Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Е-читач

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 22 март 2012.

  1. Jane Lane

    Jane Lane Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има lockscreen cover опцијата на киндл?
     
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Откако ми се updaтираше киндлот имам проблем со префрлање на книги, значи преку кабелче си ги ставам моби filles и никако не ми ги чита во library. Пробав и преку меил праќање исто. Само како пдф ги прима, а ме нервираат така зошто целата страна се зумира кога пробувам да ги зголемам буквите. Има некој со сличен проблем? До сега најнормално си префрлав не знам зошто сега вака...
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да пробаш една од моби да конвертираш во azw. формат да видиш дали ќе има промена. Понекогаш и мене не ми чита моби, може да зависи од тоа како се конвертирани.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Фала ти многууу, функционира вака :hug::hug:
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Сака? Ете значи, вероватно е нешто до форматот, иако моби би требало да функционира. Битно успешно :)
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  6. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Имам размислувано за е читач. Доста книги што сакам да ги прочитам ги нема у библиотека, а сепак не се евтини да си дозволувам често. Имам гледано на Амазон ама не доставуват до тука обично. Знам дека имат некои модели у Анхоч, Сетек можеби ама не знам дали вредат. Освен за меморија и светлина нешто што друго се гледа кога се зима киндл?
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Во Анхоч имаше до пред некое време баш Киндл. Јас имам модел пејпервајт, светлината се подесува и има тач скрин, без дугмиња, значи движиш со прсти како на телефон. Најмногу го зедов поради можноста светлоста да се подесува, мислам дека тоа е главната разлика. Го користат и моите, најмногу поради нив земав со можност за подесување светлина и фонт. Инаку ако немаш многу на располагање буџет или пак не сакаш едноставно да даваш многу пари, основната верзија е исто сосема ок. Батерија држи одлично, тоа е аспект од кој сум многу задоволна, и еве да не урочам, после 6-7 години (можеби?) работи ко саат. Ако имаш доста за читање, учење, дефинитивно вреди, особено споредено со фактот дека многу достапна литература има за симнување бесплатно, така што инвестицијата се исплати.
     
    На crimson, warrior и La Stilla им се допаѓа ова.
  8. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    И доста е практичен, со оглед на тоас што лесно се држи в рака и се подесува големината на буквите. Книгите со англиски превод, печатените се со многу ситни букви, очобол ми се. Гутенберг и менибукс се полни со квалитетна литература класична.
     
    На warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    За практичноста ни збор. Фонтот е супер што се подесува, не знам на основната верзија дали има таква опција. А за ситните букви, најмногу зависи од форматот во кој/од кој е конвертирана книгата. Јас понекогаш и во landscape читам. Ама реално, најприближно е со печатена книга.
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Пред да купам Киндл велев што глупост е ова?

    Лани го најдов на попуст пејпервајт и многу сум задоволна. За претплата од 400 денари месечно можам са читам се што сакам. Не е ефтино ич, но повеќе пари давав порано за книги.

    Плус често се селам, и ме мрзи да ги макнам книгите со мене. Дури ни за одмор.

    Најубавото ми е што многу ми помага во учење странски јазици. Го одбираш зборот и автоматски ти дава превод или објаснување, дури може и да го снимиш.

    За батерија држи цела недела ако читам постојано, ако не, стои цел месец.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    5.210
    7AD1A98C-AD13-43A3-B12C-ACBB363AACC5.jpeg
    Здраво, ми треба е-читач за учење од пдф формат книги, дали би ми вршел овој работа?
    Ми треба да е лесен, да можам да го држам со една рака и да не ми ги замара очите навечер.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Го немам мојот при рака, веројатно не е од понова генерација (не знам која е, ама е paperwhite), светлото му се подесува и да, воопшто не пречи на очи. Но, барем мене, ова вифито ми е сасвим непотребно, книгите и материјалите си ги префлав директно од компјутер или од надворешен харддиск и апсолутно ми е непотребно цицање батерија. Црно-бело е, тешко да ти послужи за сурфање, освен ако немаш друга направија со која се поврзуваш на интернет. Ако смеам да предложам, зависи како, што и колку учиш, за учење и работа (која мене ми е поврзана со учење), особено ако имаш потреба да пишуваш прибелешки и да подвлекуваш, тогаш инвестиција се таблети со пенкало или поефтината варијанта, графички таблет кој ќе го поврзеш со компјутер. Инаку, киндлето си е чиста десетка.
     
    На Annath и Autumn Love им се допаѓа ова.
  13. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    5.210
    Ова вифи воопшто не ми значи дали ќе го има, книгите планирам да ги префрлам од лаптоп. Пробав да читам од телефон ама ем ситни букви, ем светлово замара очи.
    Иначе слободно предложи ми и други модели на таблети, Киндлево онака ми текна ко опција, прочитав овде paperwhite и овој модел го видов достапен во Анхоч, затоа баш за него прашав.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    @Autumn Love за какви точно книги во пдф станува збор, за e-books или обични скрипти?

    Ако се електронски книги, тогаш топ опција ти е Киндл.
    А пдф како пдф, Киндлот не ги чита баш како останатите верзии на електронски книги, туку чудно некако ко слики (цела страница ја дава со ситен фонт кој не може да се прилагоди дополнително), не се прилагодува овој формат добро, не одговара баш да се чита пдф на толку мал екран.
    Кај Киндлот најмногу одговараат книги во epub, mobi, azw.

    Ако се работи за обични пдф документи, скрипти, книги кои не се е-книги, тогаш подобра опција можеби е таблет. Затоа што, дури и ако употребиш конвертер кој ќе ти ги претвори пдф фајловите во epub, mobi, итн, конверзијата нема да биде баш добра и ќе ти штрчат во сред текст бројки од страници, раштракани поднаслови, доста незгодно е за учење кога текстот е вака раштиман.

    Доколку се работи за електронски книги, тогаш немаш простор за грижа, супер ќе си бидат за Киндл.
     
    На Annath, Autumn Love и crimson им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јас сум користела Ејпл и во моментов Самсунг Галакси S6 (лајт мислам единствениот кој оди со пенкало), ејпл се прилично скапи, Самсунгот беше 20тина илјади, исто така не е баш најефтино, најмногу зависи од употребата, јас имам потреба многу да читам и уште повеќе да пишувам и се навикнав години наназад на дигитални белешки. Киндле не знам дали има paperwhite модел без вифи, не знам што им требало да го убацат, не ми е јасно.
    @Mishela е делумно во прво, киндл знае малку чудно да ги чита пдф фајловите, јас или ги конвертирам во моби, авз или мислам дека има опција да ги читаш како landscape и да го зголемиш фонтот на буквите. За читање предност му давам на киндл, за тоа е направен најмногу поради светлото, а за белешки и читање на таблет. Зависи најмногу од твојата потреба. Јас ете и од ќеиф и од потреба, ги имам и двете.
     
    На Annath и Autumn Love им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    По ново Киндл не поддржува моби, ама поддржува епуб.

    Иначе јас вифи баш користам, сите книги ги праќам со опцијата send to kindle.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    За да купуваш книги од продавницата директно од Киндл; или како мене да си праќаш книги :)
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Само преку мејл не може да се праќаат моби фајлови, но супер си функционираат кога ги префрлаш преку кабелот. Сите книги си ги префрлам преку усб. Мејлот во краен случај го користам само, ептен ако ми треба нешто итно.
    А ви-фи ми е одлична опција за сите книги што си ги префрлам од Амазон, Нетгалеј итн.
     
    На Annath, CameliaMiller и crimson им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Искрено, пошто сум опсесивно-компулсивна во врска со купување книги, откако купив е-читач, имам договор сама со себе, купувам само наши автори (хард копи или преку книготека), сѐ друго симнувам фри оф чарџ, особено стручна литература (среќа што ја има доста). Користам само кабел. Некако ми е вишок, ама ете, си му нашла намена :)
     
    На Annath, CameliaMiller и crimson им се допаѓа ова.
  20. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    5.210
    @Abel @Mishela книгиве што ги имам се баш пдф формат. Не се скрипти или скенирани книги туку оригинал издадени пдф верзии, ваљда ме сфаќате :D.
    Таблет го скокнав во глава ко опција бидејќи ми е како голем телефон, ем тежок ем замара очи. Порано учев од лаптоп, ама сега со бебе ми е малку комплицирано така.
    Но штом велите дека киндл не е за пдф ќе ве послушам и ќе барам таблет.
    Фала ви :f:.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.