и ќе ја решиш. Добро е што и немаш некои појаки симптоми, инаку стварно е ептен досадна и упорна. Прв пат кога ми се појави имав огромно печење и целата вагина ми беше отечена мислев ќе цркнам.
Читав за тие умебоши сливи и не ги пробав, се мислев антибиотик не ми помага па зарем тие ќе ми олеснат. Ама дефинитивно треба да ги купам, ако не сега после породување морам да ја решам. Многу лоши симптоми, се осеќам како со пиперка долу да сум направена.
Баш ми е жал за симптомите, јас среќа немав ништо, само нервоза да не ми се искомплицира нешто. Се изнервирав дека толку внимавав на хигиена и не ми е јасно како успеав да ги закачам. Пробај со умебошито, ништо не губиш. Неможам со сигурност да кажам дека они ме спасија, ма да сакам да верувам дека е така зошто се прилично гаднички и првите денови дур се навикнам одвај ги јадев. Барем да се исплатело
Od utre sum 29ta, maticnata mi rece najverojatno nema da pijam nisto zasto 2 pati piev antibiotik nisto ne pomogna a simptomi nemam nikakvi ni cesanje ni pecenje, od druga strana vo petokot pravev vaginalni brisevi tie se cisti a sega da pijam antibiotik ke mi dade sumamed pa strav mi e I za bebeto takov antibiotik ne znam sto ke pravam...
Искрено незнам, од една страна убаво е што немаш симптоми ама сепак тука е. И јас чекам да излезат моите резултати, ама јас знам дека е тука ме пече. А вчера оставив урина на две места и на едната ми покажа пх вредноста на граница ми беше и имав покачени леукоцити. Па божем ја пратија на микробиологија.
Дај боже да се средат. Има шанси и јас да пијам уште еднаш антибиотик пред да се породам. Ги чекам резултатите.
Еве само што ми стигнаа имам Ешерихија 1.000 и уште една не ми е позната дека пишува на Дански. Во превод ми дава нешто за циститис. Ќе чекам до после сигурно докторката ќе даде антибиотик.
Еве ме повторно мене тогаш кога на брисеви ми излезе дека имам закачено ешерихија, матичната ми препиша Алмацин. Испив две дози и повторно правев брисеви и се беше чисто Еве породена 10 дена, јас сум супер бебето супер... Тогаш зборев и со друг гинеколог рече дека не е страшно, прашував од што може да биде како се добива таа бактерија, рече дека е честа кај трудници и не е опасна ако се третира соодветно, може и од сопствениот измет да се закачи. Фала му на Бога се е во ред со нас, а нормално дека секоја бактерија може да направи глупости ако не се третира соодветно или ако воопшто не се третира. Инаку немаше да знам дека ја имав, немав ни исцедок ниту пак некакви симптоми, туку на брис излезе, затоа е убаво да се направат сите брисеви. Да не ги направев немаше да знам дека ја имам.