нека почива во мир,искрено нит песни и знам нит нејна кариера пратев,гледав клипови од Бг и само се смеев (Господ нека ми прости) ама и пиздев од нервоза што некои плакаче карти за неа а она незнае име да си каше...сепак што било поминало-ама сама си завршила со животот и мене повеке ми е мака за лугето во Норвешка него за наркоманка...
Искрено не ја ни знаев која е, до пред некое време кога случајно по тв ја приметив по специфичниот глас и изглед. Не ја слушав нејзината музика, тук и таму по некоја песна, но најчесто по радио, но често читав дека имала проблеми со дрогата, и после она фијаско во Белград јасно ми беше како ќе се заврши нејзиниот живот. Жал ми е, зошто била млада но самата знаела до што ќе ја донесе дрогата и нејзините такви постапки, така да нека и е лесна земја.
Несфатливо е како тоа по нечија смрт сите го засакуваат, фанови му се и не знам ти што таму, а дури е жив го плукаат и навредуваат. По концертот во БГ сите ја плукаа и навредуваа, а сега истите тие солзи леат за неа. Нека почива во мир како и секој што ќе замине од овој свет, ама јас се уште си стојам на ставот дека беше една повеќе дрогирашка со убав глас. Да, убавиот глас и е неоспорен. Дека ми е жал што умре не ми е, зашто не и бев фан, не ја обожавав нејзината музика, а сега нема да се улизувам и да зборувам се најубаво за неа...
http://press24.mk/story/svet/ejmi-vajnh ... adi-dechko Значи оние од Све за љубав, никогаш не се тука кога се најпотребни.
иако ејми не ми беше омилена пеачка сепак кога сестра ми ми кажа дека починала не ми се веруваше и потоа она почна да ме убедува дека починала и накрај поверував тоа што е тоа е што да се прави нека почива ви мир ( но сепак ќе ја памтиме по нејзините дела и по тоа што правеше скандали сепак животот продолжува понатака за нас :/
Жално бидејки имаше мн. добар глас, силен, уникатен.. ама ова на некој начин беше очекувано.. Нека почива во мир.. а..и.. се надевам дека не се самоубила поради некој дечко стварно би било штета и глупоhock:
Сега почина, и ајде сите ја сакаме! Јас право да ви кажам, нит ја слушав, нит ја сакав, нит па сега нешто многу ми е жал дека починала. Да беше малку паметна, при толку пари и слава немаше да се нафаќа за дрога и алкохол. И на толку рехабилитации одеше и пак не се опамети. Ова самата си го направи, и самата си е крива, и сето тоа од бес! Како и да е, лесна нека и е земја.
Лесна ѝ земја. Наркоманка, ваква, онаква... Нит прва нит последна, шоу бизнисот и музичката индустрија го прават своето, не се сите подеднакво силни да ги издржат истите. Парите и славата не паѓаат од небо, покрај нив се нема нормален живот. Цената е таа, порано или подоцна. Куп музичари и актери умреле вака и нема да запре со Ејми Вајнхаус сигурно, а не паметам вакви реакции - ако ѝ е, прашање на време, едно ѓубре помалку и слично. Нема поголем мразач на дрога од мене, ама ми е жал што почина, ја слушав со години. И ја почитував токму заради вонсерискиот талент, со кој допрва можеше да направи многу. Ако за нешто ја сакаа луѓето, тоа е токму талентот и оригиналноста, не убаво лице, цицки и слично.
Абе што ни не нас гајле кој ја плукал претходно, а кој ја сакал? Битно се избрука убаво во Белград и го уништи концертот, ко самата што полека се уништуваше. Не сум ја слушала многу, т.е скоро ич, ама последно кога ја видов снимката (нели тоа беше хит по телевизииве и нетов) реков дека и го гледам крајот, со овие зборови : ако продолжи вака за брзо ќе умре, се гушка со членовите од бендот како последен ден да и е и се опростува и ете се случи, не се изненадив гледајќи во каква состојба се осмелила да излезе пред толкава публика. Жално е тоа што со оглед на популарноста можеше уште повеќе, ама тоа е . Нека почива во мир, белки ќе појде на подобро место. Други зборови се излишни.
Дури неправедно е да ја жалам, но ми беше дефинитивно една од омилените женски артисти.Музиката како и целата нејзина појава вклучувајќи го гласот со еден збор може да се опишат како -УНИКАТ! Неповторлив.Музика која вистински допира до мене, во која се пронаоѓам.Сметам дека светот сепак изгуби огромен артист.Жално е колку е тоа само себично од неа. Уште не ми се верува.
Не ја сакав,не ја слушав иако и ги знаев песните,имаше неколку уникатни парчиња музика што ќе останат да се слушаат! Јас и го очекував ова,прашање на време беше кога ќе се деси! За некои луѓе фатална е славата и парите,не е секој за оваа работа особено не личности како неа! Во секој случај нека почива во мир сепак се работи за млад живот!
Морам да признаам дека имаше извонреден глас, иако ја мразам онака како појава. И нема да речам дека ми е жал за тоа што почина, бидејќи тоа што си надроби, тоа и си сркаше.
http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... i-Vajnhaus http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/vesti/ ... a-vajnhaus Штета голема штета мислам навистина не бев нејзин голем фан ама типката беше посебна на некој чуден начин. Омилени песни ми беа Back to black, Love is a losing game, Tears Dry On Their Own и многу други.
Сега кажаа дека земала, херион, кокаин и екстази заедно. Лудача. За мртвите најдбро ама ова бре претеризам.
Некако наеднаш многу фанови на Ејми се појавија. Со експресна брзина... Се знаеше како ќе заврши,само не очекував толку рано... Омилена песна без конкуренција ми е .. http://www.youtube.com/watch?v=ojdbDYahiCQ&ob=av2e
Ми се крева косава од коментари од типот - така и требаше, што си надроби тоа си насрка, ако и е,.. Па добро бе луѓе, ви текнува нешо Америка, нешо музика нешо рок старс нешо ау? Колку ѕвезди умреа на истиот начин? Од дрогиче? Па и толку млади. Нишо ново не е ова, не е за осудување воопшто, напротив за жалење е.. а со нејзиното темпо на живот се мирисаше дека ќе згасне таа нејзина убава ѕвезда која не ја негуваше, туку ја згаснуваше. Жал ми е навистина, и‘ бев нејзин фан и покрај глупостите, песните и‘ ги сакав, ми е жал што ќе нема нови хитови тој специфичен, и убав глас.
Не ја обожавав нешто типкава,но си имаше некој специфичен глас и стил.И тоа ми се допаѓаше кај неа,што беше поразлична од сите во таа професија.Да не се десеше ова,т.е да не земаше дрога и сите тие работи мислам дека би направила убава кариера.Али тоа,некогаш животот ке ти пружи све и не знаеш како да го искористиш,а некој нема ништо но пак се снаоѓаат и продолжуваат да живеат на убав начин.