Што друго да кажам освен - нека почива во мир! Лесна и’ земја. Патем, не и знам ни една единствена песна, ама сепак, жално е...
Oсвен Rehab, друга песна не и знам. Не ја следев ниту неа, ниту нејзината музика. Сепак, жално е, нека почива во мир. Нека биде лош пример за следните генерации.
Нека почива во мир. Back in black песната и ја имам слушано и уште една песна и ја гледав на јујтјуб од Белград. Глас дека имаше стварно го имаше, но сама си го упропасти животот. R.I.P http://www.youtube.com/watch?v=NcpObiN53y0
Многу ми е жал затоа што девојкава имаше одличен глас и музички стил, и остави многу добри песни зад себе.
Јас само ќе кажам знаев ... дека ова ќе се случи во брзо време. Пример за другите инстант ѕвезди како не треба да се самоуништуваат.
Искрено не се потресувам многу затоа што сама се уништи, повеќе ги жалам жртвите во Норвешка кои ни криви ни должни си отидоа.
Воопшто не ме потреси нејзината смрт. Добро што не умре и порано, покрај толку предозирања со дрога и други здравствени проблеми. Сама си го уништи животот. Никогаш не ја сакав, страшна и одбивна ми беше. Сепак, жално. Предобар глас имаше.
Нека си почива во мир. Не и бев некој голем фан за да сечам вени по неа но ми се допагаа многу нејзини песни. Можеше да направи толку многу со таков спецфичен глас, но ете, тоа прави славата.
Жал ми е само дека беше млада иначе да беше постара со карактерот што си го имаше ич немаше да ја жалам. Иначе песните и се прекрасни
Нека почива во мир.Инаку, не сум обожавател на нејзината музика, но имав слушнато една од нејзините песни, специфичен глас имаше, само таа се уништи себе си со дрогата.Не знам зошто не разбираат дека дрогата уништува, зборам за конкретно славниве личности, покрај убавина, глас, се имаат и се уништуваат со дрога наместо да го ценат тоа што го имаат, тие го уништуваат се обратно се поставени работите во животот.Да не се дрогирала Ејми, ќе имаше голем успех.
Сакам да кажам... http://www.youtube.com/watch?v=ojdbDYahiCQ&ob=av2e He walks away, the sun goes down... R.I.P
Не, не ми е воопшто сеедно што една ваква жена ја снема од музичката сцена толку рано! И нервозна сум и толку посакувам да ја варатам назад! Иако признавам дека не ја слушав нешто премногу, ми се допаѓаше нејзиниот вокал и стил во кој се пронаоѓав себеси. Мразам некои луѓе што не жалат за нејзината смрт...а навистина вредеше и заслужи барем ако не друго, да не биде плукана од народот поради нејзиниот последен настап. Којзнае како и било на релабилитација, и низ што се минала, мене ми е ужасно жал што почина на класичен начин. Не замислував дека ќе се предаде Како и да е нека почива во мир, беше голема ѕвезда!
Баш пред концертот во Белград, и реков на една моја другарка дека сакам да си испечатам маица со Ејми. Сега, нема смисла ни тоа. Отиде и таа во клубот на 27мицата. Многу ми е жал, баш посакував да се опорави, или барем да можеа да ја спасат од грдата музичка индустрија што ја исцица до последен грам енергија. Сепак, легендите така заминуват. А рокенролот и понатаму ќе ги јаде своите деца. Нека почива во мир, секогаш со задоволство ќе ги пеам нејзините песни... Кога само ќе ми текне со која радост ја свиревме Valerie, пред две години... Трагично, и светот загуби уште еден невообичаен вокал.
Која иронија човече, умре и сите ја засакаа, на сите им е жал, дури и тема се отворила Како и да е, нека и е лесна земја, ако не друго, ќе остане пример за навек.
Мене ми беше антипатична, не ја обожавав ама од некои песни кои ги имам слушнато имаше одличен глас.Не ме изненадува оваа вест бидејки и до кога мислевте дека ќе живее така.Жално е што беше квалитетен глас а си го уништуваше животот.Искрено не се потресувам многу бидејки сама одлучила така да живее...жално е за секој што умира толку млад, ама не ја жалам зошто сама си е крива.Повеќе жалам искрено за лицата во Норвешка...ни криви, ни должни некој лудак решил дека треба да им ги скрати животите...повеќе жалам и за 10год момче што почина денес во мојот град...а за неа што си ја зела судбината во свои раце и покрај се што има решила да се уништи...незнам...не би да ја жалам. Во секој случеј нека почива во мир.