Дечки вчера ми стаса киндлот, ама некако ич не можам да се снајдам Се регистрирав на амазон, поврзана сум и на интернет, ама освен книгите што и се за продавање, никако не можам да се поврзам со некои страни што имаа бесплатни книги за е-book читачи, ниту пак имам пристап до мејлот. Знае ли некој што е работава? Да не треба да симнам некоја апликација, или пак да ми каже како можам да префрлам најлесно книги? Фала многу
Било која пдф книга може да си ја пратиш на твојата kindle адреса и во субјект ке напишеш Convert, и книгата за неколку минути ке се појави на твојот читач. ПДФ книги имаш на форумите balcandownload или на knjige.club. Со здравје да си читаш, јас никаде не одам без мојот киндле, просто го обожавам.
Продавам читач за е-книги Tolino vision 4HD, со околу 200 книги на српски јазик и опција да се додадат и повеќе, и оргинал кожна футрола.Повеќе за перформансите можете да видите на линкот: https://goodereader.com/blog/electronic-readers/tolino-vision-4-hd-review
Здраво на сите.. Јас сум заинтересирана за kindl... Дали ќе може да ми објасните како функционира и дали книгите се само на англиски?
Какви книги ќе му ставиш, такви ќе има. Мене на пример сите ми се на англиски, такви книги најлесно ми е да најдам на интернет. Што те интересира поточно? Батеријата му трае еден месец на мојот и тоа со читање минимум саат време на ден.
Топло препорачувам три најдобри производители: Onyx boox како не толку познати но евтини и квалитетни; Sony, докажани и нај скапи, истотака и најголемиот еинк таблет го имаат тие (13 инчи, што според мене е многу); Epad, како и оникс, евтини и одлични. За батеријата, единствената потрошувачка е при промена на содржината или страница на екранот. Доколку остане вклучен, екранот не троши батерија воопшто. Сите три брендови се одлични, останува уште изборот на големината. Јас препорачувам осум или десет инчи.
Овие се изгор скапи и нема потреба од вакво нешто доколку не е за нешто поврзано со работа. За некој што само сака да чита е доволен киндл. И јас на англиски читам, ама може да се најдат книги и на српски, а поретко и на македонски. Гледам сега има нешто вакво https://knigoteka.mk, ама не сум запознаена како функционира.
Не се сложувам, електронски читач е далеку подобар од таблет, можеш да земеш киндл или толино и со нив нема утка.За книги на македонски нема некој избор ама затоа на српски има се, има форуми, фб групи и страни кад што има книги.
Таблетот тежи во рака, Киндлот не. Имав таблет со што ти ја знам каков екран, со милион спецификации, за така да ми стои по дома. Кога еднаш ќе почнеш да читаш на Киндл или друг читач (значи е-читач, не таблет), нема назад. Ништо не ми беше доволно удобно и пријатно за очите како Киндл, пак си се вратив на него.
Јас веќе една година како читам на таблет и супер ми е, си го наместив светлото како ми одговара и не ми смета. Си комбинирам за читање еднаш во електронска верзија па во печатена.
Се сложувам, јас читав на се, и на таблет и на мобилен тел и на компјутер, и само си ги расипав очите, електронските читачи не се џабе измислени, просто се неспоредливи во однос на останатите уреди.Лесни се, не замараат очи,не го расипуваат видот, држат батерија долго, скогаш имаш огромен избор за читање. Се додека не земеш читач во раце немозеш да направиш соодветна споредба со останатите уреди.