На Амазон, во пребарувачот напиши free kindle books и ќе излезат многу. Меѓутоа, од мое искуство, ретко која од овие се покажала добра. Повеќето се романси некои и трилерчиња, прилично комерцијална литература, од некои автори кои тек се пробиваат или слично. Се начекува на периоди и нешто од посолидни автори, ама ретко скроз бесплатно. Има бесплатни класици, само внимавај и гледај колку страници има (проверувај на Гудридс за тоа конкретно издание) за да не симнеш некоја скратена верзија. А за префрлање, јас си префрлам книги преку кабелот. Не можам да се замарам со мејл и слични работи, ви-фи на Киндл ми е исклучен зашто ме нервира, во airplane mode го држам најчесто. Ретко го пуштам ако треба да си префрлам некоја книга од Амазон. Си ги симнувам книгите од ocean of pdf сајтот (epub формат) на компјутер и ги префрлам во фолдерот documents на Киндлот. Ако не сака да ти ги чита epub фајловите, конвертирај ги онлајн (има бесплатни сајтови за конвертирање) во mobi или azw3. Btw, честитки за Киндлот и среќно читање!
Ќе се тргнат со тек на време, ќе се појавува стандардниот wallpaper или како веќе да го кажам. И кај мене е исклучен нетот, само одвреме на време го вклучувам заради update. И после тоа некое време се појавуваат реклами, после ги снемува. Иначе ќе си го икслучуваш читачот кога не го користиш, на screen off. Еве јас периодов читам книги, физички, киндлот ми е на пауза додека да ги испрочитам сите што ги имам купено. Е сега, за симнување книги - зависи и каква литература сакаш да читаш. Ocean of PDF ти е одличен избор, ако немаш таму соодветен формат, за конвертирање на компјутер Calibre ти е супер апликација.
Мислам дека се доплаќа за да ги тргнат рекламите, а низ книжевни групи кружеше и некој совет како да ги тргнеш бесплатно. Некој мејл мислам се праќаше до амазон со одреден текст, па демек успевало и ги тргнувале рекламите. Прочачкај на нет за ова подетално, јас никогаш не пробав да ги тргнам, киндлот ми е во футрола на преклоп и успешно ги игнорирам така зашто не се ни гледаат кога е поклопена футролата.
Јас си купив футрола од Алиекспрес минатата година во септември, оти кај нас нема за Киндл. Ептен ми е погодена, треба да знаеш што генерација ти е читачот за да погодиш димензии, да биде таман. Заштитно стакло немам, оти реално нема потреба ако имаш футрола. Оваа футрола ја имам, сива боја. За претходниот читач што го имав, исто Киндл, порачав футрола од Амазон (имаше достава во Мк тој продавач), ама беше голема, не одговараше бидејќи јас ја утнав по димензии, па морав рачно да го вклучувам, што не е случај со овој сега што го имам, се вклучува на секое отворање на футролата.
Немаш потреба од заштитно стакло, истиот модел на Киндл го имам и јас и решив да не ставам заштитна фолија/стакло. Имав на претходниот Киндл и повеќе ми сметаше само. Футрола имам на преклоп и ептен препорачувам таков тип на футролки. Класична црна некоја од e-bay ја нарачав и задоволна сум многу. Мене најбитно ми е да не е пластична (погруби се за вадење и мнооогу лесно се поткршуваат кај аглите пластичниве), и да не е од оние како поставка, во кои киндлот влегува како слип ин - така со влечење му се оштетува гумираниот граничник околу екранот. Купив со силиконска, мека позадина и секогаш сакам да има преклоп напред, за да можам без гајле да си го носам со мене низ ташни и ранци. Така не ми ни треба фолија на екранот, позаштитен е со тоа што си има преклоп. Вака нешто отприлика: Ќе побарам во компјутер, ако сè уште го има ќе постнам линк доколку не можеш да си најдеш.
Според мене нема никаква потреба од заштитно стакло ако веќе имаш футрола на преклоп. Скроз ти го заштитува киндлот, сум го ставала и по ранци и торби и не се оштетил никогаш. Јас ја нарачав од Амазон преку другарка во Австрија, случајно така се погоди ама сигурно има и на тему, алиекспрес.