Здраво,ја прочитав цела тема но воглавно мислењата се од поодамна па затоа да си прашам. Планирам да купам е-читач, кој би ми го препорачале вие ? Мислам дека киндл во Мк нема. Дали овде се наоѓаат некои други марки или Амазон е единствена опција? @Mishela @AnaKarenina @RainBow @Annath (Вие сте биле поактивни на темава,затоа ве означувам)
Киндл има во Анхоч, но доста е поскап него на Амазон. Има други марки, но не знам дали се/не се добри.
Јас имам обичен Киндл, купен во Анхоч пред две години, околу 6400-6500 ме чинеше. Немав друга опција. Ако имаш некој од странство и Амазон доставува кај нив, може поевтино да го земеш. Вреди, морам да признаам. Kindle Paperwhite е можеби подобра опција затоа што има светло за ноќно читање.
Kindle моделите им се потрошени во Анхоч веќе мислам и не им доставуваат нови. Можеш да ги прашаш кај имаат останато на залиха па да ти кажат, ама знам дека одамна немаат веќе од моделите кои беа по стотина евра. Најдобро јави се и прашај, па види дали ти одговара цената ако имаат останато. Има и друг читач кој е исто така многу добар како и Киндл, @*Ench@nted* има искуство.
@Rirri јас го имам Paperwhite но според мене е прескап во Анхоч. Јас го платив 110 евра сосе футрола на Амазон, кај нас мислам дека околу 11 000 одеа. Најдобро е како што вика Анат некој од страна да ти го нарача, па да ти го донесе, јас така направив. Иначе Киндлот како на Анат беше околу 50-60 евра на Амазон, навистина дупло поскапи се во Анхоч.
Имаат на залиха, ама не сум во тек сега каде е каква цената па да споредам. Овој е најефтин на залиха. Очигледно е понова генерација од мојот, јас имам Wi Fi но мислам е 4гб мојот.
Скапичко. Чисто колку за споредба, за Блек Фрајдеј другарка од Германија си го купи најновиот модел на Киндл за нешто помалку од $50. И како да не си пукнеш кога ќе ја видиш цената кај нас. Јес да вреди да се вложи во електронски читач, ама претеруваат со цените како и обично и си преплаќаме технологија. Мислам дека јас и ти имаме ист модел. Исти перформанси има мојот, седма генерација, со ви-фи и 4гб меморија, ама ептен постар е и немам светло. Да ви кажам, ич не ми смета иако порано ептен се туфкав што не додадов уште некоја илјадарка за да си земам таков со светло. Тогаш и тој беше поевтин од овој, 6800 ако не се лажам. Преболев, а и онака палам ноќна ламба, па не да свети, таман ми е. Е криво ми е што веќе ми е доста стар и тенко преде, не му држи толку многу батеријата, ама па и јас душа му вадам од читање, нон-стоп сум обесена како црево на него и може и до тоа е, не негирам.
Сега видов, 3гб е, не знам зошто ми останало во глава дека е 4. Не е ни битно до душа, и онака треба илјадници книги за да се наполни до крај па не менува ништо. Ама гледам и дека треба да го апдејтирам, назад сум два апдејти. Си отворив работа.
Јас го имам овој Pocket Book од Анхоч веќе неколку месеци и презадоволна сум. Кога барав читач ја послушав @Mishela да биде со светло, тоа ми беше еден од основните услови. Во прилог еве ги и останатите спецификации. Не знам какви се цените на читачите некаде надвор, но ако имаш можност зошто да не земеш некој со екстра спецификации за помала цена. Доколку сепак се решиш на овој, овде сум за било какви прашања. @Rirri
Веројатно и јас треба... да дочитам книгава па со тоа ќе се занимавам. Иначе држи батерија овој добро се' уште, иако најчесто со светло вклучено читам сега. Летно време кога сум повеќе надвор, заборавам кога сум го полнела последно. Иначе сега околу 7-10 дена држи, сосема солидно, со оглед дека душа му извадив
Ама не може да споредуваш Блек Фрајдеј цена со Анхоч цена, нема смисла. Јас мојот моментален Киндл го зедов од Анхоч, многу одамна и го утепав од користење. Првиот Киндл ми се изгуби и кога сфатив веднаш зедов од Анхоч. Мислам дека платив 8.000 денари. Ако е поскапо 2.000 денари од Амазон, мене ми вреди со самото тоа што не чекам со месеци. Имаш на АлиЕкспрес ламбички за киндл за 2-3 долари, вршат работа прилично.
Леле дај те молам, уште за правдање се со напумпаните цени. Дали ќе чекам или не мене не ми значи воопшто. Особено пак со тоа што никогаш не ги ни ставаат на попуст кај нас, ниту пак имаат некој избор моментално, и те како ќе размислам дали ќе земам од тука. И ако земам, најверојатно нема да биде Киндл зашто нема ни избор а не ми се даваат +20.000 денари за читач. Најновиот Kindle Oasis е 250 долари, а кај нас знаеш колку е? Дваесет и три илјади денари, ете толку. Многу мала разлика, уште малку па и дупло. Kindle 10та генерација потрошен им е на Анхоч одамна, тој што сака да си купи таков, за жал нема да биде во можност, а за Kindle Fire кој веќе е прастар, нема ни да размислувам, не па да давам пари. Споредбата па не си морала до толку трагично да ја сфатиш, кажав дека илустративно ја спомнав ако не ѝ е итно и ако има можност да си ја разгледа и таа опција зашто покрај тие Блек фрајдеј, Сајбер мандеј и ним сличните, редовно си има и добри зделки на нет и на страна. Ако некој сака читач сега и веднаш, фала богу оти ќе си купи, ама муабетот дека Анхоч не претеруваат со цените ми е многу смешен. Инаку не ми треба ламба за киндл, си кажав. Тие малите не ми се допаѓаат, само ми сметаат додека читам и многу замараат очи.
Јас имам paperwhite, ми го донесоа, па поевтино ми се фати. Не знам какви има сега во анхоч. Овој ми се свиѓа мнооогу повеќе од првиот што го имав, тој прастар беше и со копчиња, на овој се е далеку полесно, плус светлото е огромна предност. Сега со малата си легнуваме си гасиме светло и и читам на киндл. Има многу бесплатни книги на амазон, сега повеќе со неа читам детски книги.
Јас го имам исто Kindle Paperwhite и тоа мислам речиси 5 години ќе биде летово. Ми го донесоа од Америка и иако претходно не бев некој поборник за е-читачи, сега за ништо не би го менувала. Батеријата држи доста, а го користам интензивно. Има голема меморија, има доста бесплатни книги на амазон плус има од каде да се симнат други книги Добив пристап со него за книги за кои можам само да сонувам и мислам дека доста има придонесено за проширување на мојата литературна палета. Дополнително, мене многу ми се допаѓа опцијата за подвлекување и фаќање забелешки кои после можам во лаптоп да си ги средам. За материјали за работа ова доста ми се има најдено. Плус, опцијата на вграден англиски речник ми е исто доста корисна. Ако имате можност, јас искрено би препорачала Киндл. Другар имаше земено два типа на е-читачи од Анхоч и ем цената не им беше ниска, ем воопшто не се покажаа. Со последниов има проблеми со форматот на книгите и низ триста чуда треба да ги помине за да му ги чита асално. Плус, батеријата трае помалку од Киндлот, баш споредувавме неодамна.
Мене па многу ми фалат копчињата. Имав еден што го земав уште во 2013, и го обожавав, му купив футрола со сијаличка за да читам навечер. И го заборавив во аирбнб Сега имам paperwhite од анхоч, веќе скоро две години, супер е, само ми фали да вртам страни на копче