Како по правило, некој млад, талентиран човек ќе не напушти заради дрога, секс, сексуална болест, поинаква сексуална ориентација која може а не мора да ти донесе сида и слично - и ќе се јават секакви човечки реакции на веста. Мене не ми е здодевно кога ќе отворам некој портал и луѓето постираат десетици квалитетни песни од нејзе, мене ми е искрено здодевна реакцијата - „абе ај, сите одеднаш ја сакате, до вчера не знаевте која е, сама си е крива, си се упропасти...“ итн. Небаре па ние обичните луѓе чијшто единствен проблем е да сврземе крај со крај на нашата тековна сметка, или што ќе облечеме во сабота за у град, знаеме како е да си проклето талентиран, и проклето популарен и да бидеш многу млад бутнат во една индустрија која се врти како машина за перење и нема излез од истата колку и да се труди човек. Не знаеме, поточно скоро да сум сигурна дека немаме поим како е. Само лесно ни е да судиме и коментираме, седејќи во своите удобни фотељи или размрдани дрвени столчиња. Ама тоа е - луѓе сме и секакви не има. Ејми ми беше на музички план прекрасна. Глас кој иако неверојатно шкрипи, онака џезерски, сепак е толку пријатен за слушање и уживање, што мислам дека секој пат кога си го преслушував нејзиниот комерцијално прв успешен албум, ме полнеше со едно неверојатно прекрасно и пријатно чуство. Јас уживав во нејзината музика. Обожавам вакви џез, блуз и соул звуци, а таа беше пријатна промена во еден музички свет кој изобилува со низа гомненици кои не вредат ни да се спомнуваат. Беше млада, беше поинаква и проклето многу талентирана. Беше наркоманка. Не беше единствена и искрено после концертот во Белград стискав заби кога следната вест поврзана со неа ќе гласи - смрт. Се случи и ич не ми е пријатна веста. Напротив имам некое горчливо чуство. Зошто мораат вакви таленти толку рано да отидат?! Дали натолку не си го ценеше животот или пак оние кои заработуваа благодарение на неа грдни пари, беа толку заслепени од истите што им беше искрено гајле дека ја оставаат да се уништи до крај? Од ова последново ми се гади можеби повеќе. Прекрасни ми се нејзините песни. Ги слушав и ќе ги слушам и понатаму. Веќе се спомна негде - влезе во клубот „27“ а жал ми е што таков клуб воопшто постои. Нека почива во мир. Можеби светот навистина остана со еден наркоман помалку, но ние изгубивме талент кој барем малку ми враќаше верба и надеж дека музиката не е само по нарачка направена песна со глас променет во студио илјадници пати за да може да се слуша воопшто. Ејми тој глас го имаше без ретуширање. И пленеше со истиот. Ќе остане запаметена по него, во тоа сум сигурна. Honey, you should've taken that rehab!
Не ја слушав,се до пред некое време..барав нешто и случајно ми излезе песната 'You know that I'm no good' со заљубив во оваа песна преуба ми е...специфичен глас има,само дрогата,таа го уништува на човекот... RIP
Стварно ја сакав . Уште од кога испадна Rehab, почнав да си ги симнувам нејзините песни и обожавав да ја слушам. Back to black 2 години ми е ригтон и сега и не планирам да си ја сменам. Криво ми е мн што заврши на ваков начин
Не бев нејзин фан, но откако ја знам ја почитувам затоа што имаше прекрасен глас, првите зборови што ги слушнав за неа уште кога бев средно и разговарав со една другарка, таа рече вака “глупава Ејми, толку убав глас, толку талент а се упропастува“... Најубава песна ми беше Rehab и баш реагирав секогаш кога ќе ја слушнев велејќи “затоа ќе си го уништиш животот, а имаш талент!“ Премногу беше млада за да замине, тоа ме погодува, имаше потенцијал! И морам да се согласам со Пирамида, целосно!
Ејми Вајнхаус.... девојка која беше своја и оригинална до крај, еден моќен глас кој плени, ваква квалитетна музика немам слушнато со години...ма да не и требаше ова со дрогите...... ја слушав и сеуште ја слушам не сум некој нејзин голем фан( да кубам коси) ама ја слушам.. голем акцент би ставила на нејзиниот изглед, експериментираше премногу и успеа да остави впечаток со тоа, незнам кој би можел да го заборави нејзиниот уникатен аутфит...црното моливче на горниот очен капак и караткеристичната црна коса (фризурата) ... ( ваква се правам за следен 1 април ... )
Иако не ми беше омилена нејзината музика мора да признаам дека беше девојка со уникатен глас која постигна големи успеси, а допрва требаше да се докажува. На свои 27 години колку постигна, за понатака можеме само да претпоставуваме што би било...Но, ете, таа го избра овој пат...за жал R.I.P
Лично присусутвував на концертот во Белград, воедно нејзин последен , и ми се бљуеше од коментарите на јутјуб .... Не ми е јасно како некој може да осудува такво нешто... Тоа беше жално. Верувам дека многумина од вас ги имаат прегледано клиповите од тој концерт и незнам како некој неможе да свати дека она немаше сила повеќе. Најголемата кривица секако дека ке оди на нејзините менаџери кои ја уништија тотално, ја извадија од рехабилитација за турнеја? Тоа беше глас "special selection" , кој заслужува почит, и сочуство барем сега , без оглед на нејзиниот приватен живот. Не е битно кој ја сакал или не, и покрај тоа што беше вештачки производ на музичката сцена сепак го оживеја тој микс на жанрови кој беше умрен за жал, заради пластичните тие со талент - 100 ..... Кога видов прв пат за овој случај мислев дека е некоја одвратна фора на тие компететнтните предвидувачи на смртта кои нон-стоп типуваа за нејзина смрт - "Уште 3 месеци има" или " Една година и давам " и сл. И сега кога се покажа како точно навистина жалам и покажувам голем респект кон нејзиното дело. Читав скоро секаде дека се прави споредба со жртвите во Норвешка. Се прави некоја бедна споредба со цел да има т.н хуман текст.... Тоа што се случило таму е трагедија , за која никој не би останал рамнодушен и сите ние сме свесни. Но навистина не гледам причина зашто би се споредувало со Ејми ? Луѓе зашто бре вакви работи бе леле ? Срамни ми се тие текстови ......... Ејми драга почивај во мир, го заслужуваш тоа .......
Морам да признаам дека не ја слушав баш, и не ми беше меѓу омилените музичари. Но нејзиниот талент е неоспорен. Многу специфичен и маркантен глас, талент за извоз, арно ама дрогата како и секогаш си го зема данокот Штета што замина толку млада, сигурно можеше да даде уште многу добра музика. RIP
Не бев нејзин фан, не ја обожавав, слушам тек тук по некоја песна. Не ме изненади воопшто веста за смртта на Ејми, зашто нејзиното се знаеше само беше прашање на време кога ќе се случи. Жалосно е што згасна уште еден млад живот, а светот остана без таков талентиран музичар. Но тоа е, парите и славата си го прават своето и не секој може да го издржи тоа. Беспотребно е да се зборува дека се предозирала зашто дечко и’ и раскинал. И без тоа таа имаше тргнато по лош пат. Нека почива во мир.
никогаш не ми се допаѓала поради тоа не сум ја ни слушала. Не и знам ниту една песна, а поради изгледот ми била и многу антипатична. Дрогата си го направила своето сепак како човечко суштество ќе кажам нека и е лесна земјата и нека почива во мир
Колку жално да згасне еден млад живот. Се надевам дека конечно ќе најде мир! Без разлика што била наркоман пред се била човек и нечие чедо! Сочуство до нејзиното семејство. Почивај во мир!
на вестите рекоа пред куќата на Ејми се собраа фановите да и оддадат почит кои оставаа цвекиња свеки и шишиња алкохот велам што не оставиле и дрога
Овој пост може да биде напишан само од фан на Џастин Бибер како и што е.Добро се дрогирала и што сега? Не значи тоа дека треба да се прават зезанции од нејзината зависност и да се исмејува кога е мртва.За мене Ејми беше една од најталентираните пејачки на денешницата и ретко квалитетен изведувач.Имаше огромен талент но за жал се упрости со дрогата и алкохолот.И зависноста е нешто што тешко се лекува,кој влезе во тој зачаран круг тешко може да излезе од него и тоа не е воопшто тема со која треба да се шегуваме.А ти девојче гледај си го Пиперот и неговиот бебешки глас и избегнувај да коментираш на теми за вакви извонредни изведувачи.
Не сум и фан а не и ни бев. Според изглед многу ми беше антипатична и ич не ми е гајле што умре нема сеа да се праам фан да ја жалам али ај нека почива во мир и нека се кае што се дрогирала
Приватниот живот не и‘ го коментирам. Од професионалниот... ова ми се допаѓа: http://www.youtube.com/watch?v=Ye5T66K4PTQ
не реков ништо за ејми само реков што кажаа на вестите и мислам дека не е убаво тоа што и оставале алкохол..а гледам ти си се расчепкала во моите мислења и дали најде нешто што сум рекла лошо за ејми или дека ја осудувам дека се дрогира незнам зошто од ништо направи дека јас сум рекла нешто за нејзиниот живот...а во врска со џастин како што гледам не го сакаш ти се гледа по понашањето-(начинот на кој го нарече) го навредуваш а мене ме осудуваш бидејки сум рекла за дрогирањето на ејми мене баш ми е гајле што правела таа дали пиела ил се дргирала и дали џастин бибер пие или спие само сум му фан така да....