1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Е-читач

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 22 март 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас никогаш не сум имала читач со копчиња, ама дефинитивно мислам дека фалат.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам не е дека до некаде не си во право. Со копчињата беше многу позгодно за вртење, прстот секако на копче стоеше и само притискаш. А сега треба да се ослободи раката за да се сврти страница. Ама пак беше потешко за пишување забелешки на пример, сто години додека се кликне буквата.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Ме нервира што несакајќи некогаш вртам повеќе страни или се враќам назад, или некако успевам да скокнам цел chapter. Со копчињата беше супер, посебно тоа што на двете страни имаше по две копчиња :inlove:

    За забелешките се согласувам, значи решението е комбинација од двете, екран на допир и копчиња од страна :D
     
    На RainBow и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Можело да ги остават копчињата за страниците и другото да е на тач. Совршено би било. И мене ми се случува истото со вртењето, некогаш место напред назад ми се враќа. Следниот таков да им биде би било совршенство.:l:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    Kindle Oasis има и копчиња и тач.
     
    На crimson, RainBow и pdb123 им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.576
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Девојки, јас до сега ниту сум имала, ниту сум видела Е читач. Ги барав на нет и најдов само во Анхоч. Ама појма немам што треба да барам, кои карактеристики се битни?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Ако збориме за Киндл, најдобра средина ти е Paperwhite. Има вградено светло, кое ако не ти треба не мора да го користиш, новиве генерации мислам се со 8гб storage, што е и повеќе од одлично (мојот е 3гб, а никогаш го немам наполнето - книгите ги чувам на мега.нз)

    Имаш и пософистицирани Киндл-и но искрено не знам дали се исплати.
     
    На eliesaab, Emotional123 и crimson им се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Пред само неколку месеци и јас се наоѓав на твое место и не знаев од каде да почнам. Најмногу зависи од тоа колкав фактор ти е цената и дали имаш некој друг критериум. Пример, јас сакав е-читач со што е можно поголем екран бидејќи ми се допаѓа да гледам што е можно повеќе текст, најмногу ми има чувство на вистинска книга. Откако го дефинирав тоа, барав кои се подобрите (фирми на) е-читачи, затоа што знаев дека купувам еднаш нешто што би требало да ми трае подолго време.

    Од тие со голем екран и слична цена, ми паднаа во очи Kindle Oasis, Kobo Forma и Inkpad Pocketbook 3 Pro, па ги споредував. Сите три се со светло на кое можеш да додаваш warmth, т.е. да не биде бело, туку попортокалево, за да ти е поудобно на очите. Ова мислам дека го немаат помалите читачи, туку имаат само бело светло. Исто така, овие читачи имаат копчиња за вртење страни, додека помалите немаат.

    Kobo и Inkpad поддржуваат над 15 формати на документи, од кои нам се разбира најмногу нѝ требаат pdf и epub, како најчести формати на книги. Kindle поддржува pdf, но најдобро е претворање во неговиот оригинален формат - mobi. Сепак, за сите важи дека не е баш препорачливо да се чита во pdf, бидејќи е-читачот секоја pdf страна ја претставува како слика, а со оглед на тоа дека неговиот екран е помал од А4 формат, текстот ќе е ситен. Ќе треба постојано да зумираш, што не е баш пријатно искуство со е-читач.

    Kobo Forma беше најскап, а има скоро исти перформанси со другите два, плус се жалеа луѓе дека имале проблем со светлото, како да им трепкало. Најмногу ми се допаѓаше дека имаше 8-инчен екран. Најбрзо го елиминирав.

    Inkpad Pocketbook 3 Pro ми се допадна многу, по цената беше меѓу Kobo и Kindle. Исто 8-инчен екран (поточно 7.8-инчен), со можност за слушање и аудио книги, имаше и мини-игри како судоку или шах и опција за пишување белешки (мислам има опција и со пенкало). Долго време се мислев дали да земам ова или Kindle. Судоку/шах искрено не ми значеше ништо, не купувам таблет. Аудио книги можам да слушам и на телефон/компјутер, иако баш е убава опција. На крај пресуди тоа што многу луѓе дадоа забелешка дека текстот на е-читачот изгледа сиво, а не црно, а и на видеото што го гледав некако ми имаше позабавена реакција во споредба со Kindle. Патем, има најмногу меморија (16 GB, останатите имаат по 8 GB); претпоставувам е така заради можноста да ставаш и аудио книги.

    На крај ми остана Kindle Oasis. Има најмал екран од трите - 7-инчен - ама има најбрза реакција, најлесен е и има многу убава опција да ти го памети секој збор што го бараш за превод (има вградени речници, како и сите останати е-читачи) и да ти прави flashcards ако сакаш да ги учиш овие непознати зборови. Имаш опција за слушање на аудио книги, ама само книгите на Audible, што значи треба да се претплатиш. Исто така, на неколку места прочитав дека е прогласен како најдобар е-читач за 2019 год. Го купив на Black Friday, кога имаше и најголем попуст, па цената му падна од 230 на 180 евра.

    Е сега, ова звучи скапо, и е. Затоа и ти велам дека зависи и од тоа која цена ја бараш. Јас ти објаснив за мојот случај не за да се пофалам, туку да ти покажам како јас размислував, па можеби некое слично размислување ќе ти помогне да одлучиш што да купиш. Во секој случај, поминав доста време гуглајќи и гледајќи видеа на Youtube пред да одлучам.

    Ако ти е фактор цена, @CameliaMiller веќе ти го препорача - Kindle Paperwhite. На многу места прочитав дека е најдобар читач кога се зема во предвид и цената, т.е. има најдобар сооднос квалитет/цена. Цената му е 130 евра, а баш сега ѕирнав дека е намален на amazon на 90 евра. Не знам како одат цените тука, иако мислам дека @Mishela напиша еднаш дека кај нас се продаваат многу поскапо, така што не би било лошо да ја провериш цената на интернет и да ја споредиш со таа кај нас. Лошото со Kindle е што не можеш кај нас да го купиш преку amazon, а во случај кај нас да е многу поскапо од оригиналната цена, не знам од каде друго место би можела да го земеш. Евентуално да го купиш кога ќе си во странство кај роднини/пријатели или тие да го порачаат и да ти го донесат кога ќе доаѓаат.

    Имаш и уште помал Kindle, кој гледам дека исто така сега е намален од 85 на 61,5 евро. Се разбира, има исто помали верзии и од Kobo и Inkpad Pocketbook.

    Се надевам дека колку-толку нешто ти помогнав :).


    Патем, дали вие што користите Kindle некогаш сте додале дополнителни речници? Ако да, каде ги наоѓате, дали треба нешто посебно да е исполнето за документот со речникот и дали автоматски би ми го нудел во листата на речници или нема да ми го регистрира како таков?
     
    На emiliana, LivingGlam, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Е ова ти се вика истражувачки проект, семинарска накај магистерска теза :) Браво за трудот. 16 гига веројатно би биле малку за човек кој без посебен "осет" симнува и складира и аудио-книги, тие се погабаритни (како јас), а 8 се сосема доволни како меморија. Јас имам Kindle Paperwhite, го купив пред сигурно шест-седум години, да не го урочам, одлично работи, му ја цицаме крвта максимално. Може да отвара azw, mobi и pdf, светлото е бело точно, ама во темно го намалувам, на светло го појачувам и не ми пречи во читањето. На некои пдф фајлови може да им се подеси фонтот и да се засили бојата/контрастот на буквите, па сосема ок се читаат, не сум се заинтересирала која е разликата меѓу самиот формат, ама на некои книги тоа успева и фино се чита. Башка може да се врти, portrait/landscape и на тој начин појасно се гледаат поситни букви. Е сега за цената. 180 евра не се многу искрено, особено е добра инвестиција за оние кои работат со е-материјал кој е лудост да се печати, оние кои патуваат почесто и имаат потреба со себе да носат книги/документи, а немаат опција таблет/пц или пак за ептен ептен ќеифско читање. Јас сум во последниве и веројатно ако испушти душа моево Киндле, би ја земала во предвид твојава рецензија, фала ти :) Како не толку лоша опција за читање за оние кои имаат телефон, а можеби немаат средства за е-читач, на телефон ја користам апликацијата ReadEra, од сите што сум ги испробала, оваа засега се покажа ок.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека го имам овој, не ми е сега при рака да проверам, го купив од њемачки амазон пред шест-седум години мислам, 150 евра го платив (или долари). Сега нормално е поефтин, има и нови модели, нови брендови. Пишав и погоре, стварно беспрекорно работи, немам замерка.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    150 евра Пејпрвајт?
    Да не бил Оазис или уште еден имаше?
    Оти Пејпрвајт е околу 100 евра на Амазон секогаш... уствари имаат таму 3г и слично, може.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да да, околу 8 или 9 илјади денари у наши пари беше. Мојот Киндле има вифи, точно, затоа не сум сигурна дали е идентичен моделот од сликата, а не сум дома да проверам точно кој модел беше. Мада мислам дека тогаш кога го земав беше еден модел, ама не е чудо и да грешам. Е сега зошто има вифи, и зошто сум земала таков модел, не знам :) Тотално непотребно. Може бил единствен достапен тогаш.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    И мојот има Вифи, за мене најпотребно, на Киндл маилот си ги праќам книгите, ми се покажало наједноставно :)
    Има модели до 3г како сим картичка, свој интернет што имаат. :)
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ич не го ни уклучувам вифито, само еднаш кога го купив. Јас па трупам книги на пц, и неколку пати во годината го полнам. Најлесно ми е така. Она од што сум најзадоволна е секако батеријата. Ниту еден уред за читање книги (таблет,телефон,пц , што и да е) нема толкаво трајност на батеријата. Полниш и забораваш кога си ја наполнил. И после седум години, исто работи. Стварно подобра инвестиција од техника не сум имала.
     
    На Elen4e_sonce и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    10.193
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, некој ако знае да ме управи, ми треба малку помош со Киндлов.
    Ставав нови книги, и дел од нив во насловите ми излегуваат така мешано букви со бројки, а дел од книгите не ги ни отвара. Симнати ми се во пдф формат и потоа ги конвертирав во az3. Пробав сега да го преправам дел од насловите но не ми успеа.
    Не знам што друго да пробам. 8-| 107085622_838468866683021_1121942152426493871_n.jpg
     
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Nema potreba da gi konvertiras preku dr program, samo prati gi knigite na I tvojata kindle adresa I vo subject pisi convert, I nema da imas nikakov problem, na meil ke ti stigne povraten meil da verifikuvas deka treba da se konvertiraat koga ke kliknes na toa potoa avtomatski ke ti se ptefrlat na kindlot konvertirani.
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Ако те сфаќам добро, кога ги конвертираш и спушташ на компјутер, го покажува нормалното име на книгата, а кога ќе ги префрлиш на Kindle ти го покажува ова име? Или ова ти го покажува и на компјутер? Ако е плус и на компјутер, пробај со друга страна за конвертирање, можеби до тоа е.

    Можеш да направиш и како што ти кажа @macalavica. Јас лично само во MOBI сум конвертирала, не ми се правело вака, па ако сакаш и вака пробај.
     
    Последна измена: 5 јули 2020
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Кога ќе конвертираш во Calibre, имаш поле за наслов, пополни го.
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Девојки од каде кај нас ги купувате киндлсот?
    Да можев би нарачала преку амазон ама нема достава до кај нас. А друга онлајн опција не знам дали има.
    Дали само во анхоч ги има? Гледам paperwhite-от е околу 8980 денари а има и некои поефтини верзии за 3,880 и 5,980 денари. И не знам кој да го земам искрено
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Кај нас само Анхоч, и за жал доста скапи се, ама таков е трендот со сите амерички производи кај нас.
    Земи го Пејпрвајт, нема да погрешиш :)
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.