Не сум чепкала по твоите мислења туку ја читав темата за Биберот и по тоа те запамтив.А да имаш право не го сакам и ќе го навредувам колку сакам затоа што за мене тој клинец не е достоен да се нарече пеач.И не почнувај со она "ништо не ти направил" затоа што мене не ми направил но на на музиката и направи.Да не бидам многу оф-топик не мора да ме цитираш јас само кажав дека не е во ред да се зезаш со нечија зависност.
Нека почива во мир.. според мене припаѓа во групата најталентирани изведувачи, специфичен глас, јаки песни со фини лирики..
Ејми Вајнхаус беше квалитетен артист. Но, сама се доведе до крајот иако имаше шанси да остави пороци и да биде тоа што е. Сигурно ќе биде запаметена, и почивај во мир.
Никогаш не сум ја слушала, не заради физичкиот изглед (дека ми била одбивна и сл.) туку никогаш не ми привлекла некое посебно внимание да пребарам по Интернет и слушнам некоја нејзина песна. Така да, не сум компетентна да давам коментар за нејзините гласовни способности, музика итн. Но, дека не ја жалам заради смртта, не ја жалам. Просто, таа веројатно си имала свои причини зашто го избрала погрешниот пат кој ја фрли во амбис. Не можам да жалам човек кој сам си го уништува животот (некогаш заради незнаење, неупатеност и сл., човек може да погреши, но во нејзиниот случај ситуацијата - барем според мене, е сосема поинаква). Почивај во мир.
Уф,голем фан и бев..одлични песни..ретко некој кој има слични вокали како нејзините,колку квалитетен артист..огроменннн талент,но кога незнаеше да го искористи... Колку обиди да се победи зависноста од дрога и алхохол..но и тоа не е лесно..Valerie,Back to black,rehab..ќе останат запаметени..мене ми беше многу симпатична..но се упропасти..
од што многу ја сакам и поштувам нејзе и нејзината музика еден другар милуваше да ме вика Ејми голема штета што си отиде толку рано но тоа е љубовта кон алкохолот,кокаинот,аповите беа посилни од се друго ... Рест ин пис Ејми ,твоите песни ке се паметат ...
Ејми имаше неверојатен глас, ама пееше со огромна мрза. И нејќев ич да ја слушам токму поради тоа. Немаше никаков осет (вака нели на мене ми делуваше) да внесе емоции додека пее, да ти ја пренесе добро песната, туку баш со мрза ми пееше. Па уште кога ќе ја видев како се љуља на сцена Ја го сакам повеќе начинот на пеење, на пример, слушаш песна и те мрднува, ти затреперува цело тело, се внесуваш. А со Ејми баш тој филм, никогаш го немав. За мене не е доволно да си само добар пејач, туку да си и уметник, зашто со гласот создаваш преку музиката приказни и ако монотоно ги раскажуваш...никому не ќе се интересни. За приватниот живот...нема потреба да се коментира.
http://www.youtube.com/watch?v=bWyBMiOi ... re=related Amy Winehouse - Back To Black (2006) - Full Album
Не сум и нешто голем фан, единствено што ми се допаѓа е песната „Валери“, ама морам да признаам дека имаше добар глас со специфична боја и уникатен стил.
Девојката беше екстремно талентирана. Не знам што и се задеси. Јас кога се запознав со нејзиното дело беше таква малце побуцкаста и ни на крај памет не ми беше дека вака ќе заврши. Секое губење на ваков талент е само по себе трагедија. Без обзир на тоа дали била наркоманка, пијаница или проститутка. Изведбата е неверојатна. Дури совршена. Си го надминува и оригиналот. http://www.youtube.com/watch?v=gceGGSSxDqo
Не ја слушав многу Ејми само Rehab иии Back to Black,ама многу ми е жал што си отиде толкав талент ама ете тоа ти е...лесна и земја.
Колку и да е веќе подзаборавена, несомнено е дека остави песни што ќе се слушаат и слушаат понатаму....
http://www.youtube.com/watch?v=ttJg8901qAU Се потсетив на Ејми, па решив да ја спомнам овде. Таа е совршен пример за тоа како можеш да се уништиш потполно себеси и притоа да не ти е гајле. Толку е тажен нејзиниот последен настап во Белград, тука веќе не беше битно дали добро пее, дали фалшира или под какви опојни средства беше таа вечер. Жално е зашто тука и се гледа крајот, нејзината пропаст. Штета зошто беше уметник во вистинска смисла на зборот. Може не остави ништо добро позади неа освен песните ама барем може да земеме пример од неа какви не треба да бидеме.
Back to Black, Rehab, You Know I'm No Good... Имаше стварно предобри песни и прекрасен глас. Можеше многу повеќе со животот. Спојлер Дрогата ја уништи.